Младинскиот центар „Мулти култи“ предводен од НВО Центарот за меѓукултурен дијалог континуирано, напорно и интензивно работи на подготвување и реализирање низа активности во месец мај. Почнувајќи од 9-ти мај кога се одбележува Денот на Европа, на Градскиот плоштад се организираат низа активности, а повеќе од 25 волонтери се ангажираат на повеќе креативни штандови.
Целта е што поголем дел од младите да се вклучат, но не само тие, туку и останатите присутни, вели Линдита Реџепи координатор во „Мулти-култи“. Според неа, тоа е промоција на меѓуетничката соработка, на почитување на разновидноста и на Европа.
„Младинскиот центар „Мулти култи“ органзиира и презентација на над десетина држави од Европа, одржување Конференција на младите и трендовите на младинската работа и младинските политики во Европа и во Македонија, споделувајќи различни искуства и информации кои ќе бидат корисни за младите“, вели Реџепи и додава дека во тек се и подготовки за реализирање седум едукативни програми во кои се вклучени средношколци и основци.
„За промоција на методите на неформално образование, односно вклучување на младите со цел да се стекнат со знаења и вештини, во областа на театарот, новинарството, социјалните медиуми, водењето на интернет радио кое постои неколку месеци, креативни работилници за фотографија. Над 250 деца доаѓаат неделно во „Мулти култи“, а сите работилници се водат билингвално, на македонски и на албански јазик.“
РСЕ: Дали имате и од другите етнички заедници?
„Имаме, но за жал немаме програми на ромски и македонски или ромски и албански, тоа ни е целта за понатаму, а секако дека имаме учесници Роми, Срби, Власи и од другите заедници“, вели Реџепи.
Овој мултикултурен младински центар има добра соработка и поддршка од локалната самоуправа во Куманово, вели портпаролот Бисера Благојевиќ:
„Локалната самоуправа со „Мулти култи“ соработува уште од нивното основање. Тоа значи дека секогаш кога имаат проекти, соработуваме со вклучување во нивните активности, организација на активности, или по други организациии. Секогаш кога имаат настани и бараат помош, локалната самоуправа секогаш позитивно одговара, во смисла на финансиски средства, општа соработка, консултации, стручни лица, совети, едукација, искуствата што ги има Општината, а кои ќе користат за „Мулти култи.“
Центарот за мултикултурен дијалог е атрактивен за младите кумановци кои со вклучување во активностите имаат можност да ги реализираат своите идеи, да се запознаваат со нивните врсници, не само од другите етнички заедници, туку и од други земји.
Над 250 деца доаѓаат неделно во „Мулти култи“, а сите работилници се водат билингвално, на македонски и на албански јазик.Линдита Реџепи, координатор во „Мулти-култи“.
Целта е што поголем дел од младите да се вклучат, но не само тие, туку и останатите присутни, вели Линдита Реџепи координатор во „Мулти-култи“. Според неа, тоа е промоција на меѓуетничката соработка, на почитување на разновидноста и на Европа.
„Младинскиот центар „Мулти култи“ органзиира и презентација на над десетина држави од Европа, одржување Конференција на младите и трендовите на младинската работа и младинските политики во Европа и во Македонија, споделувајќи различни искуства и информации кои ќе бидат корисни за младите“, вели Реџепи и додава дека во тек се и подготовки за реализирање седум едукативни програми во кои се вклучени средношколци и основци.
Секогаш кога имаат настани и бараат помош, локалната самоуправа секогаш позитивно одговара, во смисла на финансиски средства, општа соработка, консултации, стручни лица, совети, едукација, искуствата што ги има Општината, а кои ќе користат за „Мулти култи“.Бисера Благојевиќ, портпарол на општина Куманово.