Во последните три години, според податоците на Агенцијата за вработување, бројот на невработени е намален за 100 илјади, додека, пак, според бројките од Државниот завод за статистика, во истиот период се вработени само 40 илјади луѓе. Директорот на агенцијата Влатко Поповски, во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе биде објавено в недела, изјави дека причините за таквата голема разлика ги гледа во сивата економија и нередовното пријавување на граѓаните кои се невработени во Агенцијата со што за него тоа укажува на фактот дека тие луѓе се веќе некаде вработени.
„Тие лица се лица кои што не се пријавени редовно, тие најверојатно се во оној сектор што го спомнавме претходно, дека се вработени некаде, односно се работно ангажирани, дали за сопствени потреби или за друг работодавач. Тука треба да се воведе малку поголема контрола од сите оние инспекциски служби кои што постојат во Македонија за работодавачите да сфатат дека работниците мора да бидат пријавени. Голем дел од лицата, кои како што може да видите од самата статистика, се околу 170 илјади граѓани во сивата економија вработени. Значи онаа вкупна бројка на вработени, значи редовно вработени со М1 што се сносат, според анкетата на вработени, значи околу 170 илјади излегува дека се во сивата економија.“
Професор Здравко Савески, кој е активист во Левичарското движење Солидарност, вели дека агенцијата ги користи сите законски основи за што повеќе на административен начин да избрише невработени, а тоа укажува дека главната цел на Владата и на Агенцијата е да даде нереално ниска бројка на невработени лица.
„Секоја здрава логика кажува дека ако за три години имате 100 илјади невработени помалку, тогаш тоа не може, едноставно не може да не резултира со економски бум на земјата. Секој здраворазумски граѓанин на Македонија гледа дека не се соочуваме со економски бум, туку со рецесија.“
На обвинувањата дека агенцијата вештачки ги брише невработените, Поповски одговара дека на нивните шалтери нема повеќе работа и гужви како порано и дека сè помалку луѓе се пријавуваат со што за него тоа укажува дека бројот на вработени се зголемува, а не се намалува.
„Нè обвинуваат дека ги бришеме и така натака. Точно така, ама ако ви кажам дека само 8 проценти од нив се пожалиле, изразиле негодување од вкупната бројка, значи некаде од 100-тина илјади решенија, а имаме само 8 проценти жалби и приговори на нив, да не зборуваме повеќе, значи се гледа колкава е нивната активност.“
Савески вели дека не го негира постоењето на феноменот „сива економија“, но тврди дека бројот на невработени во изминатиов период се зголемува.
„Не е повисока евидентираната невработеност од реалната, туку обратно, реалната невработеност е повисока од евидентираната на Агенцијата за вработување. Тоа се должи на драстичното бришење на невработени од списокот на невработени лица на Агенцијата за вработување.“
Според податоците на агенцијата, со последната пререгистрација на невработените во Македонија има 240 илјади невработени од кои 103 илјади се пријавиле како активни баратели на работа, додека, пак, 129 се декларирале како пасивни невработени лица.
Тие лица се лица кои што не се пријавени редовно, тие најверојатно се во оној сектор што го спомнавме претходно, дека се вработени некаде, односно се работно ангажирани, дали за сопствени потреби или за друг работодавач. Тука треба да се воведе малку поголема контрола од сите оние инспекциски служби кои што постојат во Македонија за работодавачите да сфатат дека работниците мора да бидат пријавени.Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.
„Тие лица се лица кои што не се пријавени редовно, тие најверојатно се во оној сектор што го спомнавме претходно, дека се вработени некаде, односно се работно ангажирани, дали за сопствени потреби или за друг работодавач. Тука треба да се воведе малку поголема контрола од сите оние инспекциски служби кои што постојат во Македонија за работодавачите да сфатат дека работниците мора да бидат пријавени. Голем дел од лицата, кои како што може да видите од самата статистика, се околу 170 илјади граѓани во сивата економија вработени. Значи онаа вкупна бројка на вработени, значи редовно вработени со М1 што се сносат, според анкетата на вработени, значи околу 170 илјади излегува дека се во сивата економија.“
Професор Здравко Савески, кој е активист во Левичарското движење Солидарност, вели дека агенцијата ги користи сите законски основи за што повеќе на административен начин да избрише невработени, а тоа укажува дека главната цел на Владата и на Агенцијата е да даде нереално ниска бројка на невработени лица.
Секоја здрава логика кажува дека ако за три години имате 100 илјади невработени помалку, тогаш тоа не може, едноставно не може да не резултира со економски бум на земјата. Секој здраворазумски граѓанин на Македонија гледа дека не се соочуваме со економски бум, туку со рецесија.Здравко Савески, универзитетски професор, левичарски активист.