Загубарите без решение, вработените без плата

Архивска фотографија: Протест на вработените во фабриката Еурокомпозит во Прилеп.

Вработените страдаат покрај неуспешните државни обиди за продажба на загубарите - Тутунски комбинат Прилеп, „Еурокомпозит“, „ЕМО Охрид“ и „ОХИС“.
Вработените страдаат покрај неуспешните државни обиди за продажба на загубарската четворка. Со исклучок на прилепски Тутунски комбинат, вработените во „Еурокомпозит“, „ЕМО Охрид“ и „ОХИС“ не земаат редовно плата, вели синдикалецот Пеце Ристески.
Не земање редовно плата, како резултат на тоа не земање здравствени картони, со тоа е проблем и нивното лекување, но и на членовите на нивните семејства. Дури што е уште пострашно, со оглед на обемот на производството што го имаат, односно немаат, не се очекува подобрување на состојбите во брзо време.
Пеце Ристески, синдикалец.

„Не земање редовно плата, како резултат на тоа не земање здравствени картони, со тоа е проблем и нивното лекување, но и на членовите на нивните семејства. Дури што е уште пострашно, со оглед на обемот на производството што го имаат, односно немаат, не се очекува подобрување на состојбите во брзо време.“

ОХИС.


ОХИС 11 пат не може да се продаде, а слична е приказната и со „Еурокомпозит“, потсетува Ристески.

„Сегашните услови не даваат за право да кој било инвеститор што ќе купи вакво претпријатие да може преку ноќ да рече не ми требаат половината, меѓутоа ние како Синдикат сме тука и во таква ситуација може да се најде компромисно решение до надминување на состојбите, тој инвеститор да нема големи проблеми со вработените, а од друга страна и да бидат задржани сите вработени“, вели Ристески.

По повеќе од десет обиди, очигледно е дека владата не знае како да ги продаде загубарите, вели поранешниот синдикалец и правен експерт Драге Јовановски.

„Треба обврските што ги има владата да си ги намири кон вработените. На пример, ако им должи 18 плати на вработените во ОХИС, таа треба да ги исплати зашто таа е работодавач.“

Без разлика на тендерите, во овие фирми се трупаат долгови, вели Јовановски.

Економистите до сега неколкупати загубарската четворка да се продаде по „Дампинг цени“ или за ич пари, со цел да се спречи натрупувањето на долгови.