Според последните податоци на коалицијата Сега, околу 58 проценти од невработените се млади луѓе. Дваесет и осум проценти од нив сонуваат за работа во јавна администрација.
Кога ќе поминувате покрај Завод со кола, не отворајте прозор. Да не ве погоди Спиро со решение за работа...
Кога шетам со внук ми, го држам цврсто за рака, да не дојде Спиро да го вработи...
Младите премногу избираат што да работат. Еве мене кога ми рекоа да бидам министер, веднаш прифатив. Мора да се работи, живот!
Ова се само дел од многуте коментари кои може да се прочитаат на социјалните мрежи, откако министерот за труд и социјална работа Спиро Ристовски изјави дека во Македонија не е тешко да се најде работно место, туку проблемот е во тоа што младите одбиваат и пребираат работни места.
Од ресорното министерство појаснуваат дека неговата изјава не се темели на конкретно истражување, туку на сознанија добиени од Агенцијата за вработување.
Со свој коментар за изјавата на министерот се јавија и невладините младински организации. Од коалицијата на млади „Сега“ велат дека нивните последни истражувања покажале дека над 50 проценти од младите се пасивни во барањето работа, но дека тоа меѓу другото се должи на нивната обесхрабреност дека до работа не може да се дојде ако немате партиска книшка или роднински и пријателски врски.
„Според истражувањето што го направивме на ниво на Град Скопје, 39 отсто од младите не веруваат дека може да се вработат ако не се членови на одредена политичка партија и 28 отсто од истите не веруваат дека може да се вработат ако немаат роднински или пријателски врски“, вели извршниот директор на Сега, Зоран Илиоски.
Од Младинскиот образовен форум, пак, одговорноста за апатичниот однос на младите го лоцираат кај институциите на системот и нивната несоодветна реакција да ги поправат состојбите.
„Ако на пример забележиме дека младите се неинформирани за некоја појава, треба да се бараат начини за тие бидат информирани. Ако ние на пример подготвиме некаков документ или стратегија и младите не се запознаени со истиот, треба да се погрижиме да го преведеме или прилагодиме или промовираме на начин на кој информацијата ќе допре“, вели Дона Костуранова од МОФ.
Според Илиоски, разбирливо е и однесувањето на оние млади кои си го почитуваат своето образование и не сакаат да работат на место кое ќе биде под нивото на она за што се едуцирале. Според Костуранова, пак, една од причините за големата обесхрабреност кај младите да бидат поактивни во барањето работа е тоа што тие многу долго бараат работа, па се обидуваат да најдат механизми преку кои побрзо би се вработиле.
Од вработување.ком, пак, апелираат до младите повеќе да работат на своите вештини и преквалификација согласно потребите на пазарот на трудот. Освен дипломата во рака, за работа потребни се и други карактеристики како на пример сопствената мотивација, комуникациските вештини и др. посочува Дарко Велков од вработување.ком.
Според последните податоци на коалицијата Сега, околу 58 проценти од невработените се млади луѓе. Дваесет и осум проценти од нив сонуваат за работа во јавна администрација.
Според истражувањето што го направивме на ниво на Град Скопје, 39 отсто од младите не веруваат дека може да се вработат ако не се членови на одредена политичка партија и 28 отсто од истите не веруваат дека може да се вработат ако немаат роднински или пријателски врски.Зоран Илиоски, извршeн директор на Коалицијата на младински организации Сега.
Кога шетам со внук ми, го држам цврсто за рака, да не дојде Спиро да го вработи...
Младите премногу избираат што да работат. Еве мене кога ми рекоа да бидам министер, веднаш прифатив. Мора да се работи, живот!
Ова се само дел од многуте коментари кои може да се прочитаат на социјалните мрежи, откако министерот за труд и социјална работа Спиро Ристовски изјави дека во Македонија не е тешко да се најде работно место, туку проблемот е во тоа што младите одбиваат и пребираат работни места.
Од ресорното министерство појаснуваат дека неговата изјава не се темели на конкретно истражување, туку на сознанија добиени од Агенцијата за вработување.
Ако на пример забележиме дека младите се неинформирани за некоја појава, треба да се бараат начини за тие бидат информирани. Ако ние на пример подготвиме некаков документ или стратегија и младите не се запознаени со истиот, треба да се погрижиме да го преведеме или прилагодиме или промовираме на начин на кој информацијата ќе допре.Дона Костуранова, МОФ.