Достапни линкови

Политичарите паднаа на тестот Комисија


Опозицијата се врати во Собранието на 02 март 2013, по неколкумесечната пауза заради настаните на 24 декември.
Опозицијата се врати во Собранието на 02 март 2013, по неколкумесечната пауза заради настаните на 24 декември.

Во пресрет на одржувањето на Состанокот на Европскиот совет, Македонија се уште не може да се договори за претседател на декемвриската Комисија. Со тоа се праќаат лоши пораки до меѓународната заедница, коментираат познавачите.

Експертите посочуваат дека за овој состав на Собранието политичкиот дијалог претставува предизвик, но оти е од витално значење и е неопходен. Нивниот коментар следи по неколкуте рунди неуспешни разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да ја формираат Комисијата за настаните од 24 декември во Собранието, а со крајна цел да го исполнат постигнатиот договор од 1 март и целосно да се посветат на евро-атланските интеграции на Македонија.
Собранието не е актер кој може да го реши овој спор, туку случајот е направен во Собранието. Собранието во својата активност, во својата работа, стана случај, стана проблематичен случај и тоа е разликата од порано и сега. Такво нешто никогаш не ни се случуло во нашето искуство.
Стојан Андов, поранешен пратеник.

Кај нас нема култура и нема смелост да се погледне во очи на она што се случуваше на 24 демември во Собранието и тоа зборува само за лошата ситуација во државата, вели Стојан Андов.

„Собранието не е актер кој може да го реши овој спор, туку случајот е направен во Собранието. Собранието во својата активност, во својата работа, стана случај, стана проблематичен случај и тоа е разликата од порано и сега. Такво нешто никогаш не ни се случуло во нашето искуство.“
Собрание на Македонија, 24 декември.
Собрание на Македонија, 24 декември.

Андов кој има искуство како претседател на Собранието во неколку наврати потсетува дека порано имало многу потешки одлуку од тоа да се донесе на пример некој годишен буџет. Се носеле одлуки за референдум, одлука за Устав и за негово прогласување, се носел Закон за пари, Декларација за меѓународно признавање. Се носеле крајно чувствителни одлуки, но политичарите успевале да се обединат, вели Андов.
Ние сме во ситуациај кога треба да се поддржи самитот на ЕУ, не можеме да се договориме за една Комисија, односно претседател на Комисија. Тоа се лоши пораки кон меѓународната зедница, кон ЕУ.
Исмет Рамадани, поранешен пратеник.

Вчерашното јавно соопштување на предлогот на претседателот Иванов, академик Камбовски да биде претседател на Комисијата како што се наведува во соопштението, следувше по низата претходно одржани средби и неуспешни обиди за постигнување консензус за избор на претседател на комисијата.ВМРО-ДПМНЕ се изјасни „за“ Камбовски да биде претседател на ад-хок комисијата, а СДСМ „против“

До ова доаѓа во пресрет на одржувањето на Состанокот на Европскиот совет, вели Исмет Рамадани, кој има искуство на пратеник.

„Да оставиме за битни работи кои се во интерес за државата, еве за името, ние сме во ситуациај кога треба да се поддржи самитот на ЕУ, не можеме да се договориме за една Комисија, односно претседател на Комисија. Тоа се лоши пораки кон меѓународната зедница, кон ЕУ.“

Според експертите Комисијата за испитување на случувањата на 24-ти декември е специфична работа, бидејќи првпат правиме еден вид државно партиска комисија. Парламентарната комисија секогаш може да биде блокирана од мнозинството и затоа е замислено оваа Комсија да биде државно партиска за да се избегне еветуална блокада од мнозинството.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG