Во целата таа пропаганда, длабоко закопана остана дебата околу правата на ЛГБТИ луѓето и не само што ситуацијата не се подобрува, туку за жал и назадува, пишува во колумна за Радио Слободна Европа, Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка.
Пропагандната машинерија на конзервативните центри на моќ со сета сила се труди да заборавиме дека кога зборуваме за правата на геј мажите, лезбејките, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните луѓе, ние во суштина зборуваме за човекови права. Нивната стратегија е да го сведат прашањето само на истополови бракови и посвојување на деца. Тргнувајќи од тука, со пропагирањето на „загрозеност на опстанокот на македонскиот народ“ да ги портретираат ЛГБТИ луѓето како непријатели, зголемувајќи ја неприфатеноста, стигмата, а во последниов период и промовирајќи физичко насилство.
Во целата таа пропаганда, длабоко закопана остана дебата околу правата на ЛГБТИ луѓето и не само што ситуацијата не се подобрува, туку за жал и назадува. Основна премиса е дека „сите права ги имаат, нема што друго само бараат брак и посвојување на деца“. Овој текст е со намена да ја извади на површина нееднаквоста и проблемите со кои се соочуваат ЛГБТИ луѓето во својот секојдневен живот. Податоците се релевантни и добиени во официјален и документиран процес со сите релевантни државни институции.
Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Центарот за поддршка во последниве година и пол со помош на ИЛГА Европа вршеше набљудување на спроведувањето на Препораката на Комитет на министри на Советот на Европа, донесена во 2010 година, а која се однесува на борбата против дискриминацијата врз основ на сексуална ориентација и родов идентитет.
Наодите се поразителни. Нашето општество се покажа како затворено општетство, без реални механизми и стремеж кон еднаквост на сите луѓе кои партиципираат во него. Тука ќе пишувам за наодите од овој Извештај во сенка, што во исто време покажува точно за што зборуваме кога зборуваме за правата на ЛГБТИ луѓето.
Право на живот, безбедност и заштита од ненасилство (злосторства од омраза и други инциденти мотивирани од омраза)
Кривичниот законик препознава злосторства од омраза само на национална, расна и верска основа, но не и врз основите сексуална ориентација и родов идентитет. Исто така сексуалната ориентација и родовиот идентитет доколку се појават како мотив, не се земаат како отежнувачки фактор при одредување на казните за сторени кривични дела, иако ваквите дела имаат дополнителна тежина во однос на одредувањето на жртвите како и суровоста која вообичаено е пропратен елемент на ваквите дела.
Полицајците, затворските службеници и судството немаат никаква обука за препознавање на кривични дела, каде сексуалната ориентација и родовиот идентитет може да се сметаат како мотив. Тие имаат само општа обука за дискриминацијата, но тоа е далеку од тоа да кажеме дека е доволна и ефективна обука. Единствено Факултетот за безбедност има таква програма, каде во предметите Полицијата и човековите права и недискриминацијата и ранливите групи, се посветува посебно внимание на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Сето ова допринесува да немаме никакви податоци и статистика за злосторствата од омраза, што пак носи до тоа и да немаме никаква стратегија или акциски планови за борба со таквите појави.
Последнава година имаме примери на вакви кривични дела, од кршењето на ЛГБТИ Центарот за поддршка, напади на активисти итн. На пример нападот на двајца активисти на Маршот за толеранција е класичен напад заради омраза кон ЛГБТИ луѓето, но нашето законодавство не препознава вакви злосторства од омраза и напаѓачот ќе биде гонет само за насилство. Немаме ниту процедури околу на пример сместување на трансродно лице доколку треба да отслужи затворска казна итн.
Говор на омраза
Казни за „говор на омраза“ има предвидено во неколку закони, вклучувајќи го и Кривичниот законик, но таму се препознава говор на омраза само ако е врз национална, политичка, етничка или расна онова, како и за верско уверување. Хомофобичниот и трансфобичниот „говор на омраза“ не се покриени со овие мерки. Напротив, претставници на државни институции говорат со омраза кон ЛГБТИ луѓето, со што го легитимираат овој говор и тој е сè поприсутен и во медиумите и на социјалните мрежи. Единствен обид направи Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, кои со пратеникот Ивон Величковски поднесоа Декларација за осуда на ваквиот говор, но таа беше одбиена во Собранието од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ. А познато е дека говорот на омраза носи до злосторства од омраза, односно ги поттикнува.
Слобода на здружување
Правно нема никаква дискриминација во слободата на здружување и неколку организации низ годиниве се регистрирани и функционираат борејќи се за правата на ЛГБТИ луѓето. Она што е загрижувачки е дека овие организации, иако често се дел од работните групи кои подготвуваат разни стратешки документи за борбата со дискриминацијата, но фактички немаат никакво влијание во менувањето на овие документи во полза на ЛГБТИ луѓето, па најчесто се само формално таму за одржување на сликата дека процесот бил инклузивен и транспарентен. Досега на ниту една организација не е доделен грант од државата за спроведување на проект за правата на ЛГБТИ луѓето. Дали е тоа затоа што државата смета дека е постигната целосна еднаквост па нема потреба од такви проекти?! Дали е тоа затоа што државата смета дека не постои стигма, неприфаќање и дискриминација на оваа група граѓани?! Непознаница е сето тоа.
Слобода на изразување и мирно собирање
Уставот на Република Македонија ја гарантира слободата на изразување и нема правни пречки за примање и пренесување на информации кои се однесуваат на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Во практика многу малку медиумите се занимаваат со овие прашања, освен кога се работи за сензационалистчки вести. Некои медиуми во очигледна синергија со Владата и верските заедници во континуитет промовираат хомофобија и трансфобија. Правото на мирен собир исто така е заштитено во Законот за јавни собири, но заради непријателската средина, ЛГБТИ луѓето организираат многу малку јавни настани или собири. Она што е впечатливо е дека државните претставници не осудуваат насилство кога тоа се случува на собири или кон луѓе и организации од ЛГБТИ заедницата. Она што морам да кажам е дека имаме одлична соработка со полициските станици Беко и Бит Пазар, кои ги штитат нашите настани и Центарот за поддршка, но тоа не е системско решение, туку градење на односи за професионално извршување на работните обврски на вклучените..
Почитување на приватниот и семејниот живот
Во Македонија хомосексуалноста е декриминализирана во 1996 година, заради зачленувањето во Советот на Европа. Сепак државата не ги препознава и признава истополовите партнерства и со ова ускратува голем дел од правата и сервисите кои од државата ги добиваат хетеросексуалните парови. Уставниот суд ја одби Иницијативата на Хелсиншкиот Комитет за заштита од семејно насилство на ЛГБТИ луѓето, во Законот за семејство. Државата нема процедури со кои ќе го признае менувањето на полот на трансордните луѓе. Имаме случаи на спротивни одлуки во различни градови, што укажува на непостење на
дефинирани процедури за менување на единствениот матичен број, што доведува до потешкотии во уживањето на други права од страна на трансродните луѓе (слобода движење итн.). Според Законот за семејство, бракот е унија меѓу маж и жена, кои ги регулираат своите односи со нивна одлука која се базира на еднаквост, взаемна почит и помош. После правно потврдување на полот, не би требало да има проблем транродно лице да стапи во брак со личност од спротивниот пол, но не знаеме дали ова би било така зашто немаме такви случаи досега, а Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика не одговорија на нашите прашања.
Трансродови
Македонија нема осигурано целосно признавање на промената на полот на лица на брз, транспарентен и пристапен начин. Според Законот за лично име (Службен весник на Република Македонија бр. 8/95, 66/07, 103/08 и 51/11) секој граѓанин има право да го смени своето име и презиме.
Две трансродови лица кои треба да бидат третирани еднакво во процесот на промена на матичниот број, под исти услови започнаа постапка во различни градови, и двете без да ги имаат комплетирано сите операции за промена на полот. На крајот, тие добија различни резултати. Едното лице успеа да го смени бројот а другото беше одбиено затоа што немаше доказ дека е направена операција за промена на полот.
Според примерите на луѓе кои ги исполнуваат истите услови, заклучокот е дека во Македонија нема сигурна процедура или начин да се знае дали некои власти ќе го променат бројот или ќе побараат одговорност од другата институција. Затоа има конфузија предизвикана од активностите на јавните службеници.
Вработување
Член 6 од Законот за Работни односи забранува дискриминација од страна на работодавачот врз основа на сексуална „наклонетост”, ние ја сметаме терминологијата како дискриминирачка затоа што се однесува само на сексуалниот акт не вклучувајќи ги сите аспекти на сексуалната ориентација. Имено, сексуалната ориентација се однесува на сексуалноста со сите свои аспекти биолошки, културни, општествени, психолошки и политички додека сексуалната наклонетост се однесува на биолошка ригидна точка (не на сексуалноста со сета своја сложеност). Овој член опфаќа вработување, отпуштања, плата, малтретирање и други форми на виктимизација, но во пракса ние немаме сознанија за случај на лице кое било заштитено од виктимизација. Не се креирани мерки или програми за борба против дискриминација при вработување кои целосно и ефективно опфаќаат трансродови лица. Законот за спречување и заштита од дискриминација опфаќа дискриминација во вработување. Иако овој закон не вклучува специфично сексуална ориентација и родов идентитет како основа за дискриминација, Комисијата за заштита од дискриминација во неколку свои одлуки ја призна дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација. Со оваа одредба ЛГБТ лицата може да бараат заштита од комисијата под посебни основи „други лични карактеристики”.
Образование
Програмата „Образование за животни вештини” за средните училишта (физичко, уметничко и техничко образование) вклучува цели кои се однесуваат на човекови права и недискриминација врз различни основи вклучително и сексуална ориентација и родов идентитет, како на пример постоењето на различни групи во општеството кои се маргинализирани, за стереотипите и предрасудите кои влијаат на врската помеѓу различните општествени групи, сите треба да имаат еднакви можности и да ги остваруваат своите права.
Нема поддршка за поставување на училишни кампањи и културни настани против хомофобијата и трансфобијата, или покана за ЛГБТ организации за да учествуваат во вакви кампањи и нема мерки за заштита и поддршка за ЛГБТ учениците.
Имаше дискриминирачки елементи во учебникот за средни училишта „Педагогија” во кој хомосексуалноста се смета за болест. На 19.05.2011, Комисијата за заштита од дискриминација пронајде дискриминација во овој учебник и донесе одлука која го поттикна Министерството за Образование и наука да го разгледа учебникот. Промени беа направени но стариот учебник сè уште беше во употреба во школската година 2011/2012.
Здравје
Законот за правата на пациентите особено штити од дискриминација врз основа на сексуална ориентација кога се работи за идентификување на најблиските, позитивна кампања не е направена сè досега во врска со ЛГБТ права и прашања. Исто така во пракса истополови партнери не се признаени како најблиски од страна на здравствените работници.
Освен превентивните програми и био-бихевиоралните студии во рамките на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза, Националниот план за 2011 за спречување на ХИВ, сексуална ориентација и родов идентитет не се земени предвид во здравствениот систем на земјата.
Во „Развојна Психологија” за Факултетот на медицински науки при универзитетот Св. Кирил и Методиј во однос на сексуална ориентација авторите употребуваат интерпретации, погледи и класификации кои не се базираат на модерна научна мисла и не се во согласност со постоечките официјални документи за класификација на болести/нарушувања.
Не постојат медицински специјалисти за трансородовите прашања, ниту за хируршките зафати, ниту пак за основен медицински третман (психолошко советување, хормонална терапија итн.).
