Достапни линкови

Македонија повторно под мониторинг на ПССЕ


Потпретседателот на Парламентарнто собрание на Советот на Европа Роберт Валтер престојува во тридневна посета на Македонија.

Потпретседателот на Парламентарнто собрание на Советот на Европа во својство на известувач за пост мониторинг дијалогот со Македонија, Роберт Валтер престојува во тридневна посета на Македонија со цел да го проследи исполнувањето на обврските од страна на нашава земја преземени со членството во Советот на Европа во 1995 година и начинот на кој Македонија ја спроведува Резолуцијата 1213 од 2000 година.
Од нас бараше пред се оценка за состојбата во Парламентот и состојбата со медиумите. Се разбира имаше осврт и на реформите во јавната администрација, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, се разбира го интересираше денешната состојба, поготово после настаните и убиството на петте деца.
Соња Мираковска, пратеничка, член во македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

При оваа информативна посета, тој посебно ќе се осврне на промените кои се случиле во земјава по изборите лани, а потоа и спроведувањето на Рамковниот договор на локално ниво, влијанието на меѓуетничките инциденти, реформата на јавната администрација и ситуацијата во медиумите. Дел од овие области веќе беа повлечени при укинувањето на мониторингот, но сега се вратени повтрно на агендата на Стразбур поради последните случувања во земјава.

„Од нас бараше пред се оценка за состојбата во Парламентот и состојбата со медиумите. Се разбира имаше осврт и на реформите во јавната администрација, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, се разбира го интересираше денешната состојба, поготово после настаните и убиството на петте деца“, изјави пратеничката Соња Мираковска, член во македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Советот на Европа го укина мониторингот за Македонија во 2000 година непосредно пред отпочнувањето на воениот конфликт за што кај одредени европарламентарци имаше коментари дека е грешка и дека е прерано направено. Оттогаш повеќепати се отвораше прашањето за враќање на мониторингот, но потоа беше одлучувано и дека само со засилен пост-мониторинг дијалог треба да и се помогне на земјава во воспоставувањето на политичкиот дијалог и на внатрешната интеграција.

Областите кои се цел на сегашнава информативна посета на високата европска делегација се во моментов детектирани како слабост и од другите европски институции и се обврска на која од Македонија се бара засилена работа во наредниот период. Имено, слободата на медиумите бележи голем пад во минатава година, се бара забрзување на реформите на јавната администрација и имплементација на рамковниот договор, а очигледно големо внимание предизвикуваат и меѓуетничките инциденти кои се случуваа во текот на минатата година.

При посетата на Скопје, Валтер ќе се сретне со претседателот на собранието Трајко Вељаноски, шефот на државата Ѓорге Иванов, вицепремиерот за спроведување на рамковниот догоцвор, Муса Џафери, министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски и министерот задолжен за реформи во јавната администрација. Исто така предвидени се и средби со јавниот обвинител, претседателот на комисијата за лустрација и комисијата за превенција на корупцијата и со претставници на меѓународни организации, невладини организации и медиумите.
XS
SM
MD
LG