Медиумските здруженија и дел од новинарите не сакаат закон за медиуми во форма во која го предлага владата, велат дека ваков каков што е тој повеќе ќе има цел да санкционира, отколку да регулира. Но на последната дебата остана неодговорено главното прашање - Дали воопшто има потреба од закон за медиуми?
Од ЗНМ велат дека нема да учествуваат во дијалог со владата се додека не се расчистат настаните од 24 декември. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека овој закон нема да помине се додека не се слушне гласот на новинарите. Тој вели дека во предложениот текст не се опфатени работи, кои сметаат дека се битни.
„Да се забрани лидер на политичка партија да има медиум, владата да утврди јасни критериуми за тоа како да се рекламира во медиумите, да обезбеди одржливо финансирање на МРТ, да го ослободи од контрола Советот за радиодифузија, и да изнајде механизам да ги ослободи новинарите од политичкиот и финансискиот притисок кој се врши врз медиумите“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми(МИМ), вели дека медиумските организации се согласуваат дека се потребни усогласувања со европските закони, но дека тоа може да се направи и со промени на постојниот закон за радиодифузна дејност.
„Дебата на ваков начин, на арбитрарен начин, дебата кадешто имате власт која секојдневно ги руши сите постулати на пристојноста, сите постулати на еднакво партнерство. Каде се луѓето од државата да присуствуваат на овој сериозен дијалог?“
Новинарот Ѕвездан Георгиевски вели дека е јасно оти постои анархија во медиумскиот простор и на медиумскиот пазар, и дека нацрт законот за медиуми е катастрофален.
„Ако постои анархија, таа треба некако да се среди. Ако барате децидно изјаснување по овој закон би требало да кажеме баш децидно НЕ со никакви преговори и никакви исправки бидејќи ми се чини дека се одново треба да се прави и не знам дали е добра смислата на законот се да опфаќа. Меѓутоа затоа треба да имаме некаква алтернатива, треба да предложиме цел пакет на мерки, закони или промени на закони, правилници кои би ги регулирале сите овие работи.“
Новинарката Соња Делевска од Вест вели дека нејзиниот личен став е дека тајмингот за законот е погрешен.
„Ваков закон во ова време кога не функционира судството, кога нема владеење на правото, не би требало да се носи сега.“
Таа го повтори и редакцискиот став дека законот ќе ја ограничи слободата на изразување.
Новинарот Александар Чомовски упати забелешка дека присутните на дебатата се лицемерни, нетранспарентни и исклучени и дека дебатата покажала оти не сакаат да слушнат опонентски став. Тој вели дека тој е новинар за разлика од половина од присутните на дебатата, кои се само логистика на новинарството.
„Знам и сум почувствувал што значи пресија, но на пресија не се одговара со исклученост, се одговара со разум.“
За својата судбина си дебатираа само новинарите, но не и кројачот - на дебатата немаше претставници од власта, ниту од МАН, кои веќе се изјаснија дека се за законот. Дебатата ја следеа и претставници на меѓународната заедница.
Да се забрани лидер на политичка партија да има медиум, владата да утврди јасни критериуми за тоа како да се рекламира во медиумите, да изнајде механизам да ги ослободи новинарите од политичкиот и финансискиот притисок кој се врши врз медиумите.Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
Од ЗНМ велат дека нема да учествуваат во дијалог со владата се додека не се расчистат настаните од 24 декември. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека овој закон нема да помине се додека не се слушне гласот на новинарите. Тој вели дека во предложениот текст не се опфатени работи, кои сметаат дека се битни.
„Да се забрани лидер на политичка партија да има медиум, владата да утврди јасни критериуми за тоа како да се рекламира во медиумите, да обезбеди одржливо финансирање на МРТ, да го ослободи од контрола Советот за радиодифузија, и да изнајде механизам да ги ослободи новинарите од политичкиот и финансискиот притисок кој се врши врз медиумите“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Дебата на ваков начин, на арбитрарен начин, дебата кадешто имате власт која секојдневно ги руши сите постулати на пристојноста, сите постулати на еднакво партнерство. Каде се луѓето од државата да присуствуваат на овој сериозен дијалог?Петрит Сарачини, МИМ.