Нема ден од изборната кампања во градот и во Општина Куманово барем еден министер, дури и првиот меѓу нив, да не е во посета. Има денови кога во различни временски периоди шетаат и по два-тројца.
Нема ден од изборната кампања во градот и во Општина Куманово барем еден министер, дури и првиот меѓу нив, да не се во посета. Има денови кога во различни временски периоди шетаат и по два-тројца. Повозрасните кумановци поради тоа и умеат меѓусебе да се пошегуваат дека многу арно не е на арно. Неопределените и невработените кои ниту од овие избори не очекуваат подобар живот не обрнуваат внимание. Вработените, пак, велат дека немаат свое мислење, а уште помалку коментар.
Во градот во кој секој втор е невработен, градот на стечајци и технолошки вишок, град во кој стопанството одамна е во колапс, а младите безмалку деценија се со статус на печалбари, ниту по овие избори ништо нема да се смени. Индиферентни и летаргични граѓани во најголемата локална самоуправа министерското присуство го толкуваат:
„Кампања. Поради кампањата. Не верувам дека ќе се оствари ветеното.“
„Тоа е фрлање пари. Народот нема леб да јаде, ние работиме и за тие пари данок плаќаме, а тие со наши пари прават кампањи. Кога ќе дојдат на власт за народот нема ништо.“
„Политичарите се борат за нивни интереси, интересите на народот не ги интересира. Ветуваат, а на крај доаѓаат до власт. Во многу работи од ветеното не верувам.“
„Додека не седнат на фотелја ако не исполнат потоа е доцно. Во празна куќа газда тешко бидува.“
„Мислам дека е грешка тоа што доаѓаат, се знае каде им е местото - во министерствата. Бидејќи е кампања и избори претпоставувам дека е индиректно лобирање од Владата. За мене е негативно. Грешка е на Владата ако нивниот кандидат добие ќе помогнат, а ако победи сегашниот градоначалник нема да пуштаат пари. А треба за сите градови да биде исто. Најголема штета е на граѓаните, тие нема да осетат криза, но граѓаните ќе ја осетат.“
„Агитација. Од мое искуство ништо ќе нема. Доаѓаат по потреба. Ние пак ќе немаме ништо.“
Оние што се вработени или немаат време за разговор, или одмавнуваат со рака додавајќи:
„ Јас работам, немам време и не ме интересира“, велат запрашаните кумановци во очекување на крајот на изборната кампања.
Политичарите се борат за нивни интереси, интересите на народот не ги интересира. Ветуваат, а на крај доаѓаат до власт. Во многу работи од ветеното не верувам.Анкетиран граѓанин.
Во градот во кој секој втор е невработен, градот на стечајци и технолошки вишок, град во кој стопанството одамна е во колапс, а младите безмалку деценија се со статус на печалбари, ниту по овие избори ништо нема да се смени. Индиферентни и летаргични граѓани во најголемата локална самоуправа министерското присуство го толкуваат:
„Кампања. Поради кампањата. Не верувам дека ќе се оствари ветеното.“
Мислам дека е грешка тоа што доаѓаат, се знае каде им е местото - во министерствата. Бидејќи е кампања и избори претпоставувам дека е индиректно лобирање од Владата.Анкетиран граѓанин.