Во Градската oпшта болница „8 Септември“ кадешто со контролите на министерството за здравство беа констатирани сериозни несовпаѓање меѓу внесените податоци од лекарите и реалната состојба, специјалиститите наведуваат дека нема да направат корекција на платата зошто сметаат дека сите податоци се точни освен еден.
Нашите вработени реално и чесно ги внесуваат податоците, изјави доктор Сашо Сточјев раководител на болницата. Кога ќе се направи анализа, бројот на извршените прегледи е поголем од реално прикажаните по успешност. Суштината е во тоа дека одредени услуги не може да бидат прикажани во системот на плаќање по учинок особено оние што се работат за време на дежурство, вели доктор Стојчев.
„Се што ќе сработи дали се тоа операции, прегледи или било какви прегледи во време на дежурство, не можат да се бодираат и затоа кај нас се појавува зголемен број на услуги кои не се во целост прикажани како услуги за плаќање по успешност, односно по учинок. Работата за дежурство од 24 часа се бодира како 100 отсто учинок, значи се што ќе сработи во текот на дежурството не постои начин да биде дополнително прикажано.“
По завршувањето на првото тромесечие откако се воведе плаќањето по учинок за лекарите, и извршениот прв инспекциски увид од страна на Министерството за здравство во Градската општа болница 8-ми Септември кај лекарите повторно има незадоволство. Независниот синдикат на Клиничкиот центар и дел од гранковиот синдикат на здравствените работници не се потпишаа на договорот на министерот Никола Тодоров за менување на проектот за плаќање по учинок.
Министерството тогаш немаше слух за она што Синдикатот коментираше.
Доктор Снежана Ѓеоргиева еден од лекарите кои свовремено штрајуваа вели дека се покажаа слабостите на кои тие добронамерно укажуваа.
„Ги покажува слабостите на кои ние пред се укажувавме, затоа што ние пред се сме лекари, знаеме како реагираат колегите, бидејќи работиме тимски, сето тоа беше укажано, дека не може да се стави во вакви математички рамки, меѓутоа не бевме послушани.“
Од Клиничкиот синдикат до министерот по ставањето на штрајкот во мирување беше испратена покана да се направи овој проект да заживее, но да смести таму каде што треба да биде во делот на наградата, а не во делот на платата.
Денеска истекува рокот до кој здравствените институции треба да извршат корекција и да видат дали има неусогласеност меѓу електонската евиденција во системот за плаќање по учинок и здравствениот дневник. Од задутре министерството најавува дека повторно ќе има контроли во здравствените установи во врска со спроведуавање на проектот плаќање по учинок, по што ќе се знае дали ќе бидат исплатени платите во целост таму каде што беа стопирани.
Се што ќе сработи дали се тоа операции, прегледи или било какви прегледи во време на дежурство, не можат да се бодираат и затоа кај нас се појавува зголемен број на услуги кои не се во целост прикажани како услуги за плаќање по успешност, односно по учинок.Сашо Стојчев, Градска општа болница 8 септември.
Нашите вработени реално и чесно ги внесуваат податоците, изјави доктор Сашо Сточјев раководител на болницата. Кога ќе се направи анализа, бројот на извршените прегледи е поголем од реално прикажаните по успешност. Суштината е во тоа дека одредени услуги не може да бидат прикажани во системот на плаќање по учинок особено оние што се работат за време на дежурство, вели доктор Стојчев.
„Се што ќе сработи дали се тоа операции, прегледи или било какви прегледи во време на дежурство, не можат да се бодираат и затоа кај нас се појавува зголемен број на услуги кои не се во целост прикажани како услуги за плаќање по успешност, односно по учинок. Работата за дежурство од 24 часа се бодира како 100 отсто учинок, значи се што ќе сработи во текот на дежурството не постои начин да биде дополнително прикажано.“
Ги покажува слабостите на кои ние пред се укажувавме, затоа што ние пред се сме лекари, знаеме како реагираат колегите, бидејќи работиме тимски, сето тоа беше укажано, дека не може да се стави во вакви математички рамки, меѓутоа не бевме послушани.Доктор Снежана Ѓеоргиева.