Во делот за Македонија во Извештајот на Амнести Интернешнал се констатира дека Европската комисија во октомври лани повторно препорача дека треба да започнат преговори за пристап во ЕУ, но оти тие биле одложени од Европскиот совет делумно и поради продолжувањето на спорот со Грција околу името на земјата.
Исто така се додава дека односите меѓу Mакедонците и етничките Aлбанци се влошиле. Притоа се спомнуваат февруарското убиство на двајца Aлбанци од страна на македонски полицаец кој не бил на служба и неколкуте етничко мотивирани напади во Тетово и Скопје во текот на март.
Амнести интернешнал потсетува и на апсењето на, како што наведува, 20 Aлбанци по убивањето на петмина Mакедонци во близина на Скопје. Петмина од нив се обвинети за убиство и тероризам. Илјадници Aлбанци протестираа против апсењето и против оценката на органите дека тие биле терористи.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во август поднесе предлог закон за обесштетување на македонските воени и полициски сили или на нивните роднини кои се бореле во конфликтот во 2001 година. Но, тој беше отфрлен од коалицискиот партнер ДУИ, бидејќи со него не биле опфатени и припадниците на ОНА која се бореше против владините сили.
Во извештајот се прецизира и дека во октомври, Уставниот суд ја отфрли жалбата на роднините на Македонците киднапирани од ОНА за толкување на законитоста на Законот за амнестија, усвоен од Собранието во 2011 година.
Според овој закон, обвинителството поништи четири случаи за воени злосторства, вклучувајќи обвиненија во врска со киднапирањата, кои биле вратени во Македонија од Хашкиот трибунал.
Амнести Интернешнал пишува и за продолжување на обвинувањата за тортура и друго малтретирање од страна на полицијата. Народниот правобранител објави дека условите во полициските станици биле под минималните стандарди и оти затворениците ретко имале пристап до адвокат или доктор.
Што се однесува до слободата на изразување, се наведува дека предлог законот за декриминализација на клеветата бил договорен со Здружението на новинарите, но оти други новинари и медиумски работници ги критикувале предложените нови казни со страхување дека ќе предизвикаат самоцензура кај медиумите.
Владата исто така не успеа во Законот за антидискриминација да биде вклучена и ЛГТБ заедницата. Под притисок на Брисел, владата го ограничи право за напуштање на земјата најчесто на Роми и етнички Албанци.
Од јануари до октомври 8.115 македонските граѓани аплицирале за азил во ЕУ, се наведува во извештајот на Амнести интернешнал во кој се спомнува дека лани Европскиот суд за човекови права едногласно донесе одлука оти Македонија била одговорна за незаконското приведување на германскиот државјанин Калед ел Масри во 2003 година кој потоа бил пренесен во американски притвор во Авганистан.
Исто така се додава дека односите меѓу Mакедонците и етничките Aлбанци се влошиле. Притоа се спомнуваат февруарското убиство на двајца Aлбанци од страна на македонски полицаец кој не бил на служба и неколкуте етничко мотивирани напади во Тетово и Скопје во текот на март.
Амнести интернешнал потсетува и на апсењето на, како што наведува, 20 Aлбанци по убивањето на петмина Mакедонци во близина на Скопје. Петмина од нив се обвинети за убиство и тероризам. Илјадници Aлбанци протестираа против апсењето и против оценката на органите дека тие биле терористи.
Што се однесува до слободата на изразување се наведува дека предлог законот за декриминализација на клеветата бил договорен со Здружението на новинарите, но оти други новинари и медиумски работници ги критикувале предложените нови казни со страхување дека ќе предизвикаат самоцензура кај медиумите.