Достапни линкови

Влатко Стефановски - Нема место за петте минути слава од Лондон


Влатко Стефановски, Теодосиј Спасов и Мирослав Тадиќ, како круна на првата етапа од својата турнеја насловена како „Балканска треска“, на 31 јануари со Лондонскиот симфониски оркетар и Кристијан Јарви како диригент, го наполнија престижниот „Барбикан центар“. Наедно македонскиот виртуоз ја доби и наградата „Фипресци“ за најдобра филмска музика во 2012 година за филмот „Кога ќе раздени“ на режисерот Горан Паскаљевиќ, а го најавува и појавувањето на својот нов студиски албум.

Влатко Стефановски поодамна е најангажираниот македонски музичар со интернационална кариера. Еден од ретките кои надалеку е синоним за виртуозност и творец кој влегува во тесниот круг на оние кои ја чинат реалната звучна слика за колоритниот Балкан во глобални рамки.
Сепак доаѓам од една мала земја која се уште се бори за своето место под сонцето со сите оние наши фрустрации и проблеми кои што ги имаме и конечно се наоѓам во центарот на една империја и конечно настапувам со нивниот најпрестижен ансамбл. Тука навистина многу длабоки нешта во мене се будат и имам некакво чувство на триумф, некакво чувство на победа или барем на моментално задоволство затоа што го правам тоа што го правам токму таму и токму со тие музичари околу мене.
Влатко Стефановски, музичар.

Од таму, познавачите веќе не ги изненадува фактот што тој само во јануари годинава најнапред свиреше со Сифонискиот оркестар на Монте Карло, потем со Лајпцишкиот симфониски оркестар под раководство на Естонецот Кристијан Јарви, еден од најхаризматичните диригенти во моментов во Европа, па на Фламенко фестивал во Амстердам со неколкумина шпански колеги, за да конечно со своите долгогодишни музички собеседници Теодосиј Спасов и Мирослав Тадиќ, како солисти пред Лондонскиот симфониски оркестар, го наполнат престижниот „Барбикан центар“ во многунационалната британска престолнина.

Нивната „Балканска треска“, инаку репертоарски обмислена како идеален спој на композиции од творештвото на големиот бугарски мајстор на кавал со македонските класики како „Јовка Кумановка“, „Елено ќерко“, „Не си го продавај Кољо чифлигот“, „Калајџиско оро“..., им донела спектакуларен концерт со дури четири стоечки биса.

„Сепак доаѓам од една мала земја која се уште се бори за своето место под сонцето со сите оние наши фрустрации и проблеми кои што ги имаме и конечно се наоѓам во центарот на една империја и конечно настапувам со нивниот најпрестижен ансамбл. Тука навистина многу длабоки нешта во мене се будат и имам некакво чувство на триумф, некакво чувство на победа или барем на моментално задоволство затоа што го правам тоа што го правам токму таму и токму со тие музичари околу мене.“
Секој нов концерт е нов предизвик и нова опасност да се слизнеш. Свесен сум за тие опасности а од друга страна јас сум таму поканет како солист и моите соло партии се нешто што поради што ме викнале таму. Конечно свириме музика која што многу добро ја имам совладано. Свириме македонска или балканска музика. Свириме музика која исто така пружа една голема слобода.

Со оглед на пребукираноста на Јарви кој живее во САД, како што забележува Стефановски, тројцата виртуози оваа своја звучна авантура најверојатно ќе ја продолжат на крајот на 2013 година кога на концертот во Скопје зад себе ќе ја имаат Македонската филхармонија.

„Работиме на случајот и мислам дека сме блиску до договор така што ќе биде многу возбудливо и за нашата публика и за нас да настапиме дома. Исто така се планира и концерт во Софија со тамошниот симфониски оркестар, што подразбира дека „Балканска треска“ како турнеја го продолжува својот живот со планирање на нашите идни потфати.“

Стефановски дополнува дека во пресрет на перформансот во Лондон тие биле гости и на прочуеното „Би-Би-Си радио 3“ каде интервјуто било следено со изведба на три македонски песни, а говорејќи за тоа дали тој лично како „фјужн-музичар“ по толку многу настапи со различни формации се чувствува комотно како солист пред големите симфониски оркестри истакнува дека опасностите демнат, но дека ги надминал таквите фрустрации.
Во меѓувреме многу работи се изменија околу начините на конзумирање на музика. Цедеата одат многу побрзо во заборав отколку што заминаа винилите. Тие стануваа некакви меѓумедиуми кои нити се нешто што треба да се собира во колекција нити се нешто што треба да се фрли во контернјер. Сега сите слушаат музика на своите мобилни телефони, ајапди и слично и затоа се мислам дали да го закачам албумот на интернет, дали да го продавам, дали да го подарам...Ете тоа се прашањата што сега ми ѕвонат во главата.


