Изборот на претседател на новиот општински совет во Битола ги скара советниците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Од владејачката партија гласаа за Силвана Анѓелевска, која го водеше советот во претходниот мандат. Опозицијата е против нејзиниот избор, бидејќи таа работела само во интерес на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Со кавги започна работата на новиот општински Совет во Битола. Партиските копја на мнозинството советници кои и овој пат се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата на чело со СДСМ, се вкрстија поради изборот на претседател на Советот.
Советниците од владејачката партија ја изгласаа Силвана Анѓелевска за претседател, која советот го водеше и во претходниот мандат. Опозицијата гласаше против.
Јулијана Силјановска и Златко Ќурчиевски од СДСМ се пожалија:
„Во претходниот Совет ни еден предлог од опозицијата, а ги имаше многу, не беше прифатен од позицијата на чело со Силвана Анѓелевска. Еден посвеж пример кога стануваше збор за предлог од буџетот на општина Битола да се издвојат милион денари средства, помош за планинарското друштво Пелистер за опожарениот дом Копанки. После неколку сомнителни координации тој предлог беше одбиен“, рече Силјановска.
„Таа требаше да се издигне над партиските диктати и да се води исклучиво по Статутот и Деловникот за работа. Ни еден од тројцата претседатели на Совет во изминатите осум години не се ни доближија до моите желби за тоа како треба да работат. Да не дозволат кон едната група советници да се однесува како мајка, а кон другата како маќеа“, рече Ќурчиевски.
Според советниците од ВМРО-ДПМНЕ коментарите на опозицијата не држат место.
„Уште од првиот ден да ве има пред камерите и кога треба и кога не треба, и кога имате што да кажете и кога не“, рече Благој Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Старо-новата претседателка Анѓелевска вети дека ќе работи во интерес на сите граѓани.
„Ние имаме сигурно респект кон 20 илјади гласачи кои го дадоа гласот за вас, но и вие имајте респект за 26 илјади гласачи што го дадоа гласот за нас. Но, да имаме респект кон сите граѓани. Тука сме сите со една цел, подобра и поубава Битола“, изјави Анѓелевска.
Во претходниот Совет ни еден предлог од опозицијата, а ги имаше многу, не беше прифатен од позицијата на чело со Силвана Анѓелевска.Јулијана Силјановска, советничка од СДСМ во општина Битола.
Советниците од владејачката партија ја изгласаа Силвана Анѓелевска за претседател, која советот го водеше и во претходниот мандат. Опозицијата гласаше против.
Јулијана Силјановска и Златко Ќурчиевски од СДСМ се пожалија:
Ние имаме сигурно респект кон 20 илјади гласачи кои го дадоа гласот за вас, но и вие имајте респект за 26 илјади гласачи што го дадоа гласот за нас. Но, да имаме респект кон сите граѓани.Силвана Анѓелевска, претседателка на Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.