Додека се прашуваме што сака авторот да каже, одговорот е всушност пред нас: па рингшпилот е правецот во кој се движи државава во изминативе 8 години, пишува Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Деновиве беше поставен рингишпил, или ако сакате вртелешка на плоштадот Македонија. Чудесна атракција во центарот на градот. Врвот на фамозните градби и скулптури на проектот Ск 2014. Но, кога поубаво ќе погледнеш ќе сфатиш дека се си има смисла. Додека се прашуваме што сака авторот да каже, одговорот е всушност пред нас: па рингшпилот е правецот во кој се движи државава изминативе 8 години.
Симболиката да биде уште попрецизна, изгреден е во барок стил, нели како и се друго во градов, и се јава на коњ, ова веќе мислам дека ќе биде законски регулирано за сите споменици, значи да има коњ во било која положба и големина, супер. Не знам чија наредба, опсесија, пасија или било што речете ама дефинитивно мора да посети психијатар. И најглавното цената, 160.000 евра. Цената е астрономска со што авторот сака да ги покажеа неговите побуди кон астрологијата и возвишеноста, а само небото е граница додека не врти во круг.
Рингишпилот е направен за најмладите, нели Владата внимава на образованието и целосното формирање како личности, но уште во старт треба да им појасни дека нема друг правец за нив и ќе мора да ги гледаат оние грди скулптури се додека не добијат нагони на повраќање од вртењето, се разбира, се додека не започнат да ја перцепираат реалноста онака како што сакаат креаторите на реалното живеење.
Владата бесмислено и неразумно се расфрла со скапи играчки, а има деца кои се оставени на немилост на државата. Секојдневно чекаат по болници, се соочуваат со административни потешкотии, се соочуваат со партиски притисоци и најчесто завршуваат со негативни одговори за нивните барања за лекување. Па нормално кога Фондот нема средства за пациенти на кој им е потребна помош затоа што не се маркетиншки подобни за власта. Зашто би помогнале тука кога може да се потрошат парите таму каде што може пола да се извадат и да се стават во нечиј џеб.
Лекувањево во државава се сведува на милостина, па бидејќи државата е глува за барањата на граѓаните ќе се помагаме едни со други. Или како што би рекол доктор знам дека ти се потребни лековиве, но од Фондот ни забранија да пишуваме на рецепта лекови доколку не си во критична фаза, е па добро докторе ќе дојдам пред умирање, се надевам нема да сменат од Фондот за лековите да се препишуваат кога на пациентот ќе му извадиме недела дена. Па додека бараат спонзори за детскиот ургентен центар Владата се реши да се почасти со рингишпил од 160.000 евра.
Слушнав дека возењето ќе било бесплатно за првите кои ќе се појавеле кај вртелешката, инаку нормално во иднина ќе се наплаќа. Па сакав да знам, дали ќе биде и бесплатно возењето за пензионери, бидејќи нив веќе долго време ги „возат“ низ градов, двапати во седмицата, па сега да се возат и во круг. Па наместо на бања може да дишат свеж воздух од Вардар додека уживаат во околината од бронза.
Додека власта ненемерно ја дефокусира јавноста и не занимава со вртелешкава, никој не ја забележа активноста за решавање на спорот со името. Толку се изрелативизираа работите за пролетниот Извештајот и посетата на Кетрин Ештон која наведе дека сега е времето да се придвижи Македонија кон решавање на спорот со името, но секогаш кога нешто не им штима на странците прво го спомнуваат Охридскиот рамковен договор.
Демек не комуницираат Ахмети и Груевски, ама си праќаат писма и колумни, сигурно гулаби писмоносци ја завршуваат работата за да остане се во рамките на барокот. Ама не важи кога ги договараат коалициите, тогаш телефонски е се договорено, штета што не можеме да ја видиме колумната каде што Ахмети бара тендери од Груевски, ќе беше навистина интересно. Па има и одговор од ДПМНЕ: велат НАТО и ЕУ се важни ама името е поважно, да ги жалам за нивната комуникација треба да посетат советник за брачни проблеми. И затоа што секој ден е иста песна од нашиот рингшпил на кој се возиме осум години, подобар предлог за името и не ми текнува кога веќе знаеме дека демократска не доѓа во предвид: може на пример Република Рингишпил Македонија. Ај аирлија!
Симболиката да биде уште попрецизна, изгреден е во барок стил, нели како и се друго во градов, и се јава на коњ, ова веќе мислам дека ќе биде законски регулирано за сите споменици, значи да има коњ во било која положба и големина, супер.
Симболиката да биде уште попрецизна, изгреден е во барок стил, нели како и се друго во градов, и се јава на коњ, ова веќе мислам дека ќе биде законски регулирано за сите споменици, значи да има коњ во било која положба и големина, супер. Не знам чија наредба, опсесија, пасија или било што речете ама дефинитивно мора да посети психијатар. И најглавното цената, 160.000 евра. Цената е астрономска со што авторот сака да ги покажеа неговите побуди кон астрологијата и возвишеноста, а само небото е граница додека не врти во круг.
Рингишпилот е направен за најмладите, нели Владата внимава на образованието и целосното формирање како личности, но уште во старт треба да им појасни дека нема друг правец за нив и ќе мора да ги гледаат оние грди скулптури се додека не добијат нагони на повраќање од вртењето, се разбира, се додека не започнат да ја перцепираат реалноста онака како што сакаат креаторите на реалното живеење.
Владата бесмислено и неразумно се расфрла со скапи играчки, а има деца кои се оставени на немилост на државата. Секојдневно чекаат по болници, се соочуваат со административни потешкотии, се соочуваат со партиски притисоци и најчесто завршуваат со негативни одговори за нивните барања за лекување. Па нормално кога Фондот нема средства за пациенти на кој им е потребна помош затоа што не се маркетиншки подобни за власта. Зашто би помогнале тука кога може да се потрошат парите таму каде што може пола да се извадат и да се стават во нечиј џеб.
Лекувањево во државава се сведува на милостина, па бидејќи државата е глува за барањата на граѓаните ќе се помагаме едни со други. Или како што би рекол доктор знам дека ти се потребни лековиве, но од Фондот ни забранија да пишуваме на рецепта лекови доколку не си во критична фаза, е па добро докторе ќе дојдам пред умирање, се надевам нема да сменат од Фондот за лековите да се препишуваат кога на пациентот ќе му извадиме недела дена. Па додека бараат спонзори за детскиот ургентен центар Владата се реши да се почасти со рингишпил од 160.000 евра.
И затоа што секој ден е иста песна од нашиот рингшпил на кој се возиме осум години, подобар предлог за името и не ми текнува кога веќе знаеме дека демократска не доѓа во предвид: може на пример Република Рингишпил Македонија. Ај аирлија!