„Нипон љубов моја“ е насловена изложбата на фотографии на Андријана Цветковиќ, режисер, научник, автор на колаборативна хаику-поезија и визитинг професор на Кјото универзитетот, Инамори центарот за Азиски истражувања и на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА, што ќе биде отворена утревечер, во 20 часот, во Музеј на град Скопје. Станува збор за постановка со која македонската уметница која седум години живее и твори во Јапонија се обидува да сподели со публиката дел од магијата на тој свет и да ни отвори уште бројни прашања за нејзините фасцинации.
Со идеја дека она што се сака треба да се нарече со вистинското име и со цел да потсети на еден филмски класик, Андријана Цветковиќ својата актуелна постановка во Музеј на град Скопје поетично ја насловила „Нипон љубов моја“. Изложбата се состои од фотографии на Токио, видео инсталација од фотографии на Кјото и од нејзина хаику поезија. Всушност, станува збор за авторски спој на двата света кои во Земјата на изгрејсонцето функционираат паралелно, оној модерниот на метрополата и традиционалниот, но тие не се претставени поделени туку се преливаат еден во друг правејќи ја Јапонија една од најфасцинантните земји на светот.
„Во Јапонија има толку многу интересни работи кои што можат да се снимаат, да се фатат со објективот, што мене ми стана опсесија секојдневниот живот да го регистрирам преку фотографија. Овој избор што го направив е само дел, парче, од оној цел мозаик на земјата и сакам преку овие фотографии на македонската публика да и го доближам светот во кој што јас веќе седум години живеам и се обидувам да го декодирам. Оваа изложба нуди клуч кој може да ја подотвори вратата кон подлабоко разбирање на јапонската култура и нејзината комплексност.“
Цветковиќ, која патем во 2007 за фотографијата „За 1 долар“ доби награда на Интернационалниот фестивал за фотографија што се одржа во Венеција, дополнува дека во годините наназад научила дека во Јапонија ништо не е како што на прв поглед изгледа и дека сè си има своја приказна и свое „зошто“. Лавиринтот од загатки на културната мапа на земјата бил нејзиниот предизвик и причина да остане подолго, да го научи јазикот и секако да го преведе во слики и стихови, она што секојдневно го откривала и доживувала.
„Јас се занимавам со хаику-поезија многу одамна, но вака малку попрофесионално од 2006 година каде што под раководство на мојот „сенсеи“, госпоѓата Тојоко Аисава, позната поетеса и неисцрплив извор на знаење, трпение и љубов, пишувам колаборативна хаику поезија која што се нарекува „ренга“ и имам издадено неколку збирки.“
Андријана Цветковиќ е режисер и научник. Во 2009 година докторирала во областа на филмската уметност на Универзитетот Нихон во Токио. Освен како професор, таа работела и како главен сценарист во креирање на вештачка интелигенција (A.I.) за интелигентни роботи, а била и асистент на познати јапонски режисери, но и потписник на говорите ТЕД.
Како јавна личност, Цветковиќ и е одлично позната на јапонската публика од многуте интервјуа, но и преку учеството во култното телевизиско шоу COOL JAPAN.
Нејзиниот авторски проект „Времето на бранот“ во 2009 ја доби наградата за најдобар филм од Асоцијацијата на филмски продуценти на Јапонија и втората награда на Интернационалниот филмски фестивал во Форт Лаудердејл, а следниот „Пурпур и злато“, не само што е првиот самурајски филм напишан од Македонка и снимен во култното студио Шочику во Кјото, туку и се закити со признанието – најдобар во категоријата краткометражен игран филм на интернационалниот фестивал ИАФОР Филм - Азиа оупен филм компетишн 2012 година што се одржа во Осака.
„Мојот псевдоним на конкурсот за овој филм беше „Еразмо“ и кога се разоткри кој е авторот тие беа многу изненадени дека Македонка го напишала сценариото бидејќи дотогаш секогаш биле избирани трудови на Јапонци. И тогаш испратија многу телевизиски екипи да ме снимаат, бев еден вид на атракција во Јапонија. Едноставно беа воодушевени од она од што јас бев инспирирана за делото – македонскиот фолклор или приказната за жалната врба, за жената која го чека својот љубен, како емоција го пренесов во сценариото затоа што и самите имаат слична легенда. Од таму, слободно можеме да констатираме дека, иако далечни, сепак сензибилитетот помеѓу двата народи – јапонскиот и македонскиот е сличен.“
Инаку, во тек се преговорите на Цветковиќ со Кинотека на Македонија за претставување на нејзиното филмско творештво во мај годинава, а едновремено таа планира своите предавања за јапонската кинематографија да ги стави во една книга која ќе им биде наменета на студентите и на љубителите на седмата уметност во земјава. Покрај тоа, сценаристката и режисерка работи и на своето сценарио за долгометражен филм.
„Подготвувам сценарио за долгометражен филм кој што би требало да се сними следната година. Не би ја откривала детали, но сакам само да кажам дека би се снимал во Македонија и се работи за една чувствителна, но универзална тема која зборува за загубата и како ние луѓето реагираме во моментите кога светот во кој што живееме ќе ни се разниша“, вели Цветковиќ.
Во Јапонија има толку многу интересни работи кои што можат да се снимаат, да се фатат со објективот, што мене ми стана опсесија секојдневниот живот да го регистрирам преку фотографија. Овој избор што го направив е само дел, парче, од оној цел мозаик на земјата и сакам преку овие фотографии на македонската публика да и го доближам светот во кој што јас веќе седум години живеам и се обидувам да го декодирам.Андријана Цветковиќ, уметница.
„Во Јапонија има толку многу интересни работи кои што можат да се снимаат, да се фатат со објективот, што мене ми стана опсесија секојдневниот живот да го регистрирам преку фотографија. Овој избор што го направив е само дел, парче, од оној цел мозаик на земјата и сакам преку овие фотографии на македонската публика да и го доближам светот во кој што јас веќе седум години живеам и се обидувам да го декодирам. Оваа изложба нуди клуч кој може да ја подотвори вратата кон подлабоко разбирање на јапонската култура и нејзината комплексност.“
Цветковиќ, која патем во 2007 за фотографијата „За 1 долар“ доби награда на Интернационалниот фестивал за фотографија што се одржа во Венеција, дополнува дека во годините наназад научила дека во Јапонија ништо не е како што на прв поглед изгледа и дека сè си има своја приказна и свое „зошто“. Лавиринтот од загатки на културната мапа на земјата бил нејзиниот предизвик и причина да остане подолго, да го научи јазикот и секако да го преведе во слики и стихови, она што секојдневно го откривала и доживувала.
Мојот псевдоним на конкурсот за овој филм беше „Еразмо“ и кога се разоткри кој е авторот тие беа многу изненадени дека Македонка го напишала сценариото бидејќи дотогаш секогаш биле избирани трудови на Јапонци.Андријана Цветковиќ, уметница.