Од битолскиот универзитет велат дека има заинтересирани лица за паралелно студирање на два факултети.
Неколку студенти паралелно студираат на два факултети на Битолскиот универзитет. Има и такви кои еден завршиле, не успеале да се вработат, па се запишуваат на друг. Тоа се најчесто студиски програми кои се блиски една до друга, а студентите се надеваат дека на тој начин побрзо ќе дојдат до вработување.
„Завршив Економскиот факултет, не можев да се вработам, па одлучив да се запишам на информатика. Додека барав работа забележав дека бизнис секторот сè повеќе бара комбинација на бизнис менаџерски и економски дисциплини со информатика, а за државна работа треба врски“, вели студентот Јован Николовски.
Од битолскиот универзитет велат дека има заинтересирани лица за паралелно студирање на два факултета. Тоа е возможно доколку на едниот студентот е редовен, а на другиот вонредно студира. Законот досега не предвидел во ваква ситуација, студентот да биде ослободен од партиципацијата на едната високообразовна установа, но за тоа може да се поднесе молба.
Професор Драган Груевски од Факултетот за јавна администрација вели:
„Покрај тоа што е критикуван, Европскиот кредит трансфер систем дава широка можност, а тоа сè повеќе го забележуваме кај студентите кои се запишуваат во прва година дека имаат некаква стратегија, па прашуваат кога ќе можат паралелно да студираат. Во нивните цели зацртале дека можат и сакаат да студираат на повеќе места во исто време.“
Статистиката пак, покажува дека образованието не е секогаш пресуден фактор за да се најде работа. Дури 14 проценти од невработените или 2.010 битолчани се со високо образование. Меѓу нив има десетина со по два факултети и 73 магистри. Најмногу невработени се учители, економисти и правници. Битола е на прво место од градовите во внатрешноста по број на невработени високообразовани кадри. Веднаш по неа се Прилеп и Тетово.
Завршив Економскиот факултет, не можев да се вработам, па одлучив да се запишам на информатика. Додека барав работа забележав дека бизнис секторот сè повеќе бара комбинација на бизнис менаџерски и економски дисциплини со информатика, а за државна работа треба врски.Јован Николовски, студент.