Криви сте што сте живи

Марјан Забрчанец, извршен директор на Младински образовен форум.

Младите сами си биле криви што се апатични, разочарани, невработени, сиромашни, слабо стручни, неискусни, исклучени. Криви биле и заради тоа што ја напуштале Македонија, не биле патриоти. Фали уште да им кажат „Криви сте што се живи”, пишува Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Не престануваат обвинувањата за младите поради нивната бедна позиција во општеството. Се почесто, на јавни дебати каде се говори за младинските проблеми, на друштвените мрежи, но и во секојдневни разговори ќе налетате на претставници на институции, наставници, професори, родители, партиски активисти како фрлаат со дрва и камења по младите што не успеале да се наметнат како социјална група. Отидоа до таму што убедија дури и дел од младите дека тие се кривите. Младите сами си биле криви што се апатични, разочарани, невработени, сиромашни, слабо стручни, неискусни, исклучени. Криви биле и заради тоа што ја напуштале Македонија, не биле патриоти. Фали уште да им кажат „Криви сте што се живи”.
Целосно е точно дека дека младите како општествена група се на маргините на важните општествени случувања. Ставени во стаклено ѕвоно, со два можни излези. Да трчаат по партиска книшка и да ги предадат своите животи на контрола на изборните стратегии или да си отидат од Македонија.

Целосно е точно дека дека младите како општествена група се на маргините на важните општествени случувања. Ставени во стаклено ѕвоно, со два можни излези. Да трчаат по партиска книшка и да ги предадат своите животи на контрола на изборните стратегии или да си отидат од Македонија. Повеќето би ја напуштиле. Некои за да преживеат, некои за да се едуцираат квалитетно наместо дисперзирано, некои заради поквалитетен културен и урбан живот, а некои за да живеат послободно и за да не бидат осудени од јавноста заради тоа што се либерални или што застапуваат заштита на човековите права.

Ама не, таму во странство си бил граѓанин од втор ред и ништо од ова не вредело, повредно било да си патриот и да останеш во државата, истата онаа која не знае колку млади ја напуштиле, која не ги прашува како група за ни една одлука и која не успеа да излезе од филмот на градење спортски терени, небаре 500.000 фудбалери има Македонија.

Младите не бираат дали да заминат во странство каде што ќе бидат граѓани од втор ред или да останат дома каде што ќе бидат патриоти. Младите се принудени да бираат дали да останат граѓани од трет ред во својата земја, во услови кога прв ред се оние од власта, втор ред се возрасните, а трет ред се токму оние на возраст од 14 до 30 години.

Затоа, пред младите масовно да ја напуштат Македонија, државата да размисли и да не им дозволи да си заминат оние кои се криви што се живи.
Затоа, пред младите масовно да ја напуштат Македонија, државата да размисли и да не им дозволи да си заминат оние кои се криви што се живи. Еве за почеток нека вложи во развој на практични вештини и волонтеризам, нека ја преименува Агенцијата за млади и спорт во она што е, Агенција за спорт, и нека им даде средства на младинските организации за да спроведуваат младински политики.

Еве за почеток нека вложи во развој на практични вештини и волонтеризам, нека ја преименува Агенцијата за млади и спорт во она што е, Агенција за спорт, и нека им даде средства на младинските организации за да спроведуваат младински политики. Нека провери што се случува во Националната агенција за образовни програми и нека се запраша како се трошат милиони евра европски пари од страна на парамладински структури и фамилијарни пајажини во параакции. Нека се откаже од неколку споменици, неколку тениски терени и неколку фонтани и нека обезбеди основни услови за живот во студентските домови. Нека им даде право на средношколците сами учествуваат во одлуките за тоа како сакаат да изгледа нивното училиште, нека ги праша што мислат за професорите, нека се откаже од политиката на етнички поделени училишта.

Да знам, државата и партиите кои ја водат никогаш нема да се откажат од тактиките со кои освојуваат изборни победи и со кои ја задржуваат својата власт. Или можеби ќе се откажат ако начекаат премногу прсти и тупаници свртени кон себе? Не знам, ама треба да се проба. Ако логиката тврди дека не се младите криви, туку системот и институциите, тогаш прстот вперен на вистинско место.