„Хоспиталниот протокол“ покритие за неуспешните реформи?

Илустрација.

Однесувањето и облекувањето во болниците треба да биде грижа на лекарската комора, но не и средство за прикривање на неуспесите во спроведувањето на ветените реформи, реагираат лекарите.
Новиот протокол на однесување и на облекување во јавните здравствени установи е нешто што се подразбира и е прва лекција за оние кои имаат намера да студираат медицина, се регулира со кодекси, треба да биде грижа на лекарската комора, но не и средство за прикривање на неуспесите во спроведувањето на ветените реформи или обид да се остане на нивната површината, реагираат лекарите, откако министерот Тодоров најави дека овој начин на однесување ќе стане дел и од договорите за работа на лекарите во јавното здравство.
Вработените треба да се примаат на сериозен конкурс за работа според квалификациите, а не според партиската припадност, тоа е прво.
Спасе Јовковски, универзитетски професор.

„Нема збор дека тоа е така, тоа се подразбира, но да не е тоа периферниот проблем во здравството. Ако се почне од тоа нема далеку да стигнеме, тоа ќе заврши, другите проблеми нека се решат“, вели професор Спасе Јовковски.

„Тоа што тие го зборуваат, тоа е старо две илјади и кусур години, значи има стари документи за односи, за комуникација, за сè“, вели професор Владимир Борозанов.
Лично бев на преврска, мене ми ги вадеа конците со скалпел што седи во алкохол. Мене, на нивен професор, зашто не може за секој пациент да отвораат нов, стерилизиран скалпел.
Владимир Борозанов, универзитетски професор.

Колку и да звучи неостварливо да се спроведат барањата, единствено со нив може да се смени перцепцијата за здравствените установи и да се надминат проблемите кои се предизвикани од недоличната комуникација, посочи министерот Тодоров. Тој рече дека токму во хоспиталната култура ја гледа суштинската разлика меѓу јавните здравствени установи во Македонија и во странство. За Јовковски и Борозанов сепак станува збор за периферен проблем кој фрла во позадина многу суштински нерешени проблеми во здравството.

„Вработените треба да се примаат на сериозен конкурс за работа според квалификациите, а не според партиската припадност, тоа е прво“, вели Јовковски.

„Лично бев на преврска, мене ми ги вадеа конците со скалпел што седи во алкохол. Мене, на нивен професор, зашто не може за секој пациент да отвораат нов, стерилизиран скалпел“, вели Борозанов.

Тој смета дека ваквите мерки произлегуваат од други тенденции.

„Неспособноста на здравствените власти да си ги спроведат ветените мерки и реформи како што треба и за тоа да си консултираат и да соработуваат со паметни луѓе коишто ги има во државата.“

Новиот протокол предвидува ненаметлив дрес-код за здравствените работници. Бел мантил ќе може да носи само лекар, сестрата ќе биде облечена во светло син мантил, болничарот во светло сив, а техничкиот персонал во црвен или бордо. Регулиран е и начинот на комуникација - доктор со презиме, сестра со име, сестрата да треба да го најави пациентот пред да влезе кај докторот и веднаш да излезе, зачувувањето на професионалната и деловна тајна, почитувањето на титулата, забрана за повишување на тонот, а забрането ќе биде и водењето на приватни телефонски разговори пред пациентите.