Од ден за ден преживуваат Ромите кои живеат во Шутка. На работ на егзистенција само со социјална помош едвај го прехрануваат семејството, а пари за другите трошоци кои се неопходни нема. Повеќето од нив живеат во импровизирани бараки и во супстандардни услови. Тоа е нивната реалност со која секојдневно се соочуваат. Велат работа не можат да најдат, па се снаоѓаат како знаат и умеат.
Бајрам Миљаим, кого го сретнавме пред Народната кујна во населбата, вели дека секој ден доаѓа таму за да обезбеди барем еден оброк за неговото шестчлено семејство. Но, една четвртина леб и чинија манџа не е доволна за да се протурка денот, се жали Миљаим.
„Со четврт леб дали можеш? Не можеш. Од социјално земам 1.000 денари и со тие пари не можам да издржам. Не останува ни за струја, ни за вода.“
Никој од семејството на Миљаим не е вработен, а неговата сопруга е болна. Тој е принуден, бидејќи нема друг избор да собира хартија и шишиња во кантите за отпадоци за да заработи некој денар.
„По канти собираме книги, шишиња, продаваме, за да може да јадеме. Да има работа ќе биде добро, ама кога нема, ние собираме шишиња. Па кога собираме шишиња не тепа полиција, не смееш, ќе ти напишат една пријава и ќе мора да платиш 50 евра. А од кого да земеш 50 евра, нема, за тие пари ќе идеш во затвор, ќе лежиш.“
Ист е случајот и со другите жители на Шутка кои чекаа ред пред Народната кујна.
„По една лажичка ни ставаат, по осмина лепче, а многу луѓе сме дома. Син ми не работи, јас не работам, по канти идеме, срамота е. Барем децата да ни се вработат, да имаме за парче леб, да не одиме веќе во Кујната, а ние немаме услови, немаме ништо. Јас социјално не земам, и да земам 1.400 е, а што ќе направиш со тие пари, струја не плаќаме. Син ми зема од социјално по 2.200, а има три деца, двете одат во школо, третото бара млеко, а нема.“
„По улици сме, натаму наваму, работа нема, сиромаштија е.“
„Кога ќе имаме, децата ќе јадат, кога ќе нема, нема.“
Не е поинаква ситуацијата и кај оние кои се обидуваат преку продажба на облека или нешто слично на пазарот да дојдат до некакви приходи, кои, според нив, се минимални.
„Ние чекаме работа, па сега да видиме дали ќе има или нема да има. Со продажбата сега е малку послабо, не се тоа како што беше порано. Сега се вади по некој денар, но минимално како да преживееш, инаку е тешко, без работа е тешко.“
Ретки се, но сепак има и такви кои се задоволни од нивниот живот и од работата на пазарот и велат дека добро заработуваат.
„Како што е во цела Македонија, така е и тука, колку имаат и другите и ние, не сме ние некое гето. Ако сакаш работа ќе најдеш, ако се трудиш ќе најдеш, ако не се трудиш, ако седи дома и си научен да седиш дома ќе одиш азилант, ќе ти даваат пари таму, но после три месеци ќе те вратат, ќе ти стават забрана и нема да можеш никаде да одиш и тоа што си го заработувал тука или што си можел по други земји да одиш да купуваш роба, нема да можеш.“
Бегство од сиромаштија во Западна Европа
Никој не бега од добро, па затоа најголемиот дел од Ромите ги оправдуваат нивните сограѓани кои се обидуваат во другите земји да се изборат за подобра иднина без разлика дали отишле со намера да најдат работа или да бараат азил. Велат има многу кои се снашле и останале, но има и многу кои се вратиле.
