Достапни линкови

Ликовната колонија Галичник - уметност на новите медиуми


Повеќе од 40-на дела на 23 уметници од европските земји и од Македонија ќе бидат изложени на традиционалната изложба на сесиите на Ликовната колонија Галичник 2009 – 2011. Постановката е показ за новиот медиумски правец на движење на Манифестацијата – уметноста на новите медиуми.

Галичник нуди мошне јаки визуелни сензации како инспирација и во новите медиуми, особено во фотографијата и видео уметноста, затоа што има дразби што ги задоволуваат сите чувства и кај еден автор предизвикуваат интерес за развивање на некаков концепт, на идеја која би била и современа и би го содржела магичното на самото место – вели Ана Франговска, уметнички раководител на Ликовната колонија „Галичник“, во пресрет на отворањето на традиционалната изложба со делата од сесиите во перидот 2009 – 2011 кои наедно се показ за новиот медиумски правец на движењето на оваа наша силна интернационална ликовна манифестација.
Оттука рековме зошто да не пробаме, да бидеме аптудејт во однос на уметноста, да го задржиме квалитетот којшто од секогаш не следел како име и да видиме што од сето тоа ќе произлезе, баш заради тој линк и таа синергија од старото и новото.
Ана Франговска, уметнички раководител на Ликовната колонија „Галичник“.

„Оттука рековме зошто да не пробаме, да бидеме аптудејт во однос на уметноста, да го задржиме квалитетот којшто од секогаш не следел како име и да видиме што од сето тоа ќе произлезе, баш заради тој линк и таа синергија од старото и новото. Самиот медиум како таков па од друга страна бара други технички можности и потенцијали, меѓутоа уметниците секогаш имаат разбирање особено кога ќе им ја предочиш нашата финансиска состојба поготово во културата, така да тие ни ги испраќаат фајловите готови и спреми за да се печатат или да се презентираат како видео артови пред публиката.“

За наредната сесија секако имаме одново значајни имиња од Европа и од Америка. Има многу јака дигитална сцена и на Блискиот исток, Јапонија, Кина.
Ана Франговска, уметнички раководител на Ликовната колонија „Галичник“.
На постановката што ликовната публика во наредниве две недели ќе има можност да ја проследи во Мултимедијалниот центар Мала станица ќе бидат претставени над 40-тина дела од 23 уметници од европските земји и од Македонија како Јапонецот Рико Ојаги, Рајан М. Нобл од САД, Ејлиш Кали од Велика Британија, Унгарката Сузана Ардо, Мирјам Тајс од Германија, Леа Петру од соседна Грција, Борис Шемов, Игор Сековски, Марија Ветероска и други.

Франговска дополнува дека, тие како организатори, ќе продолжат да ги следат случувањата на светската уметничка сцена особено сега кога се мапирани како едни од ретките во регионов кои станале препознатливи по својата интенција да се бават со новите медиуми. Од таму, таа за следната Ликовна колонија, што ќе се случува во втората половина на август годинава, најавува присуство на уметници од земјите во кои техничко-технолошкиот развој е на највисоко ниво.

„За наредната сесија секако имаме одново значајни имиња од Европа и од Америка. Има многу јака дигитална сцена и на Блискиот исток, Јапонија, Кина.“

Оваа изложба, согласно востановената традиција за нејзиното претставување, во текот на 2012 ќе биде поставена и во уметничките галерии во Штип, Куманово и во Битола.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG