Европскиот парламент препорача преговори Македонија - ЕУ

Архивска фотографија - делегација на ЕП на средба со премиерот Никола Груевски.

Европскиот Парламент со мнозинство ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2012 година. Ги слушна ли власта пораките од Стразбур
За резолуцијата предложена од известувачот Ричард Ховит, гласаа 505 европратреници, 61 беа против и 31 воздржани. Со оваа резолуција ЕП уште еднаш побара од Советот на Европската Унија почеток на преговорите со Република Македонија во јуни годинава.

При гласањето беа усвоени дел од амандманте поднесени од Јелко Кацин и Норица Николаи (Група на Либерали и демократи), додека отпадна амандманот на Корнелисен за името како основа за преговори и тој на Чарлс Танок, кој бараше да не се именуваат посебно „граѓаните со бугарски идентитет“ во делот од Резолуцијата каде се охрабрува преземањето мерки за надминување на поделбите по етничка и национална основа.

Претходно, на Мешовитиот парламентарен комитет македонските и европските парламентарци едногласно ја усвоија заедничката декларацаија, што е прв случај во досегашните 11 состаноци, а која се совпаѓа со текстот на Ричард Ховит

Власта не ги слуша пораките на ЕУ?

Пораките на европратениците за македонските евроинтеграции власта не сака да ги слушне, коментираат опозициските партии. Актуелното раководство е одговорно за сите состојби на надворешен план, а нивните политики не оддалечуваат од европските структури, велат од Новасоцијалдемократска партија.
Власта не покажува никаква волја Македонија да направи исчекор во НАТО и ЕУ, мислам дека дури и немаат намера. Начинот на кој ја водат надворешната политика и особено начинот на којшто тие ја сфаќаат македонската позиција, само не одалечува од евро-атланските структури.
Тито Петковски, НСДП.

„Власта не покажува никаква волја Македонија да направи исчекор во НАТО и ЕУ, мислам дека дури и немаат намера. Начинот на кој ја водат надворешната политика и особено начинот на којшто тие ја сфаќаат македонската позиција, само не одалечува од евро-атланските структури“, вели Тито Петковски од НСДП.

Мешовит комитет ЕУ Македонија. Стразбур, Франција.


За партиите од власта пораките се конструктивни и истите сигнализирале поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Тоа што дел од пораките беа директно насочени кон македонските лидери, за Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз, не е ништо ново. И Европскиот парламент е парламент како и сите други, па оттаму е нормално некои политичари да ја поддржуваат левицата, а други десницата, вели тој.
Македонскиот електорат навикна на тој тип на однесување, нас европските совети практично и не не интересираат, не ни знаеме на кој датум се одржуваат, а не пак што се решава. Во некои други балкански држави тоа не е така.
Стево Пендаровски, член на Дипломатскиот совет на СДСМ.

„Одраз на политичките состојби во Европскиот парламент се одразуваат и врз оценките што ги даваат за Република Македонија, тоа не е спорно.“

Иако првично се согласија да ги коментираат пораките од Стразбур, сепак од Демократскатра Унија за интеграција не одговорија на нашите повици за официјална изјава.

Една од пораките од Стразбур беше и онаа за нужен компромис за прашањето за името со Грција. Петковски смета дека власта нема волја и капацитет да му стави крај на овој проблем.

„Груевски бега, како што гледате сега ги пушта Али Ахмети, неговиот потпретседател на владата, само тој да остане условно речено со чисти раце по однос на прашањето на името.“

Филмот се повторува. Она што му беше ветувано на Оли Рен, а не се оствари, им се случува и на Филе и Ховит. Тие сфаќаат дека актуелната политичка власт нема намера да се зафати со решавање на горливите прашања, вели Стево Пендаровски, член на Дипломатскиот совет на СДСМ.

„Македонскиот електорат навикна на тој тип на однесување, нас европските совети практично и не не интересираат, не ни знаеме на кој датум се одржуваат, а не пак што се решава. Во некои други балкански држави тоа не е така.“

На вчерашната дебата за резолуцијата за Македонија во Европскиот парламент можеа да се слушнат многу пораки кои беа директно упатени до македонските политичари. Известувачот за Македонија Ричард Ховит истакна дека трпението е при крај, времето истекува и оти напредок мора да се постигне. Пратеникот Јелко Кацин пак порача дека е крајно време македонските лидери да се соочат со фактот дека деблокадата на интеграцијата на нивната земја зависи од нив и тие мора да сторат се што е во нивна моќ за да обезбедат европска иднина на Македонија.