„Многу луѓе одат затоа што е тешко, некои се враќаат, некои остануваат таму да живеат, се снаоѓаат и затоа луѓето одат во странство за да си овозможат подобар живот.“
„Продаваат куќи за да одат во Германија, а кога ќе се вратат за три месеци, нема ни куќа, нема ништо. Неколку луѓе отидоа ама само за три месеци, кога нема да остане година, две, не бива. Сите одат за Германија, Белгија, Швајцарија, па и азил бараат, кој знае колку пари месечно добиваат. Ич да не е, ама по 300, по 500 евра по човек добиваат, па струја нема да плаќа, вода нема да плаќа, некој денар ќе собере, оти овде излез нема.“
Дваесетиедногодишниот Ерџан Јашар веќе се обидел да си ја испроба среќата во Белгија, но не успеал и се вратил дома.
„Сите другари отидоа таму горе во Белгија во Германија, само што тие се оженија таму, си останаа, не се азиланти. Јас бев во Белгија па се вратив, не сум барал азил, само бев да видам како е и се вратив. На „црно“, без документи не можеш да останеш, за да не те фати полиција. Јас не можев да најдам работа на „црно“, не можев, треба и јазик да знаеш.“
Тој сега се соочува со истите проблеми, како и другите жители на Шутка. Но се решил да го заврши основното образование и така да се надева на подобра и поинаква иднина.
„Нема работа и сами гледате каков е животот тука.“
Едни се враќаат, други се спремаат да одат. Еден од нив е и Ивица кој вели дека планира да отпатува за Австрија каде што има роднини и таму да се обиде да најде работа.
„Планирам и јас да си извадам нов пасош, до Нова Година да извадам и после Божиќ да бегам нагоре за Австрија, да пробаме среќа. Планирам да останам едно 15-20 дена, да видам како е, не е толку лесно, тука оставам жена дете. Ако просперирам добро, ако не ќе си се вратам, не барам азил.“
Власта вели дека работи на подобрување на состојбата
За тоа колку се работи на подобрување на состојбата на Ромите во Македонија разговаравме со министерот без ресор Неждет Мустафа, кој е задолжен за спроведување на целите во Декадата на Ромите. Според него, тие континуирано имаат разни активности за елиминирање на најпроблематичните области. Една од најклучните е образованието.
„Продолжува програмата за финансирање на сите средношколци Роми од прва до четврта година, потоа исто така охрабрувачки е што програмата за образование се концентрира и за претшколското образование. Со нашата програма се финансираат градинките за сите ромски семејства, односно за нивните деца да имаат платен дневен престој. Исто така знаете дека е во тек изградбата на средното училиште во Шуто Оризари.“
Тие имаат и програма за здравствени медијатори, која ќе започне да се спроведува наредната година и да им помогнат на ромските семејства кај што им е најпотребно. Во однос на домувањето, Мустафа вели дека досега доделиле околу 38 станови на најранливите семејства.
„За оваа програма мислам дека Владата ќе има особено чувство да се зголеми бројот на социјалните станови за ромската заедница, како најранлива заедница во државата. Тука сме силно сконцентрирани како би можеле да им помогнеме на ромските семејства кои се уште живеат во т.н картонски куќи.“
Факт е, вели Мустафа, дека со децении наназад не се обрнувало внимание за невработеноста на Ромите и за подобрување на нивниот стандард.
„Ние сега направивме посебни програми во однос на тренинзи и обука на Роми кои би сакале да се обучуваат за одредени занаети. Оваа програма беше отворен конкурс и оваа година помина делумно успешно поради слабиот интерес на работодавачите.“
Проблемот кај работодавците се стереотипите за Ромите, кои мора да се елиминираат, додава Мустафа.
„Сметам дека ромската заедница, граѓаните Роми имаат силна, силна желба да најдат работа за да овозможат егзистенција за своите деца. Тука подготвуваме посебна кампања за тоа како работодавците да ги творат вратите за вработување на Ромите и очекувам од следната година нашата кампања во однос на вработувањето да даде одредени резултати.“
Невработеноста – клучен проблем
Но, дека работите не се одвиваат во позитивна насока говорат невладините организации кои се занимаваат со ромски прашања. Според нив, невработеноста ги тера припадниците на ромската заедница да ја напуштат земјава и да бараат подобар живот во странство. Македонија постигнала успех само во делот на образованието на Ромите, за разлика од другите три области кои се застапени во Декадата на Ромите како здравството, вработувањето и домувањето. Мухамед Точи од невладината Месечина вели дека од 1991 година па до денес, Ромите во споредба со другите етнички заедници во земјава имаат невработеност од над 70 отсто.
„Кога имате една таква ситуација, ние не можеме да кажеме дека се супер интегрирани. Ако сакаме да направиме паралела меѓу Ромите во Македонија и Ромите во Словачка, точно е дека Ромите во Македонија се во подобра ситуација и со остварувањето на правата и со интеграција во општеството. Меѓутоа тоа ви е исто како да споредите крадец со убиец. Крадецот да рече, па добро јас украдов, ама не убив, но и едното и другото е штета.“
Ашмет Елезовски од Европскиот форум на Ромите, вели дека во последните неколку години се чувствува еден неадекватен третман кон оваа заедница.
„Пред сè тоа се базира преку зголемената невработеност и економската немоќ да се подобри позицијата на Ромите во Македонија. Меѓутоа иако Ромите се борат тоа да го надминат, работејќи разни работи, претежно на нив се гледа како на некоја ранлива група или социјален проблем на државата.
Според Точи, анализите во здравството покажуваат дека животниот век на Ромите е пократок за десет години, што се должи на нивните услови за живот и домување.
„Излезете низ ромските населби ќе видите полно луѓе како санираат покриви за да не им врне, ќе видите полно деца кои со кал и извалкани ќе отидат на училиште.“
Точи додава дека е јасно оти проблемите на Ромите во земјава не се приоритет, туку некои други проекти на власта.
„На сите овие проблеми како приоритет се става нешто друго. Тие излезот го бараат во други земји, но апсолутно не смееме да речеме дека само Ромите излегуваат од Македонија и бараат азил. Има и други етнички заедници. Дел од државните власти на некој начин сакаат да ја префрлат вината дека евентуалното враќање на визниот режим би било вина на ромската етничка заедница.“
Елезовски смета дека сите бариери со кои се соочуваат Ромите се причината за нивното напуштање на земјата.
„Сè додека ромското прашање се гледа како социјален проблем, а не како на политички проблем, тоа ќе претставува ситуација што ги принудува Ромите да излегуваат од Македонија, бидејќи не може едно семејство со низа бариери кои се пред него.“
Барањето азил како последен излез
Поради сиромаштијата, голем број од Ромите излезот го бараат во странство. Најголем број на баратели на азил се токму Ромите. Според партијата за целосна еманципација на Ромите, во Македонија живеат 52 илјади припадници на оваа заедница, а 10 илјади од нив се баратели на азил. Сè погласни се заканите од страна на ЕУ за укинување на безвизниот режим поради неговата злоупотреба. Од Министерството за внатрешни работи преземаат низа мерки.
Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека преку трибини, кампањи и средби ги информираат граѓаните што преставува безвизниот режим и санкциите за неговата злоупотреба.
„Освен овој превентивен дел, Министерство за внатрешни работи презема и низа репресивни активности, односно низа активности коишто подразбираат засилена контрола на граничните премини и санкционирање на лицата или туристичките агенции кои ги мамам граѓаните, но и санкционирање на поединци кои директно се инволвирани во злоупотребата на безвизниот режим.“
Освен забраната за излез, според Котевски, биле спроведени и акции при што биле притворени неколку осомничени лица кои вршеле злоупотреба на безвизниот режим.
„Во еден од овие случаи дури беше откриено и службено лице, односно полициски службеник кој работеше на граничен премин, а кој учествувал во организирањето и пропуштањето на лицата кои го злоупотребуваат безвизниот режим.“
Од април месец во минатата година па досега при засилените контроли на граничните премини на над 7.140 македонски државјани не им бил дозволен излез од државата. Најголем број од нив околу 4.660 се вратени од граничниот премин Табановце.
