„Диктатор, оставка. Ќе одолееме се додека победиме“, извикуваа демонстрантите во најновите протести кои оставија неколку стотици повредени.
Полицијата се повлече од главниот истанбулски плоштад Таксим, симболичен центар на демонстрациите кои почнаа поради преуредувањето на плоштадот, но кои прераснаа во општ протест против владата. Според новинските агенции, по растурањето на протестите имало инциденти меѓу демонстрантите и полицијата во околните улици.
Министерот за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека повеќе од илјада и седумстотини лица биле приведени, од кои потоа голем дел биле ослободени.
Според него, имало неколку десетици повредени цивили и полицајци. Но, групите за човекови права велат дека бројот на ранетите бил поголем.
Синдикатот на лекарите во Анкара соопшти дека само во тој град биле третирани над 400 цивили, некои од нив со тешки повреди на главата.
Амнести интернешнал оцени дека полицијата несоодветно силно одговорила на протестите.
Обвинет од критичарите дека инсистира на конзервативна и авторитарна агенда, владата на Ердоган се соочи со најголемите протести од преземањето на власта во 2002 година.
„За жал, бевме сведоци на несакани инциденти, напади и провокации во текот на изминатите неколку дена. Ние уште еднаш сме
сведоци на стапиците од минатото што се користат за закана на владите и за создавање хаотичните сцени за да се отвори патот за интервенции против демократијата. Ако ја сакате оваа земја, ако го сакате Истанбул, не им подлегнувајте на овие игри“, изјави премиерот Ердоган, кој призна дека имало извесни грешки во полицискиот одговор.
Сепак тој ги потврди плановите за изградба на џамија на плоштадот Таксим, ризичен потег со оглед на растечките обвинувања дека тој се обидува да ја исламизира земјата.
Меѓу таквите чекори е и контроверзниот нов закон воведен од владејачката Партија на правдата и развојот со кој се забранува употреба и рекламирање алкохолни пијалаци.
„Веќе на станува збор само за паркот Гези. Ова стана движење против владата која се повеќе се меша во нашите приватни животи“, вели еден од демонстрантите во Анкара.
„Ме нарекуваат диктатор. Доколку тие нарекуваат диктатор некој кој му служи на народот, тогаш немам што да кажам. Мојата единствена грижа е да му служам на народот“, изјави Ердоган.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу пак, предупреди дека протестите и шетат на репутацијата на Турција.
„Продолжувањето на протестите, нема да ни донесе полза и ќе ја наруши репутацијата на нашата земја кој предизвикува восхит и во регионот и во светот.“
Турските сојузници во НАТО, Британија, Франција и Соединетите Држави побараа од владата на Ердоган да биде воздржана. Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон апелира на дијалог за да се најде мирно решение за проблемот.
Полицијата се повлече од главниот истанбулски плоштад Таксим, симболичен центар на демонстрациите кои почнаа поради преуредувањето на плоштадот, но кои прераснаа во општ протест против владата. Според новинските агенции, по растурањето на протестите имало инциденти меѓу демонстрантите и полицијата во околните улици.
Министерот за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека повеќе од илјада и седумстотини лица биле приведени, од кои потоа голем дел биле ослободени.
Ме нарекуваат диктатор. Доколку тие нарекуваат диктатор некој кој му служи на народот, тогаш немам што да кажам. Мојата единствена грижа е да му служам на народот.Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.
Синдикатот на лекарите во Анкара соопшти дека само во тој град биле третирани над 400 цивили, некои од нив со тешки повреди на главата.
Амнести интернешнал оцени дека полицијата несоодветно силно одговорила на протестите.
Обвинет од критичарите дека инсистира на конзервативна и авторитарна агенда, владата на Ердоган се соочи со најголемите протести од преземањето на власта во 2002 година.
„За жал, бевме сведоци на несакани инциденти, напади и провокации во текот на изминатите неколку дена. Ние уште еднаш сме
Веќе на станува збор само за паркот Гези. Ова стана движење против владата која се повеќе се меша во нашите приватни животи.Демонстрант во Анкара.