Случајот со Ана Стојанов, која магистрирала на престижниот Кембриџ и која на колешката Младеновска и ги кажа маките со вработувањето овде во Македонија, ги отвора раните на нашата младина и актуелните нивни дилеми: со диплома да седат дома, или да се решат да бегаат надвор од земјава.
Од коментарите на страдалниците дознаваме, најотворено, иако по кој знае кој пат, дека на УКИМ има корупција: Мајсторот ја советува да бара одговор од министерот за образование и од премиерот за да се види дали имаат храброст јавно да се произнесат. Но, некој Ванчо од Скопје жолчно заклучува дека „младата госпоѓа“ како што вели, „сака државна работа и во тоа бил проблемот“. И ѝ препорачува „да застане во ред или да се налути и да си оди...“
Горјан од Лондон смета дека очигледно станува збор за линч на интелигенцијата, а Нереализиран емигрант од Скопје се чуди зошто Ана се вратила во Македонија. Оливер, исто така од Скопје, иронизира дека не е точно дека државата не им помага на дипломците од Кембриџ. „Еден од нив е докторант по меѓународно право, стипендиран од Владата и е советник на премиерот. Случајно или не, татко му е потпретседател на кумановскиот огранок на ВМРО“, открива Оливер.
И други посетители на нашата веб-страница кажуваат исто: вработување е можно само со партиска книшка и дека млади луѓе што размислуваат со своја глава не ѝ се потребни на ниедна влада. „Потребни се медиокритети како Латас, Миленко, Мирка... Дали сега разбирате зошто оваа власт опстојува толку многу?“, прашува Чичко џелат од Некаде.
Видосава потсетува дека портпаролот на Владата пред некој ден објавил дека ќе биле вработени 100 лица без оглед на партиската припадност. „Тоа се празни зборови, зашто во практиката ништо од тоа не се реализира“, смета Видосава. И Јордан го има истото искуство како Ана: со диплома и магистратура од престижен американски универзитет две години конкурирал и бил одбиван на сите државни универзитети, и во државните институции. „Се вработуваат само партиски лица, а на огласите на владата веќе не се јавувам затоа што не ме удостојуваат ниту со одговор“, вели Јордан од Скопје, потпишан како млад научник.
И информацијата за последната пресметка на Еуростат дека во последните 13 години од Македонија легално се иселиле 230 000, главно млади луѓе предизвикува повторно дебата на веб-страницата на Радио Слободна Европа: Ана од Виена пишува дека тука немала работа 7 години, а во Виена се вработиле и таа и нејзиниот партнер, и нивен другар, и неговата пријателка и сестра ѝ... “.Тие што заминале се однесуваат надмено, како само тие да знаат што има надвор од Македонија“, ја коментира Ана, МК Обсервер. Некој Владо, исто така од Австрија му порачува на МК Обсервер да подизлезе малку пред да пишува глупости, и така натаму и така натаму.
Вработување е можно само со партиска книшка, млади луѓе што размислуваат со своја глава не ѝ се потребни на ниедна влада.Коментар од читател.
Од коментарите на страдалниците дознаваме, најотворено, иако по кој знае кој пат, дека на УКИМ има корупција: Мајсторот ја советува да бара одговор од министерот за образование и од премиерот за да се види дали имаат храброст јавно да се произнесат. Но, некој Ванчо од Скопје жолчно заклучува дека „младата госпоѓа“ како што вели, „сака државна работа и во тоа бил проблемот“. И ѝ препорачува „да застане во ред или да се налути и да си оди...“
Тие што заминале се однесуваат надмено, како само тие да знаат што има надвор од Македонија.Коментар од читател.