Двајцата лекари кои за градоначалничката фотелја во Куманово ја забрзаа изборната кампања во вториот круг досега го почитуваат потписот на Кодекс за ненавредување.
Двајцата лекари кои за градоначалничката фотелја во Куманово ја забрзаа изборната кампања во вториот круг досега го почитуваат потписот на Кодекс за ненавредување. Зоран Дамјановски од СДСМ го изодува патот кон третиот мандат со надеж дека граѓаните ќе му дадат доверба на 7 април, со што смета дека започнатото ќе го заврши, а ќе може да реализира и нови проекти. Зоран Ѓорѓиевски еден од кумановските хирурзи, пак, смета дека треба да добие шанса и тој од градоначалничката позиција да направи нешто што можело, а досега не било направено.
Партиски неопределените кумановци и кога не се многу задоволни од Дамјановски некако тешко наоѓаат зборови за да го посочат тоа. Некои, пак, велат дека колку и да бил добар, следниот мандат треба да му припадне на другиот. Сепак, заедничко за големиот дел од запрашаните е што со нетрпение очекуваат да заврши изборниот процес, а за тоа кој на 7 април ќе стане градоначалник, велат:
„Сакаме градоначалникот да биде добар за сите. Да гради, за сите националности, да не дели. Очекуваме, кој и да дојде, да нема корупција, одиш во Општина и те тераат ваму-таму. А кога дојдат избори те молат да гласаш. Промените се за горе, за доле не. За народот никој не мисли. Гласаме, па ќе видиме кој е подобар за него ќе гласаме.“
„Немаше проблеми. Треба да се смени па да се види. Од ветувањата до сега, очекуваме да биде подобар.“
„Мислам дека на новиот треба да му се даде шанса. Стариот доволно беше. За осум години мандат не е направено нешто многу. Еден кеј, спортската сала стара, иста, базенот осум години го прави.“
„Градоначалник кој ќе работи за граѓаните, за уредување на градот. Задоволен сум од стариот, има доста направено до сега“, велат анкетираните кумановци.
РСЕ: Доколку освои уште еден мандат?
„Ќе продолжи ми се чини и со поголем интензитет да работи и да гради.“
РСЕ: Во спротивно?
„Ако добие другиот од ВМРО како прв мандат да се докаже со дела можеби ќе биде и подобро.“
РСЕ: Што очекувате?
„Дека стариот ако го добие третиот мандат подобро ќе работи и ќе ги исправи грешките.“
РСЕ: А новиот?
„Веројатно ќе направи нешто повеќе за да се докаже. Не сум ни за едниот ни за другиот.“
Кој ќе победи во вториот круг од изборната трка ќе биде извесно на денот на гласањето, а дотогаш веројатно и неопределените кумановци ќе можат да се одлучат.
Сакаме градоначалникот да биде добар за сите. Да гради, за сите националности, да не дели. Очекуваме, кој и да дојде, да нема корупција, одиш во Општина и те тераат ваму-таму. А кога дојдат избори те молат да гласаш. Промените се за горе, за доле не. За народот никој не мисли. Гласаме, па ќе видиме кој е подобар за него ќе гласаме.Анкетиран граѓанин.
Партиски неопределените кумановци и кога не се многу задоволни од Дамјановски некако тешко наоѓаат зборови за да го посочат тоа. Некои, пак, велат дека колку и да бил добар, следниот мандат треба да му припадне на другиот. Сепак, заедничко за големиот дел од запрашаните е што со нетрпение очекуваат да заврши изборниот процес, а за тоа кој на 7 април ќе стане градоначалник, велат:
„Сакаме градоначалникот да биде добар за сите. Да гради, за сите националности, да не дели. Очекуваме, кој и да дојде, да нема корупција, одиш во Општина и те тераат ваму-таму. А кога дојдат избори те молат да гласаш. Промените се за горе, за доле не. За народот никој не мисли. Гласаме, па ќе видиме кој е подобар за него ќе гласаме.“
Веројатно ќе направи нешто повеќе за да се докаже. Не сум ни за едниот ни за другиот.Анкетиран граѓанин.