Предизборната кампања во фокусот на дневниот печат

Анкети, рејтинзи, пораки, навреди, коалиции... Кампањата за локалните избори е главна тема во сите дневни весници.
Во екот на предизборната кампања се појави анкетата на МЦМС и на Институтот за демократија според која „ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја има најголемата поддршка од граѓаните“. Вака насловена ја објави веста Дневник, а подолу во текстот извести дека граѓаните најмногу му верувале на Груевски, а потоа, за четири пати помалку - на Црвенковски. Вечер веднаш пресметал дека Груевски ќе го победи - како што лидерот на владејачката партија и провладино настроените медиуми го ословуваат, „Бранко со 100 илјади гласови разлика и 30 градоначалници“.
Изборна злоупотреба на зоон политикон, односно политичките животни - Гркот Бранко, Ацо заспаниот и неговата двоцевка, малото маже - млитаво шилеже Андреј, се засега најфлагрантните примери за вербалниот терор од кампањата за локалните.
Капитал.

Дневниот Капитал во наслов пишува: „Кога примитивци во политичката култура се соочуваат на избори - опасно валкана кампања!“ и „Изборна злоупотреба на зоон политикон, односно политичките животни - Гркот Бранко, Ацо заспаниот и неговата двоцевка, малото маже - млитаво шилеже Андреј, се засега најфлагрантните примери за вербалниот терор од кампањата за локалните“, дава пример весникот.

Дневник оценува дека „СДСМ е блед, ВМРО-ДПМНЕ локален, кампањата здодевна“. Утрински, пак, сондирајќи ги партиите, констатира дека „Секој секого обвинува дека води некоректна кампања - додека за двете владејачки партии кампањата во принцип е демократска, СДСМ и партијата на Руфи Османи обвинуваат дека законите не се почитуваат и дека има притисоци“ - пишува Утрински.
Банките ја користат немаштијата на граѓаните и им наплаќаат во просек 10,5 отсто годишна камата за дозволен минус од една или две плати. Банкарите во Европа за истата услуга наплатуваат два и пол отсто помалку.
Нова Македонија.

Од друга страна, дневниот Фокус пренесува експертски мислења во врска со заедничкиот настап на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Струга и во Кичево: „Како е можен сојуз помеѓу фашисти и комуњари?“ Што се однесува до меѓуетничката интеграција, Дневник забележува дека во мешаните средини Македонците и Албанците не печатат програми на другиот јазик.

Нова Македонија се занимава со старата теза дека СДСМ се двоел: „СДСМ се дели или само се дистрибуира?“

Во меѓувреме, додека особено владејачката ВМРО-ДПМНЕ немилосрдно троши пари за рекламен материјал по весниците и телевизиите, „Македонците живеат во минус од 80 милиони евра“ - објавува Нова Македонија и објаснува дека банките ја користат немаштијата на граѓаните и им наплаќаат во просек 10,5 отсто годишна камата за дозволен минус од една или две плати. Банкарите во Европа за истата услуга наплатуваат два и пол отсто помалку, информира весникот.

Дневник информира дека секој петти граѓанин добива по 2.000 евра годишно од странство, од блиски роднини, иселеници.