Во средината на јуни, на локации крај Преспанско Езеро, ќе започне снимањето на „Деца на сонцето“, третиот долгометражен филм на режисерот Антонио Митриќески. Сценариото за овој копродукциски проект е на познатиот балкански автор Гордан Михиќ, снимател ќе биде Јарек Шода од Полска, автор на музиката е Влатко Стефановски, а во филмот играат Кире Ѓорески, Ивана Павлаковиќ, Милица Стојанова, Владо Јовановски, Ѓорѓи Јолевски, Ацо Дуковски и други.
Се одлучив да портретирам една македонска фамилија. Преку неа ќе дадам дијагноза на општеството. Сакам да направам пресек на сите нивни желби, мечти, илузии, на сите премрежиња низ кои поминуваат како еден прототип на балканско, односно македонско семејство.
Ова ќе го забележи режисерот Антонио Митрикески во пресрет на почетокот на снимањето на својот трет долгометражен игран филм „Деца на сонцето“, кој доаѓа по една деценија од реализацијата на „Како лош сон“ и цели 16 години откако ја раскажа приказната за љубовта на Кочо Топенчаров во „Преку езерото“ од 1997 година.
Тој дополнува дека одбрал да ја претстави ваквата општествена единка затоа што во фамилијата има односи кои што се чисти и разбирливи за целиот свет и дека покрај тоа што филмот и го наменил на широката публика сака да проговори и за менталитетот на македонскиот народ.
„Покрај желбата филмот да биде наменет за публиката, значи да биде гледан, се трудам да го опфатам менталитетот на македонскиот народ и да не избегам од вистината. Најмногу што ме интересира во овој филм е токму барањето на вистината. Сите моменти во сценариото се вистинити наспроти тоа што тоа е можеби малку тргикомично, бајковито, издигнато и се бави со наоѓањето на златен антички артефакт на Преспанското Езеро.“
Сценариото е на Гордан Михиќ, познатиот балкански автор кој меѓу другите ги има потпишано сториите за успешните „Среќна нова ’49“, „Дом за бесење“, „Црна мачка бел мачор“, „Заборавени“ и „Туѓа Америка“.
„Деца на сонцето“ е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко, а за нив се задолжени младите Кире Ѓорески (актер, пантомимичар и балетан по современ танц школуван во Бугарија) и Ивана Павлаковиќ, студентка на ФДУ. Покрај нив, во филмот на Митриќески играат Владо Јовановски, Милица Стојанова, Мето Јовановски, Ацо Дуковски, Ѓорѓи Јолевски, Данчо Чевревски, Билјана Таневски, Камка Тоциновски, Мартин Мирчев, Сашо Коцев и три дечиња за чии ликови режисерот смета дека се многу важни оти во суштина тие се симбол на полетноста на делото.
„Не можеш да глумиш кога во кадар до тебе има дете. Во таа смисла, тоа приближување кон документаризмот е еден жанр кој мене ме привлекува и кој мислам дека може да биде убав квалитет во овој филм“, потенцира актерот Владо Јовановски.
Од друга страна, Влатко Стефановски, по цели 16 години од „Џипси меџик“ на Столе Попов, повторно се јавува како автор на музиката за еден македонски игран филм. Тој веќе го снимил насловниот сонг, а интересно е и што во „Деца на сонцето“ ќе има епизодна улога.
„Посебно ми годи тоа што добив и една епизодна улога. Ќе видиме како сето тоа ќе го преживеам. Ќе глумам човек што е музичар, што свири гитара и што е пријател на фамилијата околу која се сите дејствија во филмот. Значи, нема да треба да се преправам во полицаец, пожарникар, цариник или рецепционер.“
Кон ова само уште информацијата дека директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, колега на Митриќески од студентските денови на Филмската академија во Лоѓ и човекот што го сними и „Како лош сон“, а за костимите е задолжена Зорица Тодорова – Младеновиќ.
Филмот е предвидено да се снима за 36 работни денови во преспанскиот регион (Ресен, Отешево и Претор), потем уште четири дена се планира екипата да работи во Битола, а остатокот во Скопје и се понагласено се размислува и за локации во Црна Гора.
Инаку, „Деца на сонцето“ е копродукциски проект во кој засега покрај македонските „Хоризонт филм“ и „Револушн продукција“ се влезени и компании од соседна Србија и од Црна Гора, а во тек се преговорите и со партнери од Словенија, Хрватска и од Бугарија, а авторите се надеваат дека филмот ќе биде готов до крајот на оваа календарска година по што би следувала неговата премиера на некој од познатите светски филмски фестивали.
Покрај желбата филмот да биде наменет за публиката, значи да биде гледан, се трудам да го опфатам менталитетот на македонскиот народ и да не избегам од вистината. Најмногу што ме интересира во овој филм е токму барањето на вистината. Сите моменти во сценариото се вистинити наспроти тоа што тоа е можеби малку тргикомично, бајковито, издигнато и се бави со наоѓањето на златен антички артефакт на Преспанското Езеро.Антонио Митриќевски, режисер.
Ова ќе го забележи режисерот Антонио Митрикески во пресрет на почетокот на снимањето на својот трет долгометражен игран филм „Деца на сонцето“, кој доаѓа по една деценија од реализацијата на „Како лош сон“ и цели 16 години откако ја раскажа приказната за љубовта на Кочо Топенчаров во „Преку езерото“ од 1997 година.
Тој дополнува дека одбрал да ја претстави ваквата општествена единка затоа што во фамилијата има односи кои што се чисти и разбирливи за целиот свет и дека покрај тоа што филмот и го наменил на широката публика сака да проговори и за менталитетот на македонскиот народ.
„Покрај желбата филмот да биде наменет за публиката, значи да биде гледан, се трудам да го опфатам менталитетот на македонскиот народ и да не избегам од вистината. Најмногу што ме интересира во овој филм е токму барањето на вистината. Сите моменти во сценариото се вистинити наспроти тоа што тоа е можеби малку тргикомично, бајковито, издигнато и се бави со наоѓањето на златен антички артефакт на Преспанското Езеро.“
Не можеш да глумиш кога во кадар до тебе има дете. Во таа смисла, тоа приближување кон документаризмот е еден жанр кој мене ме привлекува и кој мислам дека може да биде убав квалитет во овој филм.Владо Јовановски, актер.
Сценариото е на Гордан Михиќ, познатиот балкански автор кој меѓу другите ги има потпишано сториите за успешните „Среќна нова ’49“, „Дом за бесење“, „Црна мачка бел мачор“, „Заборавени“ и „Туѓа Америка“.
„Деца на сонцето“ е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко, а за нив се задолжени младите Кире Ѓорески (актер, пантомимичар и балетан по современ танц школуван во Бугарија) и Ивана Павлаковиќ, студентка на ФДУ. Покрај нив, во филмот на Митриќески играат Владо Јовановски, Милица Стојанова, Мето Јовановски, Ацо Дуковски, Ѓорѓи Јолевски, Данчо Чевревски, Билјана Таневски, Камка Тоциновски, Мартин Мирчев, Сашо Коцев и три дечиња за чии ликови режисерот смета дека се многу важни оти во суштина тие се симбол на полетноста на делото.
Посебно ми годи тоа што добив и една епизодна улога. Ќе видиме како сето тоа ќе го преживеам. Ќе глумам човек што е музичар, што свири гитара и што е пријател на фамилијата околу која се сите дејствија во филмот. Значи, нема да треба да се преправам во полицаец, пожарникар, цариник или рецепционер.Влатко Стефановски, музичар.