Порастот на индустриското производство за над 4 отсто во февруари не значи ништо ако се има предвид дека индустријата беше во минус повеќе од една година, велат дел од економистите. Според нив, за вистински раст на индустриското производство потребен е постојан раст повеќе од година и половина, а не само во еден месец.
Универзитетскиот професор Никола Поповски вели дека порастот секако е добра вест, но не треба да се залажуваме. Тој пораст е само во однос на февруари минатата година, потсетува поранешниот министер за финансии.
„Индустриското производство во целина сè уште се намалува. Нормално е сега, дури и со намалено индустриско производство резултатите да почнат статистички да стануваат позитивни, затоа што ако веќе два февруари по ред паѓало индустриското производството, во 2011 и во 2012 година, и мало поместување сега во 2013 година ќе покаже раст во однос на 2012 година, но ако го споредите индустриското производство со пред две или три години кога почна да се намалува, ние сè уште сме на пониско ниво од тогаш.“
За опоравување потребно е статистиката да покажува позитива минимум толкав период колку што беше и падот, кој беше драстичен со по 6, 7 или 8 проценти месечно, вели Поповски.
„Не треба еуфорично да се прима овој резултат, затоа што ништо не покажува, буквално ништо. Индустриското производство да речеме во февруари оваа година сè уште е помало од февруари 2011 или од февруари 2010 година, што значи дека многу внимателно треба да се пристапи, особено што порастот не е во сите сектори од индустриското производство, туку во неколку концентрирани сектори“, вели Поповски.
Според Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија, станува збор за периодичен, цикличен тренд.
„Не може да се каже дека одеднаш ние заживеавме, но постепено ако се задржат овие трендови на ликвидност, на навремена исплата на долговите на државата кон стопанството што е побарано од страна на бизнис секторот, се надеваме дека овој тренд пополека ќе заживува.“
Потребно е да се избегне ланскиот надолен тренд на производството со примена на одржлива стратегија, вели Кучи.
„Трендот е нагорен, меѓутоа и е нормален, периодичен, на некој начин цикличен, меѓутоа не дава некоја надеж дека ќе може да се одржи ако немаме стратегија за одржување на истиот, односно како да не ни се случи и догодина истиот тренд“, вели Кучи.
Инаку, во јануари годинава се забележа пад од 1.3 проценти во споредба со истиот период лани.
Индустриското производство во целина сè уште се намалува. Нормално е сега, дури и со намалено индустриско производство резултатите да почнат статистички да стануваат позитивни, затоа што ако веќе два февруари по ред паѓало индустриското производството, во 2011 и во 2012 година, и мало поместување сега во 2013 година ќе покаже раст во однос на 2012 година, но ако го споредите индустриското производство со пред две или три години кога почна да се намалува, ние сè уште сме на пониско ниво од тогаш.Никола Поповски, поранешен министер за финансии.