Достапни линкови

Четворица лекари од шестмина кандидати за градоначалник на Куманово


Кандидатите за градоначалници, од кои повеќето се лекари, го потпишаа Кодексот на однесување за слободни, фер и демократски избори во Куманово.

„Каков белег ќе оставиме? Фер и демократски избори 2013“ е слоганот под кој кандидатите за градоначалници во Изборната единица 2 го потпишаа Кодексот на однесување за слободни, фер и демократски избори во Куманово. Ова е прв ваков чекор за локалните избори во организација на Институтот за парламентарна демократија, во соработка со Националниот демократски институт за меѓународни односи.
Со овој потпис јас како кандидат се залагам во интерес на демократијата и на граѓаните, во интерес на човечноста кај сите кандидати, се залагам за фер и демократско настапување. Само на тој начин стекнуваме почит кај граѓаните. На сите другите начини во очите на граѓаните нема да имаме доверба. Нашето културно однесување доаѓа од нашето домашно воспитување, а тоа што меѓу себе се познаваме треба да биде уште еден мотив за уште едно поконкретно, поубаво и подобро.
д-р. Зоран Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите за градоначалници го искористија двочасовниот термин да го потпишат Кодексот, меѓутоа малкумина од нив се сретнаа и си поддадоа рака. Со оглед на тоа што, како што безмалку сите изјавија, недоволно и нерамноправно се застапени во медиумите, а кампањата главно ја водат среќавајќи се со граѓаните, се чини и дека не им останува многу простор за јавни навреди и омаловажувања на противкандидатите.
Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите за градоначалник на Куманово.
Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите за градоначалник на Куманово.

Д-р. Предраг Божичковиќ од Српската напредна партија вели дека е кандидат од мала партија, се залага за космополитизмот, но во медиумите се фаворизираат само кандидатите од двете големи партии. Тој е против вербални напади на неговите конкуренти и додава:

„Потпишавме конвенција за фер и демократски избори, максимална толеранција меѓу кандидатите и дека нема да плукаме едни кон други, туку пред електоратот ќе се претставуваме со добри идеи и добри програми. Најдобрите идеи и програми да победат. Но, медиумите не ме покриваат, но тоа не е моја, туку нивна вина. Ако се работи за фер кампања, тогаш медиумите треба да бидат транспарентни за сите. Во Куманово, ако меѓу моите пациенти важам за добар доктор, тогаш ќе бидам таков и градоначалник“, вели Божичковиќ.
Како и досега, никогаш лично немам упатено ниту една замерка, ниту навреда. Сакам така да биде и во овој изборен циклус и ги повикувам останатите кандидати да се натпреваруваме со идеи, програми и проекти, со сето она што го прави среќно Куманово, а не со лични дискредитации. Моите настапи ќе бидат исклучиво за сработеното во минатото и она што е мојата визија во наредните четири години. Ќе останам доследен на мојот концепт и народот тоа го препознава.
д-р. Зоран Дамјановски, актуелен градоначалник и кандидат од СДСМ.

Д-р. Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ по потпишувањето на Кодексот вели:

„Со овој потпис јас како кандидат се залагам во интерес на демократијата и на граѓаните, во интерес на човечноста кај сите кандидати, се залагам за фер и демократско настапување. Само на тој начин стекнуваме почит кај граѓаните. На сите другите начини во очите на граѓаните нема да имаме доверба. Нашето културно однесување доаѓа од нашето домашно воспитување, а тоа што меѓу себе се познаваме треба да биде уште еден мотив за уште едно поконкретно, поубаво и подобро.“
Зоран Дамјановски од СДСМ, градоначалник и кандидат за градоначалник на Куманово.
Зоран Дамјановски од СДСМ, градоначалник и кандидат за градоначалник на Куманово.

Кандидатот за градоначалник од ДУИ, д-р. Ариф Љатифи е убеден дека и без, но и со потписот на Кодексот, изборите ќе бидат фер и демократски.

„За да можат нашите сограѓани да гласаат по своја совест, да немаат притисоци.“

РСЕ: Вербални напади?

„Мислам дека такво нешто нема да има бидејќи нашите сограѓани сега се поцивилизирани од претходните избори.“

Д-р. Зоран Дамјановски од СДСМ, трет пат кандидат за градоначалник со изјава:

„Како и досега, никогаш лично немам упатено ниту една замерка, ниту навреда. Сакам така да биде и во овој изборен циклус и ги повикувам останатите кандидати да се натпреваруваме со идеи, програми и проекти, со сето она што го прави среќно Куманово, а не со лични дискредитации. Моите настапи ќе бидат исклучиво за сработеното во минатото и она што е мојата визија во наредните четири години. Ќе останам доследен на мојот концепт и народот тоа го препознава.“

И тој не е задоволен од медиумската застапеност на кандидатите кои не се од партијата на централната власт. А граѓаните најлесно се информираат од медиумите.

Фикри Биљали како кандидат од НДП засега е задоволен од кампањата.

„Тензии нема, ако продолжи вака ќе биде добро. Нека ги остават граѓаните да се определат без условувања. Имаат притисок од владејачките партии кои ги вработиле и ги присилуваат да гласаат за нив. Да не се употребува насилство, тензии, да не се злоупотребуваат децата за избори.“

Алил Куртиши од ДПА е оптимист дека кампањата и изборите ќе бидат демократски и фер и додава:

„Докажавме со нашиот потпис дека сме за фер и демократски избори.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG