Во соопштението, прочитано на севернокорејската државна телевизија се прецизира дека била тестирана полесна минијатурна експлозивна направа, но со поголема моќ од оние користени во претходните две нуклеарни проби.
„Науката успеа за нашата национална одбрана да изведе трет подземен нуклеарен тест во северниот дел на земјата кој не предизвика негативен ефект врз животната околина.“
Нуклеарната проба, според јужнокорејското министерство за одбрана, била со огромна разурнувачка сила, односно од седум до десет килотони ТНТ.
„Ние сме на висок степен на готовност поради нуклеарната проба и ги имаме мобилизирано разузнавачките напори со Соединетите држави“, изјави портпаролот на јужнокорејското министерство за одбрана Ким Мин Сеок.
Претходно, сеизмолошките станици регистрирале земјотрес со сила од околу 5 степени според Рихтеровата скала на истото местото каде што Северна Кореја ги изврши претходните две проби во 2006 и во 2009 година.
„Тоа е јасна закана за меѓународниот мир и предизвик за напорите за неширење на нуклеарното оружје во светот„ изјави Тибор Тот од Организацијата на Обединетите нации која го следи спроведувањето на договорот за забрана на нуклеарните проби.
Мора да се каже дека овој договор се уште не е во сила, бидејќи го немаат ратификувано сите земји кои имаат атомско оружје.
Сепак оваа организација веќе има разместено над 270 станици во светот кои можат да регистрираат нуклеарни тестови.
Пробата веднаш беше осудена од Русија, Јапонија, Британија како кршење на санкциите на Обединетите нации.
Јужнокорејската агенција Јонхап пак јави дека Пјонгјанг вчера ги информирал Пекинг и Вашингтон за плановите да изврши нуклеарна проба.
Според експертите, овој акт на Северна Кореа би можело да ја зголеми разочараноста на Пекинг од властите во Пјонгјанг.
Кина по декемвриското лансирање ракета од страна на Северна Кореа се согласи на зацврстување на санкциите против таа земја што беше изненадувачки потег и за Западот, но и за Пјонгјанг.
Според посматрачите, таквиот потег не значи дека Кина се откажува од поддршката на Северна Кореа, имајќи ја предвид големата кинеска помош за таа земја која е погодена од меѓународни санкции.
Кинеското раководство ја поздрави смената на врвот во Северна Кореа во декември 2011, кога по смртта на Ким Џонг Ил на власт дојде неговиот син Ким Џонг Ун.
„Кина се обиде да биде блиска со него, но по се изгледа тоа не и успеа, што беше вистинско разочарување“ вели Џин Канронг, експерт за меѓународни односи од Пекинг.
Тој смета дека Ким, со лансирањето ракети и со плановите за нуклеарни проби, ги игнорира кинеските повици за стабилно соседство. Тоа, од друга страна, го покрена прашањето колку Кина има влијание врз Северна Кореа.
И покрај кинеското инсистирање, Пјонгјанг одбива да се врати на шестпартитните преговори за разоружување.
Во кинеските весници веќе почнаа да се јавуваат коментари дека интересите на Кина не смеат да бидат во заложништво на нејзините желби за стабилна Северна Кореа.
Науката успеа за нашата национална одбрана да изведе трет подземен нуклеарен тест во северниот дел на земјата кој не предизвика негативен ефект врз животната околина.Презентер на севернокорејската државна телевизија.
„Науката успеа за нашата национална одбрана да изведе трет подземен нуклеарен тест во северниот дел на земјата кој не предизвика негативен ефект врз животната околина.“
Нуклеарната проба, според јужнокорејското министерство за одбрана, била со огромна разурнувачка сила, односно од седум до десет килотони ТНТ.
„Ние сме на висок степен на готовност поради нуклеарната проба и ги имаме мобилизирано разузнавачките напори со Соединетите држави“, изјави портпаролот на јужнокорејското министерство за одбрана Ким Мин Сеок.
Претходно, сеизмолошките станици регистрирале земјотрес со сила од околу 5 степени според Рихтеровата скала на истото местото каде што Северна Кореја ги изврши претходните две проби во 2006 и во 2009 година.
„Тоа е јасна закана за меѓународниот мир и предизвик за напорите за неширење на нуклеарното оружје во светот„ изјави Тибор Тот од Организацијата на Обединетите нации која го следи спроведувањето на договорот за забрана на нуклеарните проби.
Мора да се каже дека овој договор се уште не е во сила, бидејќи го немаат ратификувано сите земји кои имаат атомско оружје.
Сепак оваа организација веќе има разместено над 270 станици во светот кои можат да регистрираат нуклеарни тестови.
Пробата веднаш беше осудена од Русија, Јапонија, Британија како кршење на санкциите на Обединетите нации.
Јужнокорејската агенција Јонхап пак јави дека Пјонгјанг вчера ги информирал Пекинг и Вашингтон за плановите да изврши нуклеарна проба.
Според експертите, овој акт на Северна Кореа би можело да ја зголеми разочараноста на Пекинг од властите во Пјонгјанг.
Тоа е јасна закана за меѓународниот мир и предизвик за напорите за неширење на нуклеарното оружје во светот.Тибор Тот од Организацијата за следење на Договорот за забрана на нуклеарните проби