Во Македонија со големо внимание се следат настаните во Турција која е голем подржувач на Македонија од почетокот на нејзината независност. Блискоста, и некои слични состојби будат емоции затоа што некои од критиките упатени кон премиерот Ердоган се слични на критиките упатени кон македонската влада.
Македонија има сериозни и блиски релации со Турција на многу начини и настаните кои деновиве се случуваат таму неизбежно се рефлектира кај нас.
„Се гледа восхит и солидаризирање со Турците, но во исто време се гледа и еден мал автореволт или автокритика за тоа дека во Македонија буквално ништо не се случува, а сепак состојбите се отидени во голема мерка во погрешна насока“, посочува Џабир Дерала од невладината Цивил кој деновиве прилично емотивно реагираше и лично со отворено писмо до турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
„Згрозен сум и разгневен од акциите на турската полиција која оперира под твоја команда. Теророт мора да престане. Вистинското име на твојот режим се разоткри“, напиша Дерала во писмото.
Турција е навистина наш традиционален пријател и поддржувач од самото стекнување на независноста, додава Дерала, но Ердоган не смее да се поистоветува со турското општество и држава, па според тоа не треба да се штедат реакции кон човекот кој жестоко спроведува еден режим кој деновиве грубо ги прекрши човековите права. Доживувањето на Турција како блиска земја, предизвикува чувства на поистоветеност и солидарност во Македонија, посочува Дерала.
„Како издувен вентил за она што ним им се случува во македонското општество“, вели Дерала.
Што се однесува до реакциите на политичката елита може да се забележи исто така една специфичност, забележува професор Стево Пендаровски, која произлегува од перцепирањето на Турција како практично најголем надворешно-политички пријател на Македонија. Оттаму не се носат истите заклучоци како што тоа се случува во Западна Европа и во САД и не се прифаќа истото ниво на критицизам, додава Пендаровски.
„Јас мислам дека во еден дел тоа е така, не само затоа што ние ја третираме Турција како наш најголем пријател на надворешно политички план, особено во однос на нашиот долгогодишен спор со Грција, туку и затоа што еден дел од критиките кои одат на сметка на режимот, на владеењето на Ердоган во Турција се прилично слични со критиките за нашата влада, односно за нејзиното владеење и во делот на демократичноста, во делот на слободата на медиуми, во делот на заштита на човековите права и слободи“, анализира Пендаровски.
Немирите во Турција започнаа како негодување да се гради трговски центар на местото на парк во центарот на Истанбул, но прераснаа во антивладини и антиисламистички протести.
Се гледа восхит и солидаризирање со Турците, но во исто време се гледа и еден мал автореволт или автокритика за тоа дека во Македонија буквално ништо не се случува, а сепак состојбите се отидени во голема мерка во погрешна насока.Џабир Дерала, невладина организација Цивил.
„Се гледа восхит и солидаризирање со Турците, но во исто време се гледа и еден мал автореволт или автокритика за тоа дека во Македонија буквално ништо не се случува, а сепак состојбите се отидени во голема мерка во погрешна насока“, посочува Џабир Дерала од невладината Цивил кој деновиве прилично емотивно реагираше и лично со отворено писмо до турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
„Згрозен сум и разгневен од акциите на турската полиција која оперира под твоја команда. Теророт мора да престане. Вистинското име на твојот режим се разоткри“, напиша Дерала во писмото.
Јас мислам дека во еден дел тоа е така, не само затоа што ние ја третираме Турција како наш најголем пријател на надворешно политички план, особено во однос на нашиот долгогодишен спор со Грција, туку и затоа што еден дел од критиките кои одат на сметка на режимот, на владеењето на Ердоган во Турција се прилично слични со критиките за нашата влада.Стево Пендаровски, универзитетски професор.