Актуелниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски Циц од Коалицијата на СДСМ и кандидатот за градоначалник за наредниот четиригодишен мандат Зоран Ѓорѓиевски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, во вториот изборен круг очекуваат и се надеваат дека граѓаните ќе им го дадат својот глас. За нив политичката борба започнува од почеток. Неколкумина запрашани граѓани имаат, како што велат, свои причини да гласаат за едниот или другиот.
Во Куманово, кое изминатите две децении важеше за бастион на СДСМ, на овие локални избори се случи изненадување, позитивно за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, негативно за оние кои сметаат дека досега направиле многу.
Дамјановски за ова со свој став:
„Резултатот е изненадувачки во Куманово, иако сите сондажи, митинзи и од врата на врата, политички маркетинг, не укажуваа на тоа. Но ова што во Македонија се случи во изборниот процес е нешто за што треба анализи во науката и учебниците по политички науки. Ова нешто не е одраз на она што се гледа во народот. Вториот круг значи трката почнува од почеток. Борбата ќе биде тешка, неизвесна и непредвидлива. Ќе одлучуваат гласачите кои ги дадоа гласовите за другите кандидати и албанскиот кампус.“
Според Дамјановски, по некоја логика би требало поранешните сдсмовци кои се определиле за независниот кандидат своите гласови да ги дадат за него.
„Ценејќи го мојот граѓански концепт мислам дека албанскиот електорат гласовите ќе ги даде за мене. Претпоставувам дека ќе имаме слободни избори и ќе се испочитува волјата на граѓаните.“
Зоран Ѓорѓиевски, кој во првиот изборен круг доби голема поддршка од граѓаните, за очекувањата во вториот круг вели:
„Очекувам во вториот круг граѓаните на овој град да ги препознаат вистинските вредности, да се базираат на сите завршени дела кои се зад нас, очекувам дека ќе ми ја укажат довербата за која 30 години сум ја давал за овој град. Очекувам во вториот круг првпат по 22 год во Куманово да дојде до една промена, промена која ќе донесе едно подобро Куманово, благодарејќи на граѓаните на Куманово. Очекувам од сите оние кои ми ја дадоа досегашната доверба и од оние кои не, дека ќе биде успешен вториот круг за мене“, вели Ѓорѓиевски и додава дека кумановци ќе дадат приоритет на личноста на кандидатот.
Граѓаните, пак, со свое мислење зависно од нивната политичка определба:
„Реално, не знам.“
„Кој е подобар и кој мисли за Куманово и за народот, а не само да се ветува, а да не се исполни. Од новиот очекувам повеќе, бидејќи имам искуство. Неминовно е дека треба промена.“
„Не знам.“
„Циц.“
„И така и така.“
„И јас сум за Циц и очекувам победа.“
„Со 99 насто Зоран Ѓорѓиевски“, изјавија анкетираните кумановци.
Резултатот е изненадувачки во Куманово, иако сите сондажи, митинзи и од врата на врата, политички маркетинг, не укажуваа на тоа. Но ова што во Македонија се случи во изборниот процес е нешто за што треба анализи во науката и учебниците по политички науки. Ова нешто не е одраз на она што се гледа во народот.Зоран Дамјановски Циц, актуелен градоначалник на Куманово.
Во Куманово, кое изминатите две децении важеше за бастион на СДСМ, на овие локални избори се случи изненадување, позитивно за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, негативно за оние кои сметаат дека досега направиле многу.
Дамјановски за ова со свој став:
„Резултатот е изненадувачки во Куманово, иако сите сондажи, митинзи и од врата на врата, политички маркетинг, не укажуваа на тоа. Но ова што во Македонија се случи во изборниот процес е нешто за што треба анализи во науката и учебниците по политички науки. Ова нешто не е одраз на она што се гледа во народот. Вториот круг значи трката почнува од почеток. Борбата ќе биде тешка, неизвесна и непредвидлива. Ќе одлучуваат гласачите кои ги дадоа гласовите за другите кандидати и албанскиот кампус.“
Според Дамјановски, по некоја логика би требало поранешните сдсмовци кои се определиле за независниот кандидат своите гласови да ги дадат за него.
Очекувам во вториот круг граѓаните на овој град да ги препознаат вистинските вредности, да се базираат на сите завршени дела кои се зад нас, очекувам дека ќе ми ја укажат довербата за која 30 години сум ја давал за овој град. Очекувам во вториот круг првпат по 22 год во Куманово да дојде до една промена, промена која ќе донесе едно подобро Куманово, благодарејќи на граѓаните на Куманово.Зоран Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово.