Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон е во посета на Македонија. Целта на посетата е да биде изворно информиран и да размени мислења за актуелностите во земјата во пресрет на разгледувањето на извештајот за Македонија.
Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон на првиот ден од посетата во земјава се сретна со претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски и со координаторите на пратеничките групи. Мињон не даде изјави за медиумите по средбите, но според членот на делегацијата за соработка со советот Александар Николовски, претседателот на Парламентарното Собрание започнува нова пракса со посетата на земјава.
„И тоа првпат го прави со Македонија и тоа е еден навистина историски чин во рамки на Советот на Европа. Неговата цел е пред да оди извештајот на пленарна сесија и таму да се дискутира, заеднички да се усогласи меѓу него и делегацијата на конкретната земја и ние тоа сега го правевме, имавме речиси двочасовна средба меѓу делегацијата и координаторите на пратеничките групи од една страна и неговиот тим и лично тој и дискутиравме за одредени аспекти од извештајот.“
Не можам да навлегувам во детали, но сметам дека следниот извештај ќе носи позитивен дух во односите меѓу Македонија и Советот на Европа, додава Николовски.
„Секако има и области во кои Република Македонија е критикувана, впрочем никаде состојбата не е совршена, не е ни кај нас. Тие забелешки ќе бидат земени сериозно и на нив и Собранието, а се надевам и останатите институции на коишто се однесуваат ќе работат сериозно се со цел да бидат надминати.“
По средбата од Кабинетот на Вељаноски соопштија дека Вељаноски и Мињон разговарале за актуелната политичка состојба, за завршените локални избори, имплементацијата на Рамковниот договор.
Предвидено е Мињон да се обрати пред пратениците во Собранието во рамки на 63-та седница. Пред пристигнувањето во Македонија претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа изјави дека посетата е со цел тој лично да го констатира она што стои во извештајот за постмониторинг дијалогот, пред неговото разгледување на пленарна сесија. На прашањето кои пораки ќе им ги пренесе на соговорниците во Македонија, Жан-Клод Мињон одговори дека тие најмногу се однесуваат на коментарите содржани во извештајот за постмониторинг дијалогот.
„Има нешта кои се добри, има реформи кои се водени побрзо од другите, оваа земја „поранешна југословенска Република Македонија“ треба да одговори скрупулозно на сите обврски кои ги има преземено со членството во Советот на Европа“ рече Мињон пред посетата.
На агендата на Претседателот на Парламентарното Собрание се најдоа и средби со премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов.
На средбата меѓу претседателот Иванов и неговиот гостин Мињон, двајцата соговорници размениле мислење за досегашниот ангажман на Република Македонија во работата на институциите на Советот на Европа, како и за учеството во реализацијата на иницијативи и проекти од долгорочен интерес за земјава и регионот, соопштуваат од Кабинетот на претседателот. Во соопштението се наведува дека претседателот на ПССЕ истакнал оти целта на посетата е да биде изворно информиран и да размени мислења за актуелностите во земјата во пресрет на разгледувањето на извештајот за Македонија. Тој изјавил дека Советот на Европа и Парламентарното собрание и натаму ќе ја поддржуваат Македонија во реформските процеси и во напорите за целосна интеграција на земјата во ЕУ, стои во соопштението.
Има нешта кои се добри, има реформи кои се водени побрзо од другите, оваа земја „поранешна југословенска Република Македонија“ треба да одговори скрупулозно на сите обврски кои ги има преземено со членството во Советот на Европа.Жан Клод Мињон, претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа.
„И тоа првпат го прави со Македонија и тоа е еден навистина историски чин во рамки на Советот на Европа. Неговата цел е пред да оди извештајот на пленарна сесија и таму да се дискутира, заеднички да се усогласи меѓу него и делегацијата на конкретната земја и ние тоа сега го правевме, имавме речиси двочасовна средба меѓу делегацијата и координаторите на пратеничките групи од една страна и неговиот тим и лично тој и дискутиравме за одредени аспекти од извештајот.“
Не можам да навлегувам во детали, но сметам дека следниот извештај ќе носи позитивен дух во односите меѓу Македонија и Советот на Европа, додава Николовски.
Секако има и области во кои Република Македонија е критикувана, впрочем никаде состојбата не е совршена, не е ни кај нас. Тие забелешки ќе бидат земени сериозно и на нив и Собранието, а се надевам и останатите институции на коишто се однесуваат ќе работат сериозно се со цел да бидат надминати.Александар Николовски, членот на делегацијата за соработка со советот.