Франческо Први е новиот Папа

Од Хорхе Марио Берголио - новиот Римокатолички Папа се очекува да се соочи со проблемите и да води „нежна" реформа на Црквата.
Аргентинскиот Кардинал Хорхе Марио Берголио е новиот Папа. Новиот 266 поглавар на Римокатоличката Црква реши да го носи името Франсис Први.
Конклавата вечерва го избра Франсис Први за нов поглавар на Римокатоличката Црква.

Илјадници верници и посетители претходно го здогледаа белиот чад од од оџакот на Сикстинската капела во Ватикан што беше знак дека 115-те кардинали го избрале новиот Папа.
Пред еден месец, Папата Бенедикт Шесаесети ги изненади 1,2 милијарди католички верници кога се повлече и со тоа стана прв папа по 600 години што се повлекол од позицијата.
Овој избор на новиот Папа се смета за значаен бидејки Римокатоличката црква се соочува со низа проблеми и ,како што се тврди, со поделеноста меѓу реформистичката и конзервативната струја.
За новиот Папа се смета дека е поглавар кој ќе направи „нежна“ реформска транзиција на Римокатоличката Црква.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Новиот Папа ги поздравува насобраните во Ватикан