Директорот на НДИ во Македонија Крис Хеншо вели дека како за другите законски решенија и за овој предлог – закон потребна е дискусија. Хеншо забележува дека слободата на медиумите во Македонија е во опаѓање, судејќи по извештаите на меѓународните организации.
Потребно е да се развие дијалог за предлог–законот за медиуми, препорачуваат од Националниот демократски институт во Македонија. Директорот на НДИ во Македонија Крис Хеншоу во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека како за другите законски решенија и за овој предлог – закон потребна е дискусија.
„НДИ не соработува директно со медиумите. Нашите ангажмани моментално се директно со Собранието. Прашањето кое го покренавте лесно се разгледува, со донесување на експерти кои ги има во Македонија, кои би учествувале на дискусијата во собраниската комисија. Постојано аргументираме дека законите се подобруваат со нивно квалитетно разгледување и употреба на експертиза.“
Кога се разгледува ваквото решение треба да се има предвид какви придобивки нуди истото за граѓаните, забележува Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми. Законот премногу навлегува во внатрешните начела на работата на редакциите, вели Петковска и додава:
„Делот во составот на телото за регулација, новата Агенција, сметам дека вака како што е поставено новото решение е скандалозно, бидејќи е во целосна спротивност со препораките на Советот на Европа, за составот и структурата на регулаторните тела во сферата на медиумите.“
Хеншо забележува дека слободата на медиумите во Македонија е во опаѓање, судејќи по извештаите на меѓународните организации. Што придонесува кон ваквиот тренд? Директорот на НДИ – Македонија одговара:
„Не знам. Тоа не е нешто на кое ние се осврнуваме. Ние го следиме законодавниот процес, соработуваме со парламентот со цел унапредување на парламентарната пракса. Преку тоа се надеваме на подобрување на легислативите. Законот за медиуми е голем извор на дискусии и во блиска иднина ќе биде во Собранието. Тоа ќе биде одлична можност за релевантната парламентарна комисија да организира целосно јавно разгледување на предлог-законот. Тоа е дел од обврските на парламентот и сметам дека ќе биде од корист за сите.“
Здружението на новинари е на ставот дека нема да го продолжи дијалогот со владата сè додека не се расчисти инцидентот во Собранието од декември минатата година кога собраниското обезбедување ги исфрли новинарите од галеријата.
Постојано аргументираме дека законите се подобруваат со нивно квалитетно разгледување и употреба на експертиза.Крис Хеншоу, директор на НДИ во Македонија.
„НДИ не соработува директно со медиумите. Нашите ангажмани моментално се директно со Собранието. Прашањето кое го покренавте лесно се разгледува, со донесување на експерти кои ги има во Македонија, кои би учествувале на дискусијата во собраниската комисија. Постојано аргументираме дека законите се подобруваат со нивно квалитетно разгледување и употреба на експертиза.“
Кога се разгледува ваквото решение треба да се има предвид какви придобивки нуди истото за граѓаните, забележува Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми. Законот премногу навлегува во внатрешните начела на работата на редакциите, вели Петковска и додава:
Делот во составот на телото за регулација, новата Агенција, сметам дека вака како што е поставено новото решение е скандалозно, бидејќи е во целосна спротивност со препораките на Советот на Европа.Билјана Петковска, МИМ.