Етничка битка за Струга

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на предизборен митинг во Струга, Локални избори 2013.

Ако може другата страна да носи луѓе со авиони, можете вие да излезете од вашите домови и да гласате, рече премиерот Никола Груевски во Струга. За ДПА, Македонците сакаат национална, а не мултиетничка држава.
Заборавете ги партиите, заборавете ја политичката борба меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Струга има друга мака, која стружани ја почуствуваа во изминативе осум години, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски пред граѓаните на Струга. Груевски ги повика стружани сто проценти да излезат на локалните избори на 24 март, за како што рече, Струга да се врати на стружани, на Македонците, Албанците, Турците.
Тоа беше реакција на сето она што се случуваше во претходниот период кога имаше разно разни изјави дека ова ќе биде Голема Албанија и ќе биде друга територија. Најважно за Кичево е да има фер и демократски избори.
Благоја Деспотовски, градoначалник на Кичево и кандидат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат.

„Овие денови еден од кандидатите за градоначалници на Кичево опишува зошто сакале да го земат и Кичево и Струга. Треба да му покажеме и на него и на сите што како него размислуваат дека ова е Македонија. Ако може другата страна да носи луѓе со авиони, можете вие да излезете од вашите домови и да гласате. Овде се работи за еден историски моменти. Тоа можете да го направите не заради нас, туку заради вас и за заради Струга, заради вашите деца“, рече Груевски.

Али Ахмети, лидер на ДУИ на предизборен митинг во Гостивар.


Актуелниот градoначалник на Кичево и кандидат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат Благоја Деспотовски рече дека на коалицијата со СДСМ не треба да се гледа како на чисто етничка бидејки зад оваа коалиција застанале и Ромите, Власите, Турците кои живееле во Кичево.

„Тоа беше реакција на сето она што се случуваше во претходниот период кога имаше разно разни изјави дека ова ќе биде Голема Албанија и ќе биде друга територија. Најважно за Кичево е да има фер и демократски избори.“

РСЕ: Според вашите очекувања вие би требало да станете градоначалник на Кичево?

„Па јас се надевам дека ќе останам, не поради мене туку поради она што го работиме и треба да го сработиме за сите граѓани“, рече Деспотовски.

Арбен Лабеништа, кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга и досегашен пратеник, рече дека Албанците ќе победат секаде онаму каде што тие биле мнозинство.

„Јас мислам дека не се реални шансите на Македонците заедно и со еден кандидат за победа. Ако ги погледнете гласовите на Македонците во Струга заеднички во 2009 и 2011 година се на тоа ниво што не може да победат“, рече Лабуништа.

И кандидатот на ДПА за градоначалник на Струга, Зијадин Села рече уште еднаш дека коалициите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значело нарушување на демократијата. Според него и по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Македонците настојувале по секоја цена од Македонија да прават национална држава, а не мултиетничка земја.