Истражувањата на невладиниот сектор години наназад укажуваат на фактот дека вакциналниот статус на децата Роми е многу понизок, што не кореспондира со изјавите на Министерството за здравство. Па затоа се прашуваме дали навистина опфатот со сите вакцини на децата во Македонија е во просек 95 отсто?, пишува Несиме Салиоска, извршен директор, на здружение РОМА С.О.С., во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Под мотото „Заштити го светот, вакцинирај се“ од 22 до 27 април годинава во Република Македонија по осми пат се одржува Европската недела на имунизација. Целта е да се подигне свеста на родителите зошто е потребно да се вакцинираат нивните деца, особено кога се јавуваат антивакцинални кампањи, што може да го загрозат животот на најмладите и да вратат епидемии кои веќе се искоренети.
Министерството за здравство изјави дека опфатот со имунизација на децата во Македонија е околу 95 отсто што е исто така предвидено и со Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса на лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација на Министерството за здравство од 12 мај 2010.
Од друга страна, истражувањата на невладиниот сектор години наназад укажуваат на фактот дека вакциналниот статус на децата Роми е многу понизок, што не кореспондира со изјавите на Министерството за здравство.
Па затоа се прашуваме дали навистина опфатот со сите вакцини на децата во Македонија е во просек 95 отсто?
Во 2012 година преку национална инцијатива поддржана од Фондација Отворено Општество Македонија, а координирано помеѓу здруженијата РОМА С.О.С. од Прилеп, ЦДРИМ – Скопје, ЛИЛ – Скопје, КХАМ – Делчево и ЕСЕ – Скопје се спроведе истражување за опфатот со вакцинација на децата Роми на возраст од 0 до 6 години, во осум општини. Истражувањето повторно покажа дека постои недоволен опфат на децата Роми со вакцинација. Податоците го покажаа следното: во општината Шуто Оризари опфатот на децата Роми од 0 до 6 години изнесува од 50 отсто до 94 отсто за различни вакцини; опфатот во општината Ѓорче Петров изнесува од 30 отсто до 89 отсто; во населбата Злокуќани – општина Карпош, изнесува од 20 отсто до 50 отсто; во општина Прилеп изнесува од 54 отсто до 93 отсто.
Имајќи ја предвид ваквата ситуација не можеме да кажеме дека имунизацијата на децата во Македонија е толку перфектна до степен на постигнување на индикаторите предвидени со владините превентивни политики и програми.
Што претставува овој проблем? Зошто се потребни специфични мерки за зголемување на опфатот со имунизација на ромските деца?
Нискиот опфат на ромските деца со имунизација го зголемува ризикот од појава и ширење на заразни болести во ромската заедница со што се доведува во прашање општата здравствена состојба на Ромите, а истотка се прекршува и правото на пристап до соодветна здравствена заштита за Ромите. Дополнително, согласно усвоените владини политики за интеграција на Ромите, Македонија се заложи и обврза да воспостави услови за еднаков пристап на ромската заедница до здравствени услуги, а состојбата со вациналниот статус на ромските деца не соодветсвува со намерите.
Притоа преку истражувањето утврдено е дека недостатокот или малиот број на организирани едукативни работилници во ромската заедница како и дистрибуирани материјали со разбирлива содржина, недостатокот или малиот број на посети на мајките родилки од страна на патронажните сестри, и ненавремената достава на поканите за вакцинација на децата, се само дел од идентификуваните проблеми за нискиот опфат со имунизација на децата Роми.
Министерството за здравство ќе треба да се заложи повеќе и да предвиди дополнителни мерки во рамките на превентивните програми, како и соодветно да алоцира буџетски средства за спроведување на активности за едукација и домашни посети на ромските семејства од страна на Службите за имунизација и Патронажните служби, со што ќе се подигне нивото на знаење помеѓу родителите Роми за важноста од редовна вакцинација и ќе се идентификуваат нередовно вакцинирани деца, ако навистина има намера да го постигне просекот од 95 отсто вакцинирани деца во Македонија.
Подобрувањето на комуникацијата/довербата помеѓу родителите и здравствените работници, како и обезбедувањето на услови за соодветно нумерирање на куќите и именување на улиците во ромските населби со цел точно евидентирање на местото на живеење на децата и навремена достава на поканите за вакцинација, се исто така потребни мерки за да населението биде целосно опфатено односно да има пристап до превентивните здравствени услуги кои имаат за цел да ја подобрат здравствената состојба на граѓаните.
Истражувањето повторно покажа дека постои недоволен опфат на децата Роми со вакцинација. Податоците го покажаа следното: во општината Шуто Оризари опфатот на децата Роми од 0 – 6 години изнесува од 50 отсто до 94 отсто за различни вакцини; опфатот во општината Ѓорче Петров изнесува од 30 отсто до 89 отсто; во населбата Злокуќани – општина Карпош, изнесува од 20 отсто до 50 отсто; во општина Прилеп изнесува од 54 отсто до 93 отсто.