„Поглед од прозорец“ е насловена изложбата на фотографии на Роберт Јанкулоски, што во организација на Македонскиот центар за фотографија и Националната галерија на Македонија, од 21 до 30 март ќе се одржи во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Ќе бидат претставени 20 големоформатни фотографии снимени за време на студискиот престој на авторот во Париз минатата година, а проектот се обистинува во рамките на деновите на Франкофонија во нашата земја.
Проектот „Поглед од прозорец“ на Роберт Јанкулоски е инспириран од истоимената фотографија на еден од пронаоѓачите на фотографскиот медиум, Французинот - Жозеф Нисефор Ниепс. Станува збор за првата регистрирана снимка направена како поглед од еден прозорец, со глетка на приградска панорама. Оваа исклучително важна фотографија – хилеографија од 1826 година, како што ќе запише во каталогот за изложбата Валентино Димитровски, авторот „ја зема за појдовна точка при неговиот студиски престој во метрополата, поставувајќи свој пунктуален агол и поглед на една банална глетка во градот“.
„Идејата за да се направат овие фотографии беше тоа да се покаже дека содржината во фотографијата е само еден од елементите што ја сочинуваат, а останатите елементи како што се композицијата, изборот на кадарот, изборот на објективот, тоновите, времето, сето тоа се елементи кои што истиот мотив го прават секогаш да биде поинаков.“
Јанкулоски дополнува дека 20-те фотографии претставени на изложбата се направени од прозорецот на студиото во Париз и дека всушност, со нив, тој како автор направил своевиден омаж на фотографијата на легендарниот Ниепс.
„Јас на овој начин направив своевиден омаж на неговата фотографија. Иако е еден единствен поглед, сите фотографии кога ќе се гледаат се доста различни ако ги анализираме со оној фотографски јазик, а не само да ја анализираме и гледаме содржината на истите.“
Роден 1969 година во Прилеп, Роберт Јанкулоски дипломирал на отсекот за филмска и телевизиска камера на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а магистрирал на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА. Тој е основач на Македонски центар за фотографија, досега има одржано 26 самостојни изложби и учествувал на голем број групни постановки, а добитник е на неколку значајни награди од областа на фотографијата и филмската камера.
Во очекување на покани за нови претставувања на „Поглед од прозорец“, повеќе од извесно е дека уметникот своите авторски фотографии ќе ги претстави на изложбите во Љубљана, Белград и Нови Сад за кои се во тек завршните договори.
„За Љубљана подготвувам изложба чија тема ќе биде пејзажот. Можеме да ја насловиме и како „Концептуален пејзаж од Македонија“ и верувам дека две или три од овие фотографии можат да бидат вклучени затоа што тоа треба да биде поголемо претставување, а ако некоја галерија ја побара оваа постановка онаква каква што е секако дека ќе оди само таа.“
Инаку, Македонскиот центар за фотографија неодамна потпиша договор со Холандската амбасада во Република Македонија за реализација на проектот „Фотографијата – жртва или сведок“ во рамките на кој ќе се одржат ексклузивната изложба на фотографија на Томислав Петернек со дела направени утрото по Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 (кога овој бил уредник на фотографија во неделникот „Нин“) и постановката на истата тема на холандскиот фотограф Франс Велтерс. Наедно тие подготвуваат и меѓународна конференција на која ќе се говори за заштитата на културното наследство, посебно на фотографијата, при природни катастрофи, а Моника Мотеска и Јанкулоски ќе работат истражување во кое ќе трагаат по спомените и фотографиите на преживеаните од земјотресот и од кое резултатите ќе бидат претставени со нивна изложба и видео инсталација кон крајот на годината.
Идејата за да се направат овие фотографии беше тоа да се покаже дека содржината во фотографијата е само еден од елементите што ја сочинуваат, а останатите елементи како што се композицијата, изборот на кадарот, изборот на објективот, тоновите, времето, сето тоа се елементи кои што истиот мотив го прават секогаш да биде поинаков.Роберт Јанкулоски, фотограф.
Јанкулоски дополнува дека 20-те фотографии претставени на изложбата се направени од прозорецот на студиото во Париз и дека всушност, со нив, тој како автор направил своевиден омаж на фотографијата на легендарниот Ниепс.
„Јас на овој начин направив своевиден омаж на неговата фотографија. Иако е еден единствен поглед, сите фотографии кога ќе се гледаат се доста различни ако ги анализираме со оној фотографски јазик, а не само да ја анализираме и гледаме содржината на истите.“
Јас на овој начин направив своевиден омаж на неговата фотографија. Иако е еден единствен поглед, сите фотографии кога ќе се гледаат се доста различни ако ги анализираме со оној фотографски јазик, а не само да ја анализираме и гледаме содржината на истите.Роберт Јанкулоски, фотограф.