Домување
Во Македонија, Законот за спречување и заштита од дискриминација опфаќа домување и иако дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет не беше вклучена во овој закон, комисијата за заштита од дискриминација може да признае дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во областа на домување. Родовиот идентитет не е дел од овој закон.
Со оглед на хомофобичната атмосфера има голема потреба за кампањи спроведени низ агенциите за домување за недискриминирачки одредби, социјални програми, вклучително и програми за поддршка кои се однесуваат на фактори кои ја зголемуваат ранливоста за бездомништво на ЛГБТ лица, деца и млади луѓе вклучително и шеми за поддршка од соседството и безбедност. Сепак, сè досега ниедна од овие мерки не постои во Македонија според сознанијата на Центарот за поддршка на ЛГБТИ- МХК.
Спорт
Не се преземени мерки за спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во оваа област.
Иако Агенцијата за Млади и спорт изјави дека Национално координативно тело за спречување на непријателство на спортските терени се формира и работи на сите основи на дискриминација на спортските терени вклучително и сексуална ориентација и родов идентитет, нема конкретни докази за мерките преземени за да се заштитат ЛГБТ лицата од исклучување од учество во спорт или дискриминација за време на спортските настани.
Некои спортисти земаа учество во хомофобичната кампања од страна на Министерот за Труд и социјална политика против истополови бракови и посвојување на деца од страна на истополови двојки.
Оваа анализа на состојбите во општеството покажува колку уште работа имаме на патот до еднаквоста на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија. Се надевам дека конечно ќе се отвори вистинска дебата и дека таа ќе ни овозможи полека да напредуваме кон едно поправедно општество, каде сите граѓани ќе ги уживаат сите права, а нема да се еднакви само според обврските.
Нашето општество се покажа како затворено општетство, без реални механизми и стремеж кон еднаквост на сите луѓе кои партиципираат во него. Тука ќе пишувам за наодите од овој Извештај во сенка, што во исто време покажува точно за што зборуваме кога зборуваме за правата на ЛГБТИ луѓето.
Во целата таа пропаганда, длабоко закопана остана дебата околу правата на ЛГБТИ луѓето и не само што ситуацијата не се подобрува, туку за жал и назадува. Основна премиса е дека „сите права ги имаат, нема што друго само бараат брак и посвојување на деца“. Овој текст е со намена да ја извади на површина нееднаквоста и проблемите со кои се соочуваат ЛГБТИ луѓето во својот секојдневен живот. Податоците се релевантни и добиени во официјален и документиран процес со сите релевантни државни институции.
Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија и ЛГБТИ Центарот за поддршка во последниве година и пол со помош на ИЛГА Европа вршеше набљудување на спроведувањето на Препораката на Комитет на министри на Советот на Европа, донесена во 2010 година, а која се однесува на борбата против дискриминацијата врз основ на сексуална ориентација и родов идентитет.
Наодите се поразителни. Нашето општество се покажа како затворено општетство, без реални механизми и стремеж кон еднаквост на сите луѓе кои партиципираат во него. Тука ќе пишувам за наодите од овој Извештај во сенка, што во исто време покажува точно за што зборуваме кога зборуваме за правата на ЛГБТИ луѓето.
Право на живот, безбедност и заштита од ненасилство (злосторства од омраза и други инциденти мотивирани од омраза)
Кривичниот законик препознава злосторства од омраза само на национална, расна и верска основа, но не и врз основите сексуална ориентација и родов идентитет. Исто така сексуалната ориентација и родовиот идентитет доколку се појават како мотив, не се земаат како отежнувачки фактор при одредување на казните за сторени кривични дела, иако ваквите дела имаат дополнителна тежина во однос на одредувањето на жртвите како и суровоста која вообичаено е пропратен елемент на ваквите дела.
