Говорот на омраза раѓа насилства

Директорката на Хелсиншкиот комитет на Македонија Уранија Пировска и членот на комитетот Воислав Стојановски на прес-конференција во Скопје.

Ние во многу наврати, во нашите извештаи сме потсетувале дека говорот на омраза може да генерира злосторства сторени од омраза, и тоа се случува, особено што зад говорот на омраза многу често, а тоа најчесто е кога станува збор на ЛГБТ заедницата, стојат и службени лица од одредени министерства, вели извршната директорка на Хелсиншки комитет Уранија Пировска.
Растечката појава на говор на омраза почнува да генерира и злосторства сторени од омраза, констатираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тие пред два месеци започнаа со проект со кој ќе се обидат да дадат реална слика како Македонија се справува со случаите на злосторства мотивирани од омраза.
Тие стигнуваат до јавните обвинителства како кривични пријави. Иако јавното обвинителство има можност да ја смени квалификацијата на кривичното дело, тоа не се случува. И судијата во текот на судската постапка може и самиот да ја смени квалификацијата кога ќе препознае дека се работи за злосторство од омраза, тоа не се случува.
Воислав Стојановски, правен советник во Хелсиншки комитет.

Од Хелсиншкиот комитет велат дека институциите најчесто не ги препознаваат овие злосторства и ги водат како други видови на кривични дела. Воислав Стојановски, правен советник во Хелсиншки комитет за човекови права, вели дека приказната започнува со полицијата која дури и да ги открие сторителите против нив поднесува кривична пријава за сторено насилство, што не е исто со злосторство од омраза кое е потешко дело. А потоа приказната продолжува и низ судовите.

„Тие стигнуваат до јавните обвинителства како кривични пријави. Иако јавното обвинителство има можност да ја смени квалификацијата на кривичното дело, тоа не се случува. Така се оди на судење. И судијата во текот на судската постапка не мора да се држи до обвинителниот акт на јавните обвинители и може и самиот да ја смени квалификацијата кога ќе препознае дека се работи за злосторство од омраза, тоа не се случува.“
Секако дека политиката има тука удел. Ние во многу наврати, во нашите извештаи сме потсетувале дека говорот на омраза може да генерира злосторства сторени од омраза, и тоа се случува, особено што зад говорот на омраза многу чест стојат и службени лица од одредени министерства.
Уранија Пировска, извршна директорка, Хелсиншки комитет за човекови права.

Но, освен институциите и граѓаните најчесто не препознаваат дека се работи за злосторство од омраза. Извршната директорка на Хелсиншки комитет Уранија Пировска вели дека се насетува тенденција на прикривање на овие дела, со што на граѓаните не им се дава информација дека делата сторени против нив се мотивирани од омраза. На прашањето колку политиката може да има удел во злосторствата од омраза, Пировска одговара.

„Секако дека политиката има тука удел. Ние во многу наврати, во нашите извештаи сме потсетувале дека говорот на омраза може да генерира злосторства сторени од омраза, и тоа се случува, особено што зад говорот на омраза многу често, а тоа најчесто е кога станува збор на ЛГБТ заедницата, стојат и службени лица од одредени министерства.“

Од март до сега од Хелсиншкиот комитет регистрирале 35 инциденти. А за потребите на проектот побарале информации од судовите и обвинителствата за последните 3 години. Во тој период имало 14 предмети кои се воделе како злосторства од омраза, од кои 3 се се уште активни. Највисоката казна за овој тип на злосторства изречена во земјата е затворска од 5 месеци, а најчесто се изрекувани условни казни. Во земјава најзастапени злосторства од омраза се тие мотивирани по етничка и верска основа и омраза кон припадниците на ЛГБТ заедницата.

Во рамки на проектот функционира и портал преку кој граѓаните ќе можат да пријавуваат случаи на злосторства од омраза, а Хелсиншкиот комитет понатаму ќе постапува по нив.