Во работнички кварт во Истанбул, не многу далеку од срцето на антивладините демонстрации, Реџеп Таип Ердоган и натаму има силна поддршка од неговите сограѓани. Колку тоа ќе му помогне да се справи со најголемата криза во која се најдоа тој и неговата влада во изминатива декада?
На два километри од бучните демонстрации на плоштадот Таксим, единствено звуците на бројаниците и на таблата се мешаат со оние на автомобилите, пишува известувачот на Радио Слободна Европа од Истанбул Глен Кејтс.
Мажите тука пијат чај и играат табла. Протестите кои се одвиваат неколку улици подолу не го сменија животот во работничкото предградие Касим паша.
Реџеп Таип Ердоган израсна во едно такво предградие во Истанбул каде што граѓаните велат дека нивниот животен стандард многу се подобрил во деценијата на неговото владеење.
Кај луѓето и во другите слични квартови на Истанбул, каде што јавното мислењето е ковано од верата, поморската традиција и локалниот фудбалски тим, Ердоган доминираше во изминатите три избори.
Токму на тоа тој смета и во градењето бедем против групите кои не се согласуваат со него и неговата владејачка партија.
„Тоа е токму она што го прави арогантен. Не знам дали овие протести ќе имаат последици врз следните избори, бидејќи лично сум убедена дека тој има многу силна изборна база. Преостанатите 50 насто кои не гласаа за Партијата на правдата и развојот се оние што се поделени“, вели Барчин Јинанч, уредничка во весникот „Хуријет Дејли Њуз“.
Сепак и меѓу неговите најголеми поддржувачи има такви кои го критикуваат Ердоган за сегашната политичка криза.
Било, еден од играчите на табла во Касим паша, смета дека Ердоган не треба да го меша исламот со државните работи.
„Кога зборуваме за верите навистина, ние сме муслимани. Но секој си има свое сопствено мислење.“
Неговиот противник во играта 26-годишниот Бадам вели дека целосно го поддржува Ердоган, но како што додава, премиерот би требало да покаже поголемо разбирање за помладата генерација.
Поддршката за Ердоган кај голем број истанбулчани е нагризена поради неговата реакција кон демонстрантите.
На оценката на Ердоган дека имало терористички елементи на плоштадот Таксим, 60-годишниот молер Ибрахим Бодур ја парафразира изјавата на заменик премиерот Булент Аринч:
„Јас не поддржувам кога некој некого нарекува хулиган. Тоа не е вистинскиот начин“, вели Бодур.
Пред заминувањето на турнеја по Северна Африка, Ердоган демонстрантите ги нарече крадци и скитници, што беше сосема спротивно од она што го кажаа неговиот заменик Аринч и шефот на државата Абдула Ѓул.
Сепак, има и такви на кои им пречи тоа што демонстрациите стануваат се понасилни.
„Им се лутам за кршењето прозорци и за уништувањето работи. Навистина сум им многу лута. Ако имаш нешто да кажеш, седни и разговарај“, вели Ремзи Кибар, енергична мајка на пет деца со шарена шамија завиткна околу нејзината глава.
Кога зборуваме за верите навистина, ние сме муслимани. Но секој си има свое сопствено мислење.Жител на Истанбул.
Мажите тука пијат чај и играат табла. Протестите кои се одвиваат неколку улици подолу не го сменија животот во работничкото предградие Касим паша.
Реџеп Таип Ердоган израсна во едно такво предградие во Истанбул каде што граѓаните велат дека нивниот животен стандард многу се подобрил во деценијата на неговото владеење.
Кај луѓето и во другите слични квартови на Истанбул, каде што јавното мислењето е ковано од верата, поморската традиција и локалниот фудбалски тим, Ердоган доминираше во изминатите три избори.
Токму на тоа тој смета и во градењето бедем против групите кои не се согласуваат со него и неговата владејачка партија.
„Тоа е токму она што го прави арогантен. Не знам дали овие протести ќе имаат последици врз следните избори, бидејќи лично сум убедена дека тој има многу силна изборна база. Преостанатите 50 насто кои не гласаа за Партијата на правдата и развојот се оние што се поделени“, вели Барчин Јинанч, уредничка во весникот „Хуријет Дејли Њуз“.
Тоа е токму она што го прави арогантен. Не знам дали овие протести ќе имаат последици врз следните избори, бидејќи лично сум убедена дека тој има многу силна изборна база. Преостанатите 50 насто кои не гласаа за Партијата на правдата и развојот се оние што се поделени.Барчин Јинанч, уредничка во весникот „Хуријет Дејли Њуз“.