Со четврт леб дали можеш? Не можеш. Од социјално земам 1.000 денари и со тие пари не можам да издржам. Не останува ни за струја, ни за вода.Бајрам Миљаим, жител на Шутка, корисник на народна кујна.
Бајрам Миљаим, кого го сретнавме пред Народната кујна во населбата, вели дека секој ден доаѓа таму за да обезбеди барем еден оброк за неговото шестчлено семејство. Но, една четвртина леб и чинија манџа не е доволна за да се протурка денот, се жали Миљаим.
„Со четврт леб дали можеш? Не можеш. Од социјално земам 1.000 денари и со тие пари не можам да издржам. Не останува ни за струја, ни за вода.“
Никој од семејството на Миљаим не е вработен, а неговата сопруга е болна. Тој е принуден, бидејќи нема друг избор да собира хартија и шишиња во кантите за отпадоци за да заработи некој денар.
По канти собираме книги, шишиња, продаваме, за да може да јадеме. Да има работа ќе биде добро, ама кога нема, ние собираме шишиња. Па кога собираме шишиња не тепа полиција, не смееш, ќе ти напишат една пријава и ќе мора да платиш 50 евра. А од кого да земеш 50 евра, нема, за тие пари ќе идеш во затвор, ќе лежиш.Бајрам Миљаим, жител на Шутка, корисник на народна кујна.
„По канти собираме книги, шишиња, продаваме, за да може да јадеме. Да има работа ќе биде добро, ама кога нема, ние собираме шишиња. Па кога собираме шишиња не тепа полиција, не смееш, ќе ти напишат една пријава и ќе мора да платиш 50 евра. А од кого да земеш 50 евра, нема, за тие пари ќе идеш во затвор, ќе лежиш.“
Ист е случајот и со другите жители на Шутка кои чекаа ред пред Народната кујна.
„По една лажичка ни ставаат, по осмина лепче, а многу луѓе сме дома. Син ми не работи, јас не работам, по канти идеме, срамота е. Барем децата да ни се вработат, да имаме за парче леб, да не одиме веќе во Кујната, а ние немаме услови, немаме ништо. Јас социјално не земам, и да земам 1.400 е, а што ќе направиш со тие пари, струја не плаќаме. Син ми зема од социјално по 2.200, а има три деца, двете одат во школо, третото бара млеко, а нема.“
По една лажичка ни ставаат, по осмина лепче, а многу луѓе сме дома. Син ми не работи, јас не работам, по канти идеме, срамота е. Барем децата да ни се вработат, да имаме за парче леб, да не одиме веќе во Кујната, а ние немаме услови, немаме ништо. Јас социјално не земам, и да земам 1.400 е, а што ќе направиш со тие пари, струја не плаќаме. Син ми зема од социјално по 2.200, а има три деца, двете одат во школо, третото бара млеко, а нема.жител на Шутка, корисник на народна кујна.
„По улици сме, натаму наваму, работа нема, сиромаштија е.“
„Кога ќе имаме, децата ќе јадат, кога ќе нема, нема.“
Не е поинаква ситуацијата и кај оние кои се обидуваат преку продажба на облека или нешто слично на пазарот да дојдат до некакви приходи, кои, според нив, се минимални.
„Ние чекаме работа, па сега да видиме дали ќе има или нема да има. Со продажбата сега е малку послабо, не се тоа како што беше порано. Сега се вади по некој денар, но минимално како да преживееш, инаку е тешко, без работа е тешко.“
Ретки се, но сепак има и такви кои се задоволни од нивниот живот и од работата на пазарот и велат дека добро заработуваат.
„Како што е во цела Македонија, така е и тука, колку имаат и другите и ние, не сме ние некое гето. Ако сакаш работа ќе најдеш, ако се трудиш ќе најдеш, ако не се трудиш, ако седи дома и си научен да седиш дома ќе одиш азилант, ќе ти даваат пари таму, но после три месеци ќе те вратат, ќе ти стават забрана и нема да можеш никаде да одиш и тоа што си го заработувал тука или што си можел по други земји да одиш да купуваш роба, нема да можеш.“
Бегство од сиромаштија во Западна Европа
Никој не бега од добро, па затоа најголемиот дел од Ромите ги оправдуваат нивните сограѓани кои се обидуваат во другите земји да се изборат за подобра иднина без разлика дали отишле со намера да најдат работа или да бараат азил. Велат има многу кои се снашле и останале, но има и многу кои се вратиле.
