Изборот на Зоран Заев за нов претседател на СДСМ е предмет на анализа во домашните неделници.
Република - Од Струмица преку Бихаќка до Илинденска, втор обид
„Од Струмица преку Бихаќка до Илинденска, втор обид“ - вака е насловена анализата во Република по изборот на Зоран Заев за претседател на СДСМ. Без разлика дали ќе трае шест месеци или шест години, Заев е најновиот херој на македонската политичка сцена, пишува авторот. Па образложува: Не поради тоа што стана лидер на сè уште најголемата опозициска партија, ниту поради тоа што освои најголем број од гласовите на конгресот на СДСМ и победи уште во првиот круг. Туку, пред сè, затоа што успеа да му каже „не“ на Бранко Црвенковски, макар тоа и да е само за пред јавноста, смета Република. Но во исто време, неделникот предвидува дека извесниот пораз со кој ќе се соочи СДСМ ако има предвремени парламентарни избори, оваа есен или на пролет, за што сè повеќе и погласно се зборува во политичките кулоари, и ако Заев - Шеќеринска не реагираат брзо и ефикасно, ќе биде одлична шанса за нова интервенција на вечниот спасител, нагаѓа Република.
Капитал - На потег е Заев... И особено Црвенковски
Капитал, пак, оди со коментар: „На потег е Заев... И особено Црвенковски“ - за да напише дека Црвенковски не може да докаже дека искрено посакува успешен СДСМ, ако не го стави целото свое влијание во служба на новиот лидер, претворајќи го Заев во фактор број еден, барем во однос на блиската иднина на партијата. За Заев, пак, ќе биде пресудно со каква решителност, односно брзина и ефективност ќе ги преземе уздите на партијата, зашто одредени медиуми и експерти веќе почнаа да го поставуваат прашањето, не без основа - дали ВМРО-ДПМНЕ ќе му остави доволно време за прегрупирање пред да го предизвика со предвремени парламентарни избори, кои, јасно е, Заев не би требало да ги изгуби ако не сака да се соочи со ново прашање, овој пат на неговите сопартијци (барем на еден значаен дел од нив), кое би гласело: ако нема резултати зошто го сменивме Бранко? - анализира Капитал.
Глобус - Праисторија на примитивното
Една од редовните колумни во он-лајн магазинот Глобус е посветена на античко-барокната панаѓур држава, како што пишува авторот, и на медиумите и на новинарите, и е со наслов: „ Праисторија на примитивното“. Примитивна, панаѓурска забава има само за владетелот/ите и за нивните слепи следбеници и подоопашници. Сите други, што поради закани и присила, што поради немоќ, се принудени да живеат во примитивен панаѓурски безизлез. Медиумите и новинарите што играат на решето беа и се под покровителство на владетелот и газдите, но апсењето на еден новинар значително ги смени работите во резерватот. Апсењето на новинарот носи повеќе од јасна порака, поточно закана. Спектакуларното апсење на новинарот со масовно учество на специјалната полиција е сосема јасно предупредување... и сосема логичен след на настаните што последниве години се случуваат со новинарството и медиумите, пишува покрај другото Глобус.
Заев е најновиот херој на македонската политичка сцена. Не поради тоа што стана лидер на сè уште најголемата опозициска партија, ниту поради тоа што освои најголем број од гласовите на конгресот на СДСМ и победи уште во првиот круг. Туку, пред сè, затоа што успеа да му каже „не“ на Бранко Црвенковски, макар тоа и да е само за пред јавноста.Република
Црвенковски не може да докаже дека искрено посакува успешен СДСМ, ако не го стави целото свое влијание во служба на новиот лидер, претворајќи го Заев во фактор број еден, барем во однос на блиската иднина на партијата.Капитал.