Дебатата им овозможи на кандидатите првпат да се соочат во оваа кампања. На дебатата поради обврски не учествуваа кандидатите од ДУИ, ДПА и Српската напредна партија.
Со взаемна почит кон противкандидатите, на високо културно ниво, без навреди и омаловажувања, малку нервозни, а сепак воздржани, кандидатите за иден градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски од Сојузот за иднината, Зоран Ѓорѓиевски од Коалицијата за подобра Македонија, Виктор Цветковски од Здружението независни граѓани и Фатри Салиу од Национална демократска преродба учествуваа на двочасовната прва дебата која се одржа во Куманово.
Дебатата организирана од Младите федералисти на Македонија (ЈЕФ) и неколку невладини организации, а поддржана од странски претставници во земјава им овозможи на кандидатите првпат да се соочат во оваа кампања. Средбата беше проследена со голем интерес, особено од младите кумановци кои имаа можност на учесниците да им постават конкретни прашања.
По завршување на дебатата присутните граѓани оценија:
„Дебатата ја оценувам како одлична, исцрпувачка и на едно завидно ниво за нашите услови. Ова е прва од таков вид во Куманово. Кандидатите се почитуваа меѓусебе, немаше напади кон личноста.“
„За разлика од минатите кампањи, можам да дадам само висока оценка за нивото на комуникација помеѓу кандидатите за градоначалници кои учествуваат во изборите. Ги задоволува моите критериуми како посматрач.“
„Мислам дека се потребни вакви дебати и ја поздравувам. Како прва, можеби имаше некои пропусти.“
„Дебатата е за поздравување. Ова е нешто што му недостасуваше на Куманово. Оддамна Куманово немало ваква демократска, убава дебата во демократски амбиент. Нешто што за другите земји е сосема вообичаено за нас е исклучително, ова е нешто што треба да биде нормална работа, што треба да се одвива пред сите локални избори и да биде дел од најнормален предизборен период. И не само тоа, дебата треба да се води и во текот на четири години“, рекоа дел од присутните граѓани.
Дебатата ја поздрави и претставникот на ОБСЕ, а кандидатите за иден градоначалник го скршија мразот, така што по соочувањето си разменија по некој збор и на крајот се поздравија и без оглед на тоа што се политички противници. Неизвесно е дали така ќе се однесуваат до крајот на кампањата, особено што тензијата се зголемува. Или пак, ќе останат доследни на она што го потпишаа во Кодексот за почитување и ненапаѓање.
На дебатата поради обврски не учествуваа кандидатите од ДУИ, ДПА и Српската напредна партија.
Дебатата ја оценувам како одлична, исцрпувачка и на едно завидно ниво, за нашите услови. Ова е прва од таков вид во Куманово. Кандидатите се почитуваа меѓусебе, немаше напади кон личноста.Анкетиран граѓанин.
Дебатата организирана од Младите федералисти на Македонија (ЈЕФ) и неколку невладини организации, а поддржана од странски претставници во земјава им овозможи на кандидатите првпат да се соочат во оваа кампања. Средбата беше проследена со голем интерес, особено од младите кумановци кои имаа можност на учесниците да им постават конкретни прашања.
По завршување на дебатата присутните граѓани оценија:
Дебатата е за поздравување. Ова е нешто што му недостасуваше на Куманово. Оддамна Куманово немало ваква демократска, убава дебата во демократски амбиент. Нешто што за другите земји е сосема вообичаено за нас е исклучително, ова е нешто што треба да биде нормална работа, што треба да се одвива пред сите локални избори и да биде дел од најнормален предизборен период.Анкетиран граѓанин.