„Секој нов концерт е нов предизвик и нова опасност да се слизнеш. Свесен сум за тие опасности. а од друга страна јас сум таму поканет како солист и моите соло партии се нешто што поради што ме викнале таму. Конечно свириме музика која што многу добро ја имам совладано. Свириме македонска или балканска музика. Свириме музика која исто така пружа една голема слобода. Јас пред себе немам партитури до кои морам да се држам. Темите кои ги свириме добро ги познавам, а солата ги вадам од својата најдлабока потсвест, така штио немам фрустрации. И да промашам некој тон во моите сола не се казнувам многу строго, затоа што не мислам дека тоа е голема драма. Голема драма е да згрешиш цел концерт. Да се појавиш неспремен, фрустриран, нерасположен и намќорест. Тоа е голема грешка. Инаку, ако со полна душа, срце и со полна физичка концентрација и енергија се појавиш пред публика немаш од што да се плашиш. Треба само да се препуштиш на оние сили кои што те водат. “

Македонскиот гитарист потенцира дека овие концерти се толку значајни и гламурозни што на некој начин комплетно го исполнуваат, но како што вели, сепак „не се живее од ловорики, туку од работа“ и тој е повторно во своето студио каде што вежба и се обидува да најде нови музики, нови решенија и нова инспирација и каде што „нема место за петте минути слава од Лондон“.

Во „Езотерија саунд“, помеѓу два концертни подиума, Влатко Стефановки цели три ипол години работи на својот нов соло албум, следбеникот на „Кула од карти“ од 2003 година.

„Сега го ставам тој албум на искушение. Сакам да видам дал ќе „преживее“. Текстовите ги пишував пред две ипол години и сега се обидувам да видам дали држат вода тие текстови и тие песни. Дали се релевантни за денес и за годините што доаѓаат. Не сакам да објавам уште еден албум на Влатко Стефановски, туку сакам да објавам нешто што ќе трае и што ќе има смисла.“

Тој информира дека би сакал новата објава да ја комплетира пролетва, но забележува дека пред себе има уште еден куп прашања кои не се врзани со самата музика туку со медиумот на кој тој музички материјал треба да биде публикуван и достапен за преслушување.

„Во меѓувреме многу работи се изменија околу начините на конзумирање на музика. Цедеата одат многу побрзо во заборав отколку што заминаа винилите. Тие стануваа некакви меѓумедиуми кои нити се нешто што треба да се собира во колекција нити се нешто што треба да се фрли во контернјер. Сега сите слушаат музика на своите мобилни телефони, ајапди и слично и затоа се мислам дали да го закачам албумот на интернет, дали да го продавам, дали да го подарам...Ете тоа се прашањата што сега ми ѕвонат во главата.“

Од друга страна, на неколку часа пред триумфалниот концерт во лондонскиот „Барбикан центар“, Стефановски бил информиран дека е добитник на наградата од „Фипресци“ за најдобра филмска музика во 2012 година за филмот „Кога ќе раздени“ на режисерот Горан Паскаљевиќ. Признанието од 1993 година го доделуваат филмските критичари на Србија, а финалната тема за ова остварување е снимена во Скопје со голем симфониски оркестар за кого оркестрациите ги направи Дамир Имери.

„Драго ми е што луѓето ја препознаа таа музика и што ја слушнаа како што треба и што наградата дојде кај мене. Тоа е мој 12 игран филм и соработката со Паскаљевиќ беше навистина многу плодна, процесот на подготовка траеше скоро година дена и јас навина сум им благодарен на сите 80-тина инструменталисти и хористи кои отсвиреа или отпеаја барем еден тон на таа музика и посебно сум му благодарен на Дамир Имери кој со својот талент и умеење распиша еден раскошен аранжман за хор и симфониски оркестар. Мислам дека и во иднина ако добивам понуди за филм ќе се обидам да правам музика која ќе ја красат богати изразни средства.“

Инаку, викендов Стефановски со своето трио по четврти пат ќе настапи во сареевскиот клуб „Колосеум“, во април по објавувањето на дивидито со снимката од концертот на „Кинг оф стринг“, заедно со Австралиецот Томи Емануел и Холанѓанецот Стокело Розенберг наново ќе свират во Белград, потем во Загреб, Љубљана, Виена и Амстердам, истата екипа летово ќе музицира и на Корзика, а гитаристот нагласува дека ако во меѓувреме излезе и неговиот соло албум, тогаш со сите гости на него, ќе одржи и неколку промотивни концерти во Македонија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG