Достапни линкови

Визуелна ламентација врз уништените вредности


Фото изложба „Елегија за старата железничка“ на Наташа Гелева.
Фото изложба „Елегија за старата железничка“ на Наташа Гелева.

Фотоизложбата „Елегија за старата железничка“ на Наташа Гелева и видео-колажот „Сонот на човекот без уста“ на Игор Калц и Јане Алтипармаков, од 18 до 30 септември, ќе бидат претставени во Музеј на град Скопје. Организатор е Атанас Ботев, а станува збор за ангажирани концепти кои носат бран свежина на нашата уметничка сцена.

Изложбата на фотографии „Елегија за старата железничка“ на Наташа Гелева , по претставувањата на летните фестивали „Бош“ во Гевгелија и „Слободна зона“ во Виница, конечно „пристигна“ дома. Во Музеј на град Скопје. Во објектот што е директниот повод за нејзиното обистинување.

Јас ги направив тие фотографии како реакција на она што се случува со Старата железничка станица во чиј склоп е Музејот на град Скопје. Таму планираат да изградат еден трговски центар и просторот околу него е потполно разрушен. Изгледа како земјотресот да бил вчера, а не во 1963 година. Овој историски споменик е од прва категорија, а не го добива соодветниот третман. Тој споменик треба да се заштити , а не така да се вандализира.
Наташа Гелева, фотографка.
За оваа постановка, Менче Здравкова ќе запише:
Фотографката Наташа Гелева.
Фотографката Наташа Гелева.

„Елегијата на Гелева е визуелна ламентација врз уништените вредности кои требаше да бидат вечни. Заробени во фотографската рамка моментите стануваат сведоштво на непостојаноста како клучен принцип на постоењето. Субјектот во фотографиите се вклопува во пејзажот, моделот стои исправен пред руините на времето, служи како поткрепа и му дава живост и еластичност на мртвиот пејзаж. Човечкиот фактор е столбот кој и дава хармоничност и потпора на деструираната убавина на рушевините.“

А, уметницата, наспроти лиричноста на своите 21 изложени фотографии каде перформер е Јована Гајтановска, многу подиректно ќе ја упати својата ангажирана порака:
Во ова видео се планира во надреалистички манир да се прикаже слободата на човечкиот ум во моментот додека се сонува, значи ослободена од сите стеги на рационалното и свесноста.
Игор Калц, видео-артист.

„Јас ги направив тие фотографии како реакција на она што се случува со Старата железничка станица во чиј склоп е Музејот на град Скопје. Таму планираат да изградат еден трговски центар и просторот околу него е потполно разрушен. Изгледа како земјотресот да бил вчера, а не во 1963 година. Овој историски споменик е од прва категорија, а не го добива соодветниот третман. Тој споменик треба да се заштити , а не така да се вандализира.“

Родена 1978 година во Прилеп, Гелева дипломирала германски јазик и литература на Факултетот за филологија „Блаже Коневски“, а со фотографија се бави во последнава декада. Зад себе има учества на неколку групни постановки во Македонија, Србија и во Полска, учествуваше и во реализацијата на видеоперформансот „The Walk“ што ја доби главната награда на Биеналето на млади автори во Музеј на современа уметност во Скопје, соработувала во креирањето на музичките видеа на Сашко Костов и групата „Ха Ха Ха“, учествуваше во реализацијата на „Марионети“ на Ели Чочова, со Јане Алтипармаков го потпишаа документарниот-видео арт „И фабриките имаат душа“, а „Елегија за старата железничка“ и е трета самостојна изложба.

„Сонот за човекот без уста“, пак, на Игор Калц и Јане Алтипармаков е видео-колаж кој во надреалистички манир се обидува да ја претстави човековата потсвест во момент на сонување.

„Во ова видео се планира во надреалистички манир да се прикаже слободата на човечкиот ум во моментот додека се сонува, значи ослободена од сите стеги на рационалното и свесноста“, вели авторот на концептот Калц.

Овој историчар на уметноста и уметник во режисерот Јане Алтипармаков нашол идеален соработник кој со своето искуство и знаење од областа на филмот ќе му даде посебен белег на проектот.

„Правејќи повеќе миксови од визуелни колажи успеавме да наметнеме еден концепт на експериментално видео кое што функционира и како посебен видео арт и како дел еве од мултимедијална постановка и плус како една посвета на Кенет Ангер, режисер кој е многу малку познат кај нас а сепак си има голема улога во развојот на светската кинематографија.“

Инаку, огромен придонес во реализацијата на „Сонот за човекот без уста“ дадоа и Горан Атанасовски – Роботек, Теа Шалдева и Аристид Филкатов. Видеоартот е инспириран од истоимената слика на авторот.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG