Студентскиот парламент - Камен темелник на силната студентска организација

Кирил Спироски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ако избраниот лидер е апатичен и незаинтересиран, зошто би бил и јас. Вакви и слични максими го демнат македонскиот студент и го обесхрабруваат да биде дел од каква било организација која работи во негов интерес. Затоа се решивме, јас со мојот способен тим да направиме реформа. Да излеземе од мракот на минатото и да го удриме темелот на нова ера во студентското организирање, пишува претседателот на СПУКМ Кирил Спироски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Студентското движење во Македонија е еклатантен пример во светот за неорганизираност и апатичност. Студентите секогаш и секаде во светот биле и се авангардата на општеството и двигател на општествените процеси и промени. Македонија не е исклучок од овие светски примери, но тука периодично постојат тектонски поместувања во колективната свест на оваа група млади луѓе.
Нашите студенти, попрво би биле членови на невладин сектор или политичка партија, одошто да се обединат заради своите цели и своите права во рамките и под капата на еден лидер или една организација. Секако дека не може да им се суди, бидејќи демократијата и слободата на избор им го дозволува тој „луксуз“.

Секојдневните примери од животот на еден студент во Македонија се доволен показател и без никакви пошироки истражувања да се увиди дека единството по основ „колега“ е непостоечка категорија. Нашите студенти, попрво би биле членови на невладин сектор или политичка партија, одошто да се обединат заради своите цели и своите права во рамките и под капата на еден лидер или една организација. Секако дека не може да им се суди, бидејќи демократијата и слободата на избор им го дозволува тој „луксуз“.

Многумина од нив сакаат да го минат полесниот или побезболниот пат до успехот и се решаваат да бидат осамени и да се борат со конкуренцијата на факултетот. Неколкупати сум напоменал дека за оваа апатија не се криви политичките партии. Тие успеале своето влијание и политика да го наметнат кај младиот човек, кој сè уште е невин набљудувач, чист и чесен. Не се криви, затоа што сум убеден дека младиот човек, побргу би се залетал кон она во што верува отколку по она од што може да добие бенефит. Заради последнава моја мисла, ги ставам младите студенти во центарот на вниманието и покрај апатијата сум убеден дека промена и тоа како може да се направи.

Одам понатаму. Единствениот легитимен претставник на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е Студентскиот парламент на УКИМ, кој како чадор организација ги обединува матичните Студентски парламенти по факултетите. Секогаш болна точка е кога треба да зборуваш за „твоето“ или кога истото треба да го искритикуваш. Дојдов на чело на организација која во себе сочинува голем потенцијал, огромна лоби моќ и претставува вистински тест за лидерски способности. Кога напишав потенцијал, не мислев дека истиот и доволно се користел, но тоа е тема за која немам намера да пишувам. Од една страна апатични и незаинтересирани студенти, а од друга страна сила која може да ја закочи работата на Универзитетот. Но за да не се сатанизира намерата и целта за ова со силата и кочењето на Универзитетот, академски ќе се изразам и ќе напишам дека од едната страна се професорите, а од другата страна постои СПУКМ, како еднаква членка со останатите членки на УКИМ(како што се факултетите и институтите) и сите ние сме заедно заради и поради студентите.
Ако избраниот лидер е апатичен и незаинтересиран, зошто би бил и јас. Вакви и слични максими го демнат македонскиот студент и го обесхрабруваат да биде дел од каква било организација која работи во негов интерес. Затоа се решивме, јас со мојот способен тим да направиме реформа. Да излеземе од мракот на минатото и да го удриме темелот на нова ера во студентското организирање.

Вака сè изгледа дека е во ред и според прописи и правила, но тука се соочуваме со проблемот. Покрај тоа што легитимните претставници се грижеле за бирократските грижи на студентите, ги штителе интересите на студентите на Наставно-научните совети и управите, организирале апсолвентски вечери и со текот на времето останала само бирократијата и тезгата. Вината не ја посочувам во никој, но јас знам каде лежи проблемот и каде е изворот на апатија. Изворот на апатија, недоверба и незаинтересираност е во тоа што студентите немаат избор и не се поттикнува креативност и активизам.

Ако избраниот лидер е апатичен и незаинтересиран, зошто би бил и јас. Вакви и слични максими го демнат македонскиот студент и го обесхрабруваат да биде дел од каква било организација која работи во негов интерес. Затоа се решивме, јас со мојот способен тим да направиме реформа. Да излеземе од мракот на минатото и да го удриме темелот на нова ера во студентското организирање.

Ако сакаш промени пошироко, почни со промените дома. Сакам да има критики за моето работење, но сакам и кога ќе чујам дека сè поголем број на студенти заштитата ја гледаат во СПУКМ, одошто во протекционизмот. Ако не сите, студентите од Економскиот, Факултетот за музичка уметност, СД Гоце Делчев и Пелагонија знаат за што зборувам. Кога некој студент има проблем со основа, не ми била потребна покана или, пак, дозвола за прием кај кого било(декан, ректор, министер), туку сум делувал, непосредно и веднаш. Така планираме и да продолжиме.

Од месец септември, матичните Студентски парламенти во соработка со СПУКМ ќе изреализираат по минимум 10 заеднички проекти или вкупен број од најмалку 230 проекти, на студентите ќе им се дадат избори во поглед на понуди на заедничка агенција за апсолвентски патувања и локација за славење апсолвентски вечери. Секој ситен криминал или желба за бенефит на грбот на студентите ќе биде казнет. Некои од овие работи започнаа со реализација, а следат многу други.

Бидејќи оваа е мојата прва колумна тука би завршил и би оставил на времето да покаже дали сегашното работење на СПУКМ е подобро од минатото и дали студентите во оваа организација го гледаат темелот за силна студентска организација. ЗА СИЛНА СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА!