Јужнокорејската претседателка Парк Геун Хи денеска изјави дека ќе има жесток и брз воен одговор на секаква провокација од Северна Кореја. Во истовреме, Соединетите Држави испратија дополнителен број стелт авиони од типот Ф-22 за да учествуваат на воените вежби во Јужна Кореја.
Тензиите на Корејскиот Полуостров пораснаа откако во текот на викендот Северна Кореја соопшти дека се наоѓа во воена состојба со нејзиниот јужен ривал.
„Доколку дојде до каква и да е провокација против Јужна Кореја и нејзиниот народ треба веднаш и жестоко да одговориме, без политичко преговарање“, изјави шефицата на јужнокорејската држава Парк Геун Хи на денешниот состанок со министерот за одбрана и други високи воени советници.
Во меѓувреме, Соединетите Држави на Корејскиот Полуостров испратија нови стелт воени авиони. Станува збор за авиони од типот Ф-22 кои се невидливи за радарите и кои ќе учествуваат во американско-јужнокорејските воени вежби.
Претходното учеството на два американски стелт бомбардера од типот Б2 на овие вежби Пјонгјанг го оцени како провокативен потег.
Вчера севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави нова стратегиска линија за неговата земја. Тој присуствуваше на пленарниот состанок на Централниот комитет на владејачката Работничка партија. Ваков состанок не бил одржан уште од 1993 година.
Ким изјави дека севернокорејското оружје не е влог за преговарање и додаде дека земјата ќе го зголемува нејзиниот нуклеарен арсенал. Во февруари Северна Кореја изведе трета нуклеарна проба, што доведе до натамошни санкции од Обединетите нации.
На 30 март, Пјонгјанг прогласи воена состојба со Јужна Кореја и соопшти дека севернокорејските воени сили ги имаат за цел базите во Јужна Кореја и во регионот.
Јужнокорејците кои ја минуваат границата меѓу двете земји за работа во заедничката индустриска зона Каесонг која се наоѓа во Северна Кореја велат дека се загрижени од развојот на ситуацијата.
„Малку сум загрижен. Како не би бил. Но, што можам да правам. Морам да работам. Не знам што тие мислат за ситуацијата и дали ќе ја затворат зоната“, вели 52-годишниот Ким Дук Су.
Многумина во Јужна Кореја сметаат дека Северна Кореја ќе ја задржи отворена зоната и оти нема да ризикува да го загуби овој профитабилен извор на девизи.
Затворањето пак, може да доведе и до блокирање на неколку стотици јужнокорејски работници и менаџери на повеќе од сто фирми кои таму имаат фабрики.
Портпаролот на националниот совет за безбедност на Белата куќа Кејтлин Хајден оцени дека најавата за воена состојба е позната реторика што ја користи Северна Кореја.
Русија пак, која не е толку критична спрема потезите на Пјонгјанг ги повика Соединетите Држави и Јужна Кореја да се воздржат од воени активности.
Франција изрази длабока загриженост за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, додека заменик генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави дека Алијансата се надева оти станува збор за размена на ставови, а не и за вовед во вооружен судир.
Корејската војна која е водена од 1950 до 1953 година заврши со примирје, а не со мировна спогодба, што значи дека Полуостровот технички и натаму е во воена состојба. Северна Кореја во почетокот на март соопшти дека ќе го поништи договорот за примирје.
Доколку дојде до каква и да е провокација против Јужна Кореја и нејзиниот народ треба веднаш и жестоко да одговориме, без политичко преговарање.Парк Геун Хи, претседателка на Јужна Кореја.
„Доколку дојде до каква и да е провокација против Јужна Кореја и нејзиниот народ треба веднаш и жестоко да одговориме, без политичко преговарање“, изјави шефицата на јужнокорејската држава Парк Геун Хи на денешниот состанок со министерот за одбрана и други високи воени советници.
Во меѓувреме, Соединетите Држави на Корејскиот Полуостров испратија нови стелт воени авиони. Станува збор за авиони од типот Ф-22 кои се невидливи за радарите и кои ќе учествуваат во американско-јужнокорејските воени вежби.
Малку сум загрижен. Како не би бил. Но, што можам да правам. Морам да работам. Не знам што тие мислат за ситуацијата и дали ќе ја затворат зоната.Ким Дук Су, јужнокорејски работник во заедничката индустриска зона Каесонг која се наоѓа во Северна Кореја.