Прилепските текстилни велат дека нелојалната конкуренција, при увоз на кинеска и индиска стока е еден од нивните најголеми проблеми. Тие бараат Владата да преземе мерки против тоа.
Прилепските текстилни фирми бараат Владата да преземе мерки со кои ако не се стопира, барем ќе се ублажи проблемот со нелојалната конкуренција, при увоз на кинеска и индиска стока, која на домашниот пазар се продава по дампинг цени, а голем дел од производите не се ниту евидентирани кај трговците. Ова е најголем меѓу бројните проблеми со кои се соочуваат текстилците.
„Нелојалната конкуренција од кинескиот, индискиот пазар е присутна насекаде, тоа е причина од намалено производство на европските производители на текстил. Решение има од страна на Владата во заострување на увозните царински давачки, при увоз на контингент кинеска стока која се провлекува без царинска бариера, регуларно“, вели Благоја Конески, претседател на прилепската Секција на текстилци, која функционира во рамки на Регионалната стопанска комора.
Текстилците посочуваат и на проблемите со недостиг од работа, во период меѓу сезона, пролет-лето и есен-зима, кога некои текстилни фирми дури и цел месец остануваат без порачки. Принудени се за тоа време да ги покриваат сите трошоци, вклучувајќи ги и големите давачки за плати и придонеси за вработените, кои не доаѓаат на работа. Затоа работодавците бараат ослободување од плаќање на овие давачки во тој вакум простор. За трајно решавање на ваквите проблеми, сметаат од Секцијата, неоходно е оние со лон
да се трансформираат кон сопствено производство.
„Во старт година дена од напред треба да се финансира сопственото производство, за после неколку месеци да почнат да стигнуваат приходи. Поголемите капацитети бараат огромни инвестиции. Тука има некои поволни кредити од европската банка, па кога би се појавил ваков начин на размислување за трансформација во сопствено производство во текстилот, нема да биде доволно, па треба да излезат пресрет домашните кредитори-банки“, оценува Конески.
А, за опстанок и развој на овие фирми, неоходен е и стимул од државата.
„Стимулации во смисла на субвенција слична на земјоделството,значи за сопствен производ субвенции во вид на стимул на продадена единица производ, како во земјоделството или тутунопроизводството, како би се стимулирале поголем број на работодавачи да се трансформираат во сопствено производство, не само за македонскиот, туку и за европскиот пазар“, истакнува Конески.
Според него, нема најави дека во моментов странските партнери би ги прекинале договорите и соработката. До крајот на август трае производната сезона, сите капацитети работат добро. Сепак кај работодавците е присутен стравот и несигурноста од странските партнери. Според прогнозите на добро упатените, се до влезот на Македонија во Европска унија, ќе опстанува оваа гранка. Од една страна затоа што животниот стандард во државата е низок, а од друга бидејќи не се појавиле се уште подоходовни гранки, кои ќе ја ангажираат масовно женската работна сила.
Нелојалната конкуренција од кинескиот, индискиот пазар е присутна насекаде, тоа е причина од намалено производство на европските производители на текстил. Решение има од страна на Владата во заострување на увозните царински давачки, при увоз на контингент кинеска стока која се провлекува без царинска бариера, регуларно.Благоја Конески, претседател на прилепската Секција на текстилци.
„Нелојалната конкуренција од кинескиот, индискиот пазар е присутна насекаде, тоа е причина од намалено производство на европските производители на текстил. Решение има од страна на Владата во заострување на увозните царински давачки, при увоз на контингент кинеска стока која се провлекува без царинска бариера, регуларно“, вели Благоја Конески, претседател на прилепската Секција на текстилци, која функционира во рамки на Регионалната стопанска комора.
Текстилците посочуваат и на проблемите со недостиг од работа, во период меѓу сезона, пролет-лето и есен-зима, кога некои текстилни фирми дури и цел месец остануваат без порачки. Принудени се за тоа време да ги покриваат сите трошоци, вклучувајќи ги и големите давачки за плати и придонеси за вработените, кои не доаѓаат на работа. Затоа работодавците бараат ослободување од плаќање на овие давачки во тој вакум простор. За трајно решавање на ваквите проблеми, сметаат од Секцијата, неоходно е оние со лон
Стимулации во смисла на субвенција слична на земјоделството,значи за сопствен производ субвенции во вид на стимул на продадена единица производ, како во земјоделството или тутунопроизводството, како би се стимулирале поголем број на работодавачи да се трансформираат во сопствено производство, не само за македонскиот, туку и за европскиот пазар.Благоја Конески, претседател на прилепската Секција на текстилци.