Индустриското производство во првиот квартал годинава, и покрај растот во февруари и во март, е за 3 отсто помало отколку во првото тримесечје од 2009 година.
Индустриското производство расте втор месец по ред, но сè уште не го достигнало нивото од пред почетокот на кризата.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во март годинава во споредба со истиот месец минатата година пораснало за 4,2 отсто. Во февруари годинава, растот беше 4,5 отсто во однос на февруари 2012 година. Растот во првиот квартал годинава е 2,7 отсто во споредба со првите три месеци минатата година.
Ако се погледнат извештаите за минатите години, се гледа дека индустриското производство во првиот квартал годинава, и покрај растот во февруари и во март, е за 3 отсто помало отколку во првото тримесечје од 2009 година. Ова се должи на тоа што индустриското производство во првиот квартал остварува раст во 2011 година и благ раст годинава, но бележи падови во 2010 и во 2012 година. Тоа значи дека индустријата сè уште се бори да се врати на нивото од пред 4 години.
Универзитетскиот професор Јован Пејковски вели дека растот е позитивен сигнал, но оти состојбите во Македонија во голема мера ќе зависат од економската ситуација во ЕУ, која е најголем пазар за извоз на македонските производи. Враќањето на нивото од пред кризата најмногу ќе зависи од стапките на остварен раст на индустриското производство, вели Пејковски.
„Науката обично смета дека е потребно двојно повеќе време од падот за да се врати економијата во нормала, но сепак зависи каква ќе биде стапката на раст. Ако стапката на раст се забрзува, и тоа време се скратува, што значи дека треба време, но многу е битна динамиката и темпото. Што е динамика и темпо? Значи, ако стапката на раст од над четири отсто отиде уште погоре, тоа значи дека и времето се скратува“, вели Пејковски.
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека растот, ако така може да се нарече, е резултат на примарната индустрија.
„Тоа значи дека Македонија извезува ресурси, значи извезува суровини, односно економијата ни е базирана на примарно производство. Ако направиме една анализа на богатството на земјите, ќе видиме дека најсиромашни земји се оние земји кои извезуваат ресурси. Сè додека ние не направиме финализација на производи, сè додека не направиме индустрија, ние не можеме да очекуваме сериозен, реален и константен раст на индустриското производство“, вели Витанов.
Според главните индустриски групи, производството во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст кај енергија за 16,2 отсто, капитални производи за 36,1 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 26,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,6 отсто, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 18,5 отсто.
Науката обично смета дека е потребно двојно повеќе време од падот за да се врати економијата во нормала, но сепак зависи каква ќе биде стапката на раст. Ако стапката на раст се забрзува, и тоа време се скратува.
Јован Пејковским универзитетски професор.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустриското производство во март годинава во споредба со истиот месец минатата година пораснало за 4,2 отсто. Во февруари годинава, растот беше 4,5 отсто во однос на февруари 2012 година. Растот во првиот квартал годинава е 2,7 отсто во споредба со првите три месеци минатата година.
Ако се погледнат извештаите за минатите години, се гледа дека индустриското производство во првиот квартал годинава, и покрај растот во февруари и во март, е за 3 отсто помало отколку во првото тримесечје од 2009 година. Ова се должи на тоа што индустриското производство во првиот квартал остварува раст во 2011 година и благ раст годинава, но бележи падови во 2010 и во 2012 година. Тоа значи дека индустријата сè уште се бори да се врати на нивото од пред 4 години.
Сè додека ние не направиме финализација на производи, сè додека не направиме индустрија, ние не можеме да очекуваме сериозен, реален и константен раст на индустриското производство.Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.