Универзитетот во Скопје е лидер во непотизмот во високото образование, се заклучува во регионалното истражување кое го спроведе Младинскиот Образовен Форум (МОФ). Истражувањето насловено „Перцепција за корупција во високото образование“ покажува дека најголем дел од студентите на универзитетот Св. Кирил и Методиј не пријавуваат корупција бидејќи сметаат дека ништо нема да променат.
Претставникот на МОФ Петар Димитров вели дека секој втор студент во Скопје смета дека непотизмот е многу проширен во најголемата високообразовна институција во земјава.
„Значи Скопје, односно Универзитетот Свети Кирил и Методиј води по перцепција за непотизам. Во Белград, што е исто најблиску до Скопје, тоа е секој четврти студент. Сега, понатаму водиме со директно искуство, според личното искуство коешто студентите го имале со непотизмот. Скопје и Белград повторно водат во непотизам, значи во случај на директно искуство. Скопје повторно е прв, 22 до 30 проценти од студентите имале лично искуство со сите четири форми на непотизам, значи повторно сме први.“
Со исклучок на Молдавија, резултатите покажуваат екстремно низок степен на толеранција на непотизмот, додава Димитров.
„Студентите повеќе толерираат непотизам кога е инициран од самиот студент, отколку непотизам инициран од професорот, што покажува некаква студентска солидарност, меѓутоа генерално студентите имаат ниска толеранција кон непотизмот.“
Бројките покажуваат дека 70 отсто од анкетираните студенти не би пријавиле корупција, додека една четвртина од запрашаните рекле дека би пријавиле, под услов да е анонимно.
Мартин Алексоски од Младинскиот образовен форум вели дека во Скопје постои страв од реперкусии или одмазда.
„Кај 21, 4 проценти од студентите постои страв дека доколку пријават корупција ќе сносат некакви последици и уште пострашно е дека 28, 4 проценти сметаат дека доколку пријават, тоа не би променило ништо.“
Корупцијата во високото образование секако негативно влијае на квалитетот на кадрите кои ги произведуваат факултетите, вели поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.
„Тоа значи немотивираност на самите студенти за студирање, промовирање на лоши навики кои тие ги стекнуваат со таквиот начин и воопшто за понатаму во животот. Тоа ќе продуцира страшно лоши ефекти, односно веќе продуцира, ако има во толкав голем обем како што говорите.“
Вреди да се спомене и дека според истражувањето на Младинскиот образовен форум, 39 отсто од анкетираните студенти изјавиле дека имале искуство со купување книги од професорот со цел добивање поголеми оцени.
Значи Скопје, односно Универзитетот Свети Кирил и Методиј води по перцепција за непотизам. Во Белград, што е исто најблиску до Скопје, тоа е секој четврти студент.Петар Димитров, МОФ.
Претставникот на МОФ Петар Димитров вели дека секој втор студент во Скопје смета дека непотизмот е многу проширен во најголемата високообразовна институција во земјава.
„Значи Скопје, односно Универзитетот Свети Кирил и Методиј води по перцепција за непотизам. Во Белград, што е исто најблиску до Скопје, тоа е секој четврти студент. Сега, понатаму водиме со директно искуство, според личното искуство коешто студентите го имале со непотизмот. Скопје и Белград повторно водат во непотизам, значи во случај на директно искуство. Скопје повторно е прв, 22 до 30 проценти од студентите имале лично искуство со сите четири форми на непотизам, значи повторно сме први.“
Со исклучок на Молдавија, резултатите покажуваат екстремно низок степен на толеранција на непотизмот, додава Димитров.
Тоа значи немотивираност на самите студенти за студирање, промовирање на лоши навики кои тие ги стекнуваат со таквиот начин и воопшто за понатаму во животот.Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.