Композиторот Гавриловски со две награди од Русија

Macedonia - Macedonian composer Goce Gavrilovski.

Македонскиот композитор Гоце Гавриловски неодамна освои две значајни награди во Русија. На шестиот Меѓународен натпревар во Санкт Петербург, жирито му додели прва награда за композицијата „Мугри“ за мешан хор и трета награда за „Дај дуни, дуни“ во категоријата – експериментална хорска творба со современи музички изразни текстури. Со тоа тој го потврди минатогодишниот успех на ова големо културно случување.
Во жестока конкуренција од 190 дела на творци од разни земји од светот, жирито на шестиот Меѓународен натпревар во Санкт Петербург, составено од пет члена – признати автори, диригенти и музиколози, на македонскиот композитор Гоце Гавриловски му додели две значајни награди. Тој за композицијата „Мугри“ за мешан хор е апсолутен победник во категоријата, а за „Дај дуни, дуни“ ја освои третата награда за „Експериментално хорско дело со современи музички изразни текстури“.
Да се учествува на еден ваков интернационален натпревар е голема чест за секој композитор бидејќи, како што знаеме, Русија е колевка на хорската и вокалната музиката. А, кога покрај учеството, ќе се освојат и две големи награди и тоа ќе се случи две години по ред, тогаш тоа несомнено преставува значаен успех како за мене како автор, така и за нашата држава Република Македонија.
Гоце Гавриловски, композитор.

„Да се учествува на еден ваков интернационален натпревар е голема чест за секој композитор бидејќи, како што знаеме, Русија е колевка на хорската и вокалната музиката. А, кога покрај учеството, ќе се освојат и две големи награди и тоа ќе се случи две години по ред, тогаш тоа несомнено преставува значаен успех како за мене како автор, така и за нашата држава Република Македонија“, истакнува Гавриловски.

Тој вели дека како и останатите луѓе, посебно оние од неговата бранша – композиторите, и самиот во еден момент се наоѓа на крстосница и се прашува што понатаму, но кога ќе се добијат вака значајни признанија тогаш тие дефинитивно претставуваат стимул за фаќање во костец со сите идни професионални предизвици.

Роден 1978 година во Охрид, Гоце Гавриловски дипломирал на Факултетот за музичка уметност на отсекот композиција кај м-р Гоце Коларовски, пијано кај Евушка Трпкова Елезовиќ, а оркестрација кај Томислав Зоографски. Неговата
Основна идејна замисла како инспирација која се наметнува во моите композиции претставува коренот на македонската духовна традиција, а тоа е македонскиот непресушен фолклор и неговите огромни богатства и варијанти и секако нивната преработка со помош на современите музички изразни средства кои се најзначајни во музиката на 20 век.
Гоце Гавриловски, композитор.
диплома е нострифицирана на Факултетот за музичка култура ХАМУ во Прага, по што се здобива со звање магистер по композиција, а последипломските студии по Теорија на оркестрација ќе ги заокружи во класата на професор д-р Тома Манчев.

Неговото творештво ги опфаќа сите области на музиката, а делата му се изведувани на фестивали како „Денови на македонска музика“, „Хераклејски вечери“, „Штипско културно лето“, „Споени садови“ и други. Она што притоа е посебно важно е што тој силно се инспирира од македонскиот музички јазик и нашата богата фолклорна традиција.

„Основна идејна замисла како инспирација која се наметнува во моите композиции претставува коренот на македонската духовна традиција, а тоа е македонскиот непресушен фолклор и неговите огромни богатства и варијанти и секако нивната преработка со помош на современите музички изразни средства кои се најзначајни во музиката на 20 век.“

Гавриловски извесен период работел како новинар и продуцент во МРТВ, потем како педагог во ОМУ „Методи Патче“ во родниот град, а сега е доцент на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Член е на СОКОМ, а неговото творештво е документирано на бројни носачи на звук.

Инаку, во периодов што следува Гоце Гавриловски ќе се фокусира на бројните нарачки на дела од познати светски уметници и притоа како исклучително важна ја акцентира натамошната соработка со славната Фројке Олдберг ( една од најзначајните пејачки во доменот на авангардната музика од минатото столетие) која неговото дело за пијано и сопран го изведе на 3 мај годинава на концертот во Хамбург, како едно од седумте одбрани од балканските композитори.

„Фројке Олдберг е заинтересирана за балканска турнеја на нејзиниот концерт, па лесно може да се случи наскоро да ја видиме и чуеме со таа програма во некој од нашите културни центри.“