Полицајците, затворските службеници и судството немаат никаква обука за препознавање на кривични дела, каде сексуалната ориентација и родовиот идентитет може да се сметаат како мотив. Тие имаат само општа обука за дискриминацијата, но тоа е далеку од тоа да кажеме дека е доволна и ефективна обука. Единствено Факултетот за безбедност има таква програма, каде во предметите Полицијата и човековите права и недискриминацијата и ранливите групи, се посветува посебно внимание на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Сето ова допринесува да немаме никакви податоци и статистика за злосторствата од омраза, што пак носи до тоа и да немаме никаква стратегија или акциски планови за борба со таквите појави.
Последнава година имаме примери на вакви кривични дела, од кршењето на ЛГБТИ Центарот за поддршка, напади на активисти итн. На пример нападот на двајца активисти на Маршот за толеранција е класичен напад заради омраза кон ЛГБТИ луѓето, но нашето законодавство не препознава вакви злосторства од омраза и напаѓачот ќе биде гонет само за насилство. Немаме ниту процедури околу на пример сместување на трансродно лице доколку треба да отслужи затворска казна итн.
Последнава година имаме примери на вакви кривични дела, од кршењето на ЛГБТИ Центарот за поддршка, напади на активисти итн. На пример нападот на двајца активисти на Маршот за толеранција е класичен напад заради омраза кон ЛГБТИ луѓето, но нашето законодавство не препознава вакви злосторства од омраза и напаѓачот ќе биде гонет само за насилство. Немаме ниту процедури околу на пример сместување на трансродно лице доколку треба да отслужи затворска казна итн.
Говор на омраза
Казни за „говор на омраза“ има предвидено во неколку закони, вклучувајќи го и Кривичниот законик, но таму се препознава говор на омраза само ако е врз национална, политичка, етничка или расна онова, како и за верско уверување. Хомофобичниот и трансфобичниот „говор на омраза“ не се покриени со овие мерки. Напротив, претставници на државни институции говорат со омраза кон ЛГБТИ луѓето, со што го легитимираат овој говор и тој е сè поприсутен и во медиумите и на социјалните мрежи. Единствен обид направи Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, кои со пратеникот Ивон Величковски поднесоа Декларација за осуда на ваквиот говор, но таа беше одбиена во Собранието од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ. А познато е дека говорот на омраза носи до злосторства од омраза, односно ги поттикнува.
Слобода на здружување
Правно нема никаква дискриминација во слободата на здружување и неколку организации низ годиниве се регистрирани и функционираат борејќи се за правата на ЛГБТИ луѓето. Она што е загрижувачки е дека овие организации, иако често се дел од работните групи кои подготвуваат разни стратешки документи за борбата со дискриминацијата, но фактички немаат никакво влијание во менувањето на овие документи во полза на ЛГБТИ луѓето, па најчесто се само формално таму за одржување на сликата дека процесот бил инклузивен и транспарентен. Досега на ниту една организација не е доделен грант од државата за спроведување на проект за правата на ЛГБТИ луѓето. Дали е тоа затоа што државата смета дека е постигната целосна еднаквост па нема потреба од такви проекти?! Дали е тоа затоа што државата смета дека не постои стигма, неприфаќање и дискриминација на оваа група граѓани?! Непознаница е сето тоа.
Слобода на изразување и мирно собирање
Уставот на Република Македонија ја гарантира слободата на изразување и нема правни пречки за примање и пренесување на информации кои се однесуваат на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Во практика многу малку медиумите се занимаваат со овие прашања, освен кога се работи за сензационалистчки вести. Некои медиуми во очигледна синергија со Владата и верските заедници во континуитет промовираат хомофобија и трансфобија. Правото на мирен собир исто така е заштитено во Законот за јавни собири, но заради непријателската средина, ЛГБТИ луѓето организираат многу малку јавни настани или собири. Она што е впечатливо е дека државните претставници не осудуваат насилство кога тоа се случува на собири или кон луѓе и организации од ЛГБТИ заедницата. Она што морам да кажам е дека имаме одлична соработка со полициските станици Беко и Бит Пазар, кои ги штитат нашите настани и Центарот за поддршка, но тоа не е системско решение, туку градење на односи за професионално извршување на работните обврски на вклучените..
Почитување на приватниот и семејниот живот
Во Македонија хомосексуалноста е декриминализирана во 1996 година, заради зачленувањето во Советот на Европа. Сепак државата не ги препознава и признава истополовите партнерства и со ова ускратува голем дел од правата и сервисите кои од државата ги добиваат хетеросексуалните парови. Уставниот суд ја одби Иницијативата на Хелсиншкиот Комитет за заштита од семејно насилство на ЛГБТИ луѓето, во Законот за семејство. Државата нема процедури со кои ќе го признае менувањето на полот на трансордните луѓе. Имаме случаи на спротивни одлуки во различни градови, што укажува на непостење на
Некои медиуми во очигледна синергија со Владата и верските заедници во континуитет промовираат хомофобија и трансфобија. Правото на мирен собир исто така е заштитено во Законот за јавни собири, но заради непријателската средина, ЛГБТИ луѓето организираат многу малку јавни настани или собири. Она што е впечатливо е дека државните претставници не осудуваат насилство кога тоа се случува на собири или кон луѓе и организации од ЛГБТИ заедницата
Трансродови
Македонија нема осигурано целосно признавање на промената на полот на лица на брз, транспарентен и пристапен начин. Според Законот за лично име (Службен весник на Република Македонија бр. 8/95, 66/07, 103/08 и 51/11) секој граѓанин има право да го смени своето име и презиме.
Две трансродови лица кои треба да бидат третирани еднакво во процесот на промена на матичниот број, под исти услови започнаа постапка во различни градови, и двете без да ги имаат комплетирано сите операции за промена на полот. На крајот, тие добија различни резултати. Едното лице успеа да го смени бројот а другото беше одбиено затоа што немаше доказ дека е направена операција за промена на полот.
Според примерите на луѓе кои ги исполнуваат истите услови, заклучокот е дека во Македонија нема сигурна процедура или начин да се знае дали некои власти ќе го променат бројот или ќе побараат одговорност од другата институција. Затоа има конфузија предизвикана од активностите на јавните службеници.
Вработување
Член 6 од Законот за Работни односи забранува дискриминација од страна на работодавачот врз основа на сексуална „наклонетост”, ние ја сметаме терминологијата како дискриминирачка затоа што се однесува само на сексуалниот акт не вклучувајќи ги сите аспекти на сексуалната ориентација. Имено, сексуалната ориентација се однесува на сексуалноста со сите свои аспекти биолошки, културни, општествени, психолошки и политички додека сексуалната наклонетост се однесува на биолошка ригидна точка (не на сексуалноста со сета своја сложеност). Овој член опфаќа вработување, отпуштања, плата, малтретирање и други форми на виктимизација, но во пракса ние немаме сознанија за случај на лице кое било заштитено од виктимизација. Не се креирани мерки или програми за борба против дискриминација при вработување кои целосно и ефективно опфаќаат трансродови лица. Законот за спречување и заштита од дискриминација опфаќа дискриминација во вработување. Иако овој закон не вклучува специфично сексуална ориентација и родов идентитет како основа за дискриминација, Комисијата за заштита од дискриминација во неколку свои одлуки ја призна дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација. Со оваа одредба ЛГБТ лицата може да бараат заштита од комисијата под посебни основи „други лични карактеристики”.
Образование
Програмата „Образование за животни вештини” за средните училишта (физичко, уметничко и техничко образование) вклучува цели кои се однесуваат на човекови права и недискриминација врз различни основи вклучително и сексуална ориентација и родов идентитет, како на пример постоењето на различни групи во општеството кои се маргинализирани, за стереотипите и предрасудите кои влијаат на врската помеѓу различните општествени групи, сите треба да имаат еднакви можности и да ги остваруваат своите права.
Нема поддршка за поставување на училишни кампањи и културни настани против хомофобијата и трансфобијата, или покана за ЛГБТ организации за да учествуваат