На политичкиот подем на Реџеп Таип Ердоган се гледаше како на катализатор за новата ера на турското влијание и просперитет, а на неговата влада како на демократски модел за земјите каде што муслиманите се бунтуваат против диктаторите.
Тој на домашната сцена и беше сигурност на силната моќна база на турските верски конзервативци, кои се мнозинство во електоратот, а кои беа маргинализаирани од поранешната воена и секуларна елита.
Меѓутоа, за неговите опоненти, неговото грубо отфрлање на демонстрантите во Истанбул и Анкара и дозволата полицијата да употреби сила врз нив е јасен доказ за авторитаризмот на 59-годишниот Ердоган.
Но, зошто овој урбан револт му се случува на човек кој три пати по ред победува на избори и тоа со големо мнозинство?
За да одговори на ова прашање, како што пишува весникот Гардијан, ќе треба самиот да се огради од неговата легенда.
Во изминатава декада тој забележа економска експанзија, спроведе бран реформи, војската ја врати во касарните, го отвори патот за влез во Европската унија, ја запре тортурата во затворите и постигна мировен договор со курдските бунтовници.
Кога еврозната се сопна во 2008 година, Ердоган ја позиционира Турција како шампион на Блискиот Исток.
Со сегашната слаба опозиција веќе нема ништо што може да го спречи да размислува за нов Устав со повеќе моќ за шефот на државата, улога кој нормално уште од сега ја резервира за себе.
Неговата идеја беше објаснета како претседателски систем од американски стил, но тој лани оцени дека станува збор за систем со турски стил.
„Американскиот претседател не може да именува амбасадор, тој дури сам не може да реши дали да продаде хеликоптер“, изјави Ердоган.
Некои аналитичари велат дека гордоста што го води во барањето повеќе моќ по декадата на власт, по се изгледа, ќе биде клучна во обликувањето на неговиот одговор на сегашните протести.
Секако на сцена и натаму е амбициозниот брак што го постигна неговата партија на Правдата и развојот: исламизам како реформаторски двигател во демократија под секуларен Устав.
Но, една работа е јасна: демократијата не е само работа на избори.
Јасин Актај, професор по социологија, за весникот Њујорк тајмс оценува дека е малку веројатно Ердоган да се повлече, делумно и затоа што верува дека тој е центарот на турскиот подем.
„Тој верува дека луѓето се нефер кон него по се што направи за Турција: ја раздолжи земјата кај ММФ и ја контролира корупцијата. Тој е лут што е сведен на убиец на дрвја“, вели Актај, кој потсетува дека протестите против Ердоган почнаа токму против одлуката да бидат исечени неколку стотици дрвја во паркот во близина на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул.
Тој на домашната сцена и беше сигурност на силната моќна база на турските верски конзервативци, кои се мнозинство во електоратот, а кои беа маргинализаирани од поранешната воена и секуларна елита.
Меѓутоа, за неговите опоненти, неговото грубо отфрлање на демонстрантите во Истанбул и Анкара и дозволата полицијата да употреби сила врз нив е јасен доказ за авторитаризмот на 59-годишниот Ердоган.
Тој верува дека луѓето се нефер кон него по се што направи за Турција: ја раздолжи земјата кај ММФ и ја контролира корупцијата. Тој е лут што е сведен на убиец на дрвја.Јасин Актај, професор по социологија.