Пограничните региони на Македонија и на Албанија започнаа проект со кој ќе се обучуваат млади од двете држави како побрзо да дојдат до работа.
Пограничните региони на Република Македонија и Република Албанија имаат нагласени проблеми со невработеноста, а процесите на миграција се мошне слични. И по завршувањето на факултет младите остануваат без работа. Со цел да се помогне во намалувањето на невработеноста Стопанската комора за северозападна Македонија, институтот Преди од Македонија и фондацијата Спринг од Албанија ја започнаа реализацијата на проектот „Јакнење на младите и генерирање на вработувањето“, со кој ќе се обучуваат млади од двете држави како побрзо да дојдат до работа.
„Овој проект има прекуграничен карактер, а бенефит ќе имаат младите од пограничните региони Дибра од Албанија и од северозападниот регион на Македонија, општините Дебар, Струга и Тетово. Проектот е фокусиран на млади од 18 до 25 години возраст кои завршиле средно образование и оние кои завршиле факултети, а немаат работа“, вели претставникот на Институтот Преда Филип Секуловски.
Менаџерот на проектот, Грамоз Шабани подвлекува дека со обуките младите од Македонија и Албанија ќе бидат поспособни да си обезбедат работа.
„Со проектот за меѓугранична соработка на Македонија и Албанија ќе бидат опфатени 150 млади од двете држави, со цел тие да се оспособат за да се снајдат подобро на пазарот на трудот. Ќе има шест различни обуки кои тоа ќе им го овозможат“, нагласува Шабани.
Координаторката на овој проект што го финансира ИПА Програмата на ЕУ за Албанија претставник на Спринг, Аунеда Штефан, истакнува дека и албанскиот пограничен регион ги има истите проблеми со македонскиот пограничен регион во однос на социјалната позиција на младите.
„Проблемите со невработеноста како во Албанија, така и во Македонија, но и во Косово и Црна Гора се исти. Станува збор за држави кои имаа друг систем, а процесите на транзиција траат многу подолго од колку што треба. Тие процеси се многу долги во споредба со некои други европски држави кои исто така имаа социјалистички системи. Младите имаат исти проблеми со невработеноста и обезбедувањето на работа оди тешко. Затоа добро е тоа што проблемите ги решаваме заедно“, вели претставничката на Албанија, Ануеда Штефан.
Покрај другото општа цел на оваа активност е промоцијата на партнерство меѓу невладиниот сектор, локалната и централната власт во разни сфери од животот, со цел да се постигне општествена кохезија кај младата генерација преку образованието и вработувањето.
Проектот е фокусиран на млади од 18 до 25 години возраст кои завршиле средно образование и оние кои завршиле факултети, а немаат работа.Филип Секуловски, Институт Преда.
„Овој проект има прекуграничен карактер, а бенефит ќе имаат младите од пограничните региони Дибра од Албанија и од северозападниот регион на Македонија, општините Дебар, Струга и Тетово. Проектот е фокусиран на млади од 18 до 25 години возраст кои завршиле средно образование и оние кои завршиле факултети, а немаат работа“, вели претставникот на Институтот Преда Филип Секуловски.
Менаџерот на проектот, Грамоз Шабани подвлекува дека со обуките младите од Македонија и Албанија ќе бидат поспособни да си обезбедат работа.
„Со проектот за меѓугранична соработка на Македонија и Албанија ќе бидат опфатени 150 млади од двете држави, со цел тие да се оспособат за да се снајдат подобро на пазарот на трудот. Ќе има шест различни обуки кои тоа ќе им го овозможат“, нагласува Шабани.
Проблемите со невработеноста како во Албанија така и во Македонија, но и во Косово и Црна Гора се исти.Ануеда Штефан, Фондација Спринг од Албанија.