„Многу луѓе одат затоа што е тешко, некои се враќаат, некои остануваат таму да живеат, се снаоѓаат и затоа луѓето одат во странство за да си овозможат подобар живот.“
„Продаваат куќи за да одат во Германија, а кога ќе се вратат за три месеци, нема ни куќа, нема ништо. Неколку луѓе отидоа ама само за три месеци, кога нема да остане година, две, не бива. Сите одат за Германија, Белгија, Швајцарија, па и азил бараат, кој знае колку пари месечно добиваат. Ич да не е, ама по 300, по 500 евра по човек добиваат, па струја нема да плаќа, вода нема да плаќа, некој денар ќе собере, оти овде излез нема.“
Дваесетиедногодишниот Ерџан Јашар веќе се обидел да си ја испроба среќата во Белгија, но не успеал и се вратил дома.
Сите другари отидоа таму горе во Белгија во Германија, само што тие се оженија таму, си останаа, не се азиланти. Јас бев во Белгија па се вратив, не сум барал азил, само бев да видам како е и се вратив. На „црно“, без документи не можеш да останеш, за да не те фати полиција. Јас не можев да најдам работа на „црно“, не можев, треба и јазик да знаеш.Ерџан Јашар, жител на Шутка.
„Сите другари отидоа таму горе во Белгија во Германија, само што тие се оженија таму, си останаа, не се азиланти. Јас бев во Белгија па се вратив, не сум барал азил, само бев да видам како е и се вратив. На „црно“, без документи не можеш да останеш, за да не те фати полиција. Јас не можев да најдам работа на „црно“, не можев, треба и јазик да знаеш.“
Тој сега се соочува со истите проблеми, како и другите жители на Шутка. Но се решил да го заврши основното образование и така да се надева на подобра и поинаква иднина.
„Нема работа и сами гледате каков е животот тука.“
Планирам и јас да си извадам нов пасош, до Нова Година да извадам и после Божиќ да бегам нагоре за Австрија, да пробаме среќа. Планирам да останам едно 15-20 дена, да видам како е, не е толку лесно, тука оставам жена дете. Ако просперирам добро, ако не ќе си се вратам, не барам азил.жител на Шутка.
Едни се враќаат, други се спремаат да одат. Еден од нив е и Ивица кој вели дека планира да отпатува за Австрија каде што има роднини и таму да се обиде да најде работа.
„Планирам и јас да си извадам нов пасош, до Нова Година да извадам и после Божиќ да бегам нагоре за Австрија, да пробаме среќа. Планирам да останам едно 15-20 дена, да видам како е, не е толку лесно, тука оставам жена дете. Ако просперирам добро, ако не ќе си се вратам, не барам азил.“
Власта вели дека работи на подобрување на состојбата
За тоа колку се работи на подобрување на состојбата на Ромите во Македонија разговаравме со министерот без ресор Неждет Мустафа, кој е задолжен за спроведување на целите во Декадата на Ромите. Според него, тие континуирано имаат разни активности за елиминирање на најпроблематичните области. Една од најклучните е образованието.
Мислам дека Владата ќе има особено чувство да се зголеми бројот на социјалните станови за ромската заедница, како најранлива заедница во државата. Тука сме силно сконцентрирани како би можеле да им помогнеме на ромските семејства кои се уште живеат во т.н картонски куќи.Неждет Мустафа, министер без ресор задолжен за спроведување на целите во Декадата на Ромите.
„Продолжува програмата за финансирање на сите средношколци Роми од прва до четврта година, потоа исто така охрабрувачки е што програмата за образование се концентрира и за претшколското образование. Со нашата програма се финансираат градинките за сите ромски семејства, односно за нивните деца да имаат платен дневен престој. Исто така знаете дека е во тек изградбата на средното училиште во Шуто Оризари.“
Тие имаат и програма за здравствени медијатори, која ќе започне да се спроведува наредната година и да им помогнат на ромските семејства кај што им е најпотребно. Во однос на домувањето, Мустафа вели дека досега доделиле околу 38 станови на најранливите семејства.
„За оваа програма мислам дека Владата ќе има особено чувство да се зголеми бројот на социјалните станови за ромската заедница, како најранлива заедница во државата. Тука сме силно сконцентрирани како би можеле да им помогнеме на ромските семејства кои се уште живеат во т.н картонски куќи.“
Сметам дека ромската заедница, граѓаните Роми имаат силна, силна желба да најдат работа за да овозможат егзистенција за своите деца. Тука подготвуваме посебна кампања за тоа како работодавците да ги творат вратите за вработување на Ромите и очекувам од следната година нашата кампања во однос на вработувањето да даде одредени резултати.Неждет Мустафа, министер без ресор задолжен за спроведување на целите во Декадата на Ромите.
Факт е, вели Мустафа, дека со децении наназад не се обрнувало внимание за невработеноста на Ромите и за подобрување на нивниот стандард.
„Ние сега направивме посебни програми во однос на тренинзи и обука на Роми кои би сакале да се обучуваат за одредени занаети. Оваа програма беше отворен конкурс и оваа година помина делумно успешно поради слабиот интерес на работодавачите.“
Проблемот кај работодавците се стереотипите за Ромите, кои мора да се елиминираат, додава Мустафа.
„Сметам дека ромската заедница, граѓаните Роми имаат силна, силна желба да најдат работа за да овозможат егзистенција за своите деца. Тука подготвуваме посебна кампања за тоа како работодавците да ги творат вратите за вработување на Ромите и очекувам од следната година нашата кампања во однос на вработувањето да даде одредени резултати.“
Кога имате една таква ситуација, ние не можеме да кажеме дека се супер интегрирани. Ако сакаме да направиме паралела меѓу Ромите во Македонија и Ромите во Словачка, точно е дека Ромите во Македонија се во подобра ситуација и со остварувањето на правата и со интеграција во општеството. Меѓутоа тоа ви е исто како да споредите крадец со убиец. Крадецот да рече, па добро јас украдов, ама не убив, но и едното и другото е штета.Мухамед Точи, невладина организација Месечина.
Невработеноста – клучен проблем
Но, дека работите не се одвиваат во позитивна насока говорат невладините организации кои се занимаваат со ромски прашања. Според нив, невработеноста ги тера припадниците на ромската заедница да ја напуштат земјава и да бараат подобар живот во странство. Македонија постигнала успех само во делот на образованието на Ромите, за разлика од другите три области кои се застапени во Декадата на Ромите како здравството, вработувањето и домувањето. Мухамед Точи од невладината Месечина вели дека од 1991 година па до денес, Ромите во споредба со другите етнички заедници во земјава имаат невработеност од над 70 отсто.
„Кога имате една таква ситуација, ние не можеме да кажеме дека се супер интегрирани. Ако сакаме да направиме паралела меѓу Ромите во Македонија и Ромите во Словачка, точно е дека Ромите во Македонија се во подобра ситуација и со остварувањето на правата и со интеграција во општеството. Меѓутоа тоа ви е исто како да споредите крадец со убиец. Крадецот да рече, па добро јас украдов, ама не убив, но и едното и другото е штета.“
Ашмет Елезовски од Европскиот форум на Ромите, вели дека во последните неколку години се чувствува еден неадекватен третман кон оваа заедница.
Сè додека ромското прашање се гледа како социјален проблем, а не како на политички проблем, тоа ќе претставува ситуација што ги принудува Ромите да излегуваат од Македонија, бидејќи не може едно семејство со низа бариери кои се пред него.Ашмет Елезовски, Европски форум